LGBT-популацијата и современиот свет

  • Креатор на темата Out Boy
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Хаха, чекај, се уште си нов (релативно мислам) :D

Можеби Лет3 не осудува хомосексуалци како некои други членови кои спомнуваат бесилки и гасна комора, ама не е ни баш прифатлив. Сепак мислам дека треба он сам да каже :D.
Сеа читам дека нешо околу мене се тргачат гејох и хетеро.... ко за роландино бе кој фудбалски клуб ќе го купи попрво... чиј дрес ќе носам!?
Е вака, ја не сум ни за бесилки ни за комори за гејој но не сум ни за носење на посебни закони и права за една група на луѓе и потенцирање дека тие закони важат баш за таа група.
Хомосексуалноста во Македонија не е казнива. Не е кривично дело и слободно можат двајца млади да си се хомосексуализираат до бесвест (доколку со тоа не ги прекршуваат некои правила прописи и норми). Како шо не е пристојно ни културно да се клецкаат во јавност дечко и девојка така не е пристојно или морално дечко да му го цица на саканиот во јавност. Тоа е секс и тој си припаѓа во приватни и интимни простории и таму треба и да започне и да заврши. Дискриминација е забранета во Македонија по било кој основ. И нема што да се разглаба сега и да се набројува дека не смее некој да е дискриминиран ако е хендикепиран, ретардиран, припадник а јеховини сведоци или адвентист или католик или муслиман или ром, турчин, бошњак, горанец, сиромашен, хомосексуалец, бисексуалец, трансексуалец, дебел, ќелав, низок, зоофил, некрофил, со долга коса, панкер..... ќе треба три книги на дополненија на закони да се напишат да се спомене секоја состојба на некој човек или жена по која може да биди дискриминиран(а). Едноставно со реченица “никој не смее да биде дикриминиран по било кој основ“ се опфатени сите можни категории.
Да се легализира брак или посвојување на деца е уште многу многу многууу рано за Македонија па и пошироко. Во европа има над 50 држави, од кои скоро 30 се членки на ЕУ. Само 5 од нив легализираат хомосексуални бракови и тоа на пример Шпанија, во која е исто така легален и секс с 13 годишни, или Холандија каде се ттолерира употреба на марихуана хашиш, печурки.... Значи земји каде има за наш менталитет или култура или традиција или сфаќања чудни и туѓи општо прифатени закони. Од 50 држави во САД само 5 признаваат хомосексуални бракови, а во останатиот свет ситуацијата е иста, најголем број на земји не го признаваат хомосексуалниот брак, значи во нај нај големиот дел на светот тоа сепак не се прифаќа. Мора да се почитуваат сепак векови векови векови.... втемелени традиции и сфаќња. Сведоци сме дека освен 2-3 ца во Македонија и немаме поголема група на јавно произнесени гејој. Се сводат на неколкумина анонимни по форуми, значи тој не смее да призане или се срами да каже дека е геј пред своите најблиски, или комшии или другари , а бара анонимно на форум закон за геј брак и посвојување на деца небаре тоа е кочницата оти не излезе во јавност дека е геј.
И тие 2-3 легални гејој се расфрлаат со некои нивни математики и бројки од 100, 2000 иљади гејој низ МК кои само чекаат закон (кој не е ни услов за влез во ЕУ како што не лажат) па да отфрлат маските напуштат деца, жени, родители.... и си оточнат среќен геј бракови. Значи не се во состојба да се соберат и организираат самите да се соберат па еден протест од 20-30 иљади гејој пред собрание, или некоја големо организирано здружение, туку вака по форум анонимно бараат од хетеросексуалците да им ги решаваат некои ѓоа проблеми кои само самите можат да си ги решат. Камо од тие 100 или 200 иљади гејој некои политичари, министри, академици, доктори, директори, партиски лидери.... камо интелектуалци, писатели, музичари, естрадни звезди..... да дадат бе некоја сила или печат на друштвото гејско? Од што се плашат, во МК ниту тепаат ниту убивваат гејој, и тие неколку шо се смуцаат низ Македонија живеат поарно од многу здрави прави и нормални хетерсексуалци, ене го Коче, директорот на гејската компанија во МК, си има буџет, излегва по телевизии, маршира сам на некои протести против дискриминација, има пари, буџети, дава соопштенија, и рает си се движи слободно сам иако сите знат дека е геј. Професионално си живее од гејството и си бери стаж за гејска пензија. И хелена нели изјави дека е бисексуалец па нит ја уби некој нит ја каменувал, си прави шоуа, си се чепати по телевизоски емисии излегува по весници, и Боки 13, троши на депилација појќе пари од колку што државата му дава на некој стечаец или социјално семејство годишно, на него има гардероба која може да прехрани едно семејство 4 месеци, држи концерти, емисии, го сликаатго интервијуираат..... Значи во МК да си геј или со гејски имиџ не значи дека од тоа убаво ќе си живааш а не дека же те брка разулавена толпа низ улички за да те линчува
Коче мора од време на време да излези со барања за прекин на “геноцид и протерување“ на гејој низ МК оти за тоа зема пари од европа, то му е работа, така му е во опис на задачите, тој добива пари од европски фондови за тоа иако таа европа и не знае дека во МК има 2 сигурни и еден можен геј кој живеат над просеко на останати нормални луѓе.
Значи ако ве има со иљадници - повелете организирајте се напрајте си собрание, па претседател па благајник па потпарол па секретар па еден караван низ МК каде ќе настапуваат на митинзи познати македонски гејој фудбалери, пејачи режисери политичари доктори професори бизнисмени.... па митинг пред собрание па една гејска партија од 200.000 члена па мнозинство во парламент, гејска влада гејски претседател шо ќе донесе закон за гејско знаме устав и јазик.....
А вака 3 анонимни по форуми кои плачат и кукаат за прогонт на гејој низ МК и некои закони права... не бива.
 
L

Liberation

Гостин
Јас колку што сум добил впечаток, Лет3 ги поддржува и разбира геј-луѓето.

Само тоа го покажува на по малку чуден начин:smir:
Сеа читам дека нешо околу мене се тргачат гејох и хетеро.... ко за роландино бе кој фудбалски клуб ќе го купи попрво... чиј дрес ќе носам!?
Е вака...организирајте се напрајте си собрание, па претседател па благајник па потпарол па секретар па еден караван низ МК каде ќе настапуваат на митинзи познати македонски гејој фудбалери, пејачи режисери политичари доктори професори бизнисмени.... па митинг пред собрание па една гејска партија од 200.000 члена па мнозинство во парламент, гејска влада гејски претседател шо ќе донесе закон за гејско знаме устав и јазик.....
NeptuneGate, сепак бев во право, нели :smir:

Едноставно, чоек кој дава повеќе идеи од мене, тебе и другите овде, како геевите во МК да се организираат и да си ги барат правата... не може да биде против нив :)
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Јас не давам идеи, бидејќи нема кој да слуша (ако тоа погоре од Лет3 важи за некакви идеи, слободно реализирајте ги, и со среќа, бидејќи, како што реков, нема кој да слуша).

Тоа е менталитетот на хомосексуалците во Македонија. Или не слушаат, или чекаат се на готово. Одамна дигнав раце за било какви идеи и активизам. Уште две-три години, и се селам бате у Амстердам и не му ја мислам ама ич.

Заеби и права и се друго. Уште малку, повеќе права ќе имам како хомосескуалец него како Македонец, па подобро да идам да си сменам државјанство и јазик, пред да ми го сменат овие од југот.

Поздрав
 
L

Liberation

Гостин
Американскиот Сенат изгласа укинување на забраната јавно да се декларираат хомосексуалците во армијата.

За укинувањето на таканареченото правило „не прашувај не кажувај“ гласаа 65 сенатори.

Американскиот претседател ги поздрави резултатите од гласањето – се очекува тој да го потпише законот наредната недела.
Според Обама, законот ќе им овозможи на илјадници Американци кои си ја сакаат својата земја да не ја напуштаат армијата зашто се хомосексуалци.
Повеќе од 13 илјади војници досега беа отпуштени од армијата зашто јавно ја кажаа својата сексуална ориентација.

Член од
28 јули 2010
Мислења
232
Поени од реакции
41

Ајде честито и на САД,
фала либерацион за инфово, ова е топ-тема на сите весници
и на возрождението на темава,
Сикидики

--- надополнето ---

Јас не давам идеи, бидејќи нема кој да слуша (ако тоа погоре од Лет3 важи за некакви идеи, слободно реализирајте ги, и со среќа, бидејќи, како што реков, нема кој да слуша).

Тоа е менталитетот на хомосексуалците во Македонија. Или не слушаат, или чекаат се на готово. Одамна дигнав раце за било какви идеи и активизам. Уште две-три години, и се селам бате у Амстердам и не му ја мислам ама ич.

Заеби и права и се друго. Уште малку, повеќе права ќе имам како хомосескуалец него како Македонец, па подобро да идам да си сменам државјанство и јазик, пред да ми го сменат овие од југот.

Поздрав
Нептуне, ама не е добро да се дистанцираш. Проблемот на гејојте во МКД не е само проблем на гејојте, туку на целото население во Макеоднија. Ние не знаеме за подобро во смисла на подобрување на условите за живот, нашите политичари сите ги кудат, сите се сега незадоволни, но и други политичари да дојдат, тие ќе го прават истото, едноставно, немаме УЗОРАК како што се вели, немаме МУСТРА за нешто подобро да следиме. Ако ти мислиш дека ги разбираш ситуациите, тогаш треба да реагираш, не мора да се здружуваш, ниту јавно да се истакнуваш. Овој форум е веќе доволен!

Не е добро што се дистанцираш, велиш, јас ништо не правам, не можам да допринесам.
 
L

Liberation

Гостин
Во 15 часот по наше време (9 по источноамериканско), Обама одржа 30 минутен свечен говор, по што го потпиша указот за прогласување на законот со кој се укинува Don't ask, Don't tell. Претседателот своето обраќање го започна со сторија за тоа како еден геј-војник во ВСВ спасил друг војник, а синот на спасениот беше меѓу присутните. Потоа следеа уште неколку стории за пожртвуваноста на геј-војници и високи воени старешини во борбите во Ирак и Афганистан, како и потсетување за 13-те илјади отпуштени војници од американската армија заради прекршување на правилото воспоставено од администрацијата на Клинтон.

“Срамно е за Америка, во 21 век, да ги дискриминира оние кои ги ставаат во опасност своите животи заради безбедноста на граѓаните. Ние во САД не велиме ’Не прашувај, не кажувај’, туку ’Обединети во различноста’“ -рече Обама.

Во присуство на сите големи светски бродкастери, Обама го потпиша указот точно во 9:30 по американско време.
[IMAGE]http://bossip.files.wordpress.com/2009/05/obama-signs-bill.jpg?w=450&h=300[/IMAGE]
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Колку за муабет да се направи...Еден јак графикон...Кој разбре разбре необјаснувам више....

За да ја испитаме теоријава на домашен терен, направив една мини-анализа на геј-индексот на македонските градови наспроти просекот на платите. Геј-индексот го пресметав преку бројот на регистрирани јузери на геј-дејтинг сајтот gayromeo.com на секои 1,000 возрасни мажи за оние градови во Македонија во кои има поголема бројка регистрирани корисници (за жал само 7 такви). Значи, повисок геј-индекс означува поголем % зачленети мажи од дадениот град. Додека за просекот на платите апроксимативно е земен (expenditure-based) БДП по глава на жител за соодветниот град.
http://sataniel.blog.mk/2010/12/22/gejovite-i-ekonomskata-blagosostojba/#comment-12157
 
L

Liberation

Гостин
Колку за муабет да се направи...Еден јак графикон...Кој разбре разбре необјаснувам више....

За да ја испитаме теоријава на домашен терен, направив една мини-анализа на геј-индексот на македонските градови наспроти просекот на платите. Геј-индексот го пресметав преку бројот на регистрирани јузери на геј-дејтинг сајтот gayromeo.com на секои 1,000 возрасни мажи за оние градови во Македонија во кои има поголема бројка регистрирани корисници (за жал само 7 такви). Значи, повисок геј-индекс означува поголем % зачленети мажи од дадениот град. Додека за просекот на платите апроксимативно е земен (expenditure-based) БДП по глава на жител за соодветниот град.
Не дека Сатаниелчо нешто ми смета (сепак тој не живее во Македонија), ама мислам дека анализава во македонски услови е безвредна, исто како и онаа бламажа на “Хоризонт“.

Прво, геевите од Скопје се скоро 50% дојдени од другите градови во МК. Си направив листа на тие што ги познавам и излезе дека скоро половината не се родени во Скопје и немаат живеалиште тука, туку само престојувалиште (повеќето избегале од своите родни градови за да работат тука и да имаат понормален живот со партнерите).

Второ, еве каква е состојбата на ромео во моментот:
Скопје -907 корисници,
Битола -57 корисници,
Охрид -40,
Куманово 38,
Тетово -30,
Прилеп -22,
Струга 14 и
Останати градови -364.

Од 29 градови во МК, излегува дека во останативе 22 града, има во просек, регистрирано по 16 или 17 корисника, што е многу во однос на регистрираните од, да речеме, Охрид и Тетово.

Трето, многумина од корисниците на ромео имаат по два или повеќе профили, кои ги користат како начин за верификација на точноста за податоците изнесени од другите корисници.

Четврто, Скопје има 467.257 жители,
Битола 74.550,
Охрид 42.033,
Куманово 70.842,
Тетово 52.915,
Прилеп 66.246,
Струга 16.559.

Или во индекси:
Скопје 515,
Битола 1308,
Охрид 1050,
Куманово 1864,
Тетово 1764,
Прилеп 3011 и
Струга 1182

што според теоријата би значело дека педерите во Скопје се 6 пати економски помоќни од кумановците и во просек 3 пати помоќни од сите други во Македонија, што, ако ги земам предвид платите на моите геј-познајници, е една голема глупост.

Заклучок: се работи за тренд на преселување на геј-луѓето од внатрешноста во Скопје, заради:
1. полесно доаѓање во контакт со други гееви,
2. понормално живеење и одржување на врската со партнерот надвор од кругот на блиското семејство,
3. полесно наоѓање работа.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Јас колку што сум добил впечаток, Лет3 ги поддржува и разбира геј-луѓето.

Само тоа го покажува на по малку чуден начин:smir:
му најде хомо дијагноза...ххаааааааа беееее за то треба само ќотек немерен за педерите.Да си стоите подалеку од оваа социјала и општество!
 
L

Liberation

Гостин
Геевите се дел од ова општество и никаде настрана нема да стојат. А за ќотек, бујрум, кој има мадиња а нема памет, нека тепа.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не дека Сатаниелчо нешто ми смета (сепак тој не живее во Македонија), ама мислам дека анализава во македонски услови е безвредна, исто како и онаа бламажа на “Хоризонт“.

Прво, геевите од Скопје се скоро 50% дојдени од другите градови во МК. Си направив листа на тие што ги познавам и излезе дека скоро половината не се родени во Скопје и немаат живеалиште тука, туку само престојувалиште (повеќето избегале од своите родни градови за да работат тука и да имаат понормален живот со партнерите).

Второ, еве каква е состојбата на ромео во моментот:
Скопје -907 корисници,
Битола -57 корисници,
Охрид -40,
Куманово 38,
Тетово -30,
Прилеп -22,
Струга 14 и
Останати градови -364.

Од 29 градови во МК, излегува дека во останативе 22 града, има во просек, регистрирано по 16 или 17 корисника, што е многу во однос на регистрираните од, да речеме, Охрид и Тетово.

Трето, многумина од корисниците на ромео имаат по два или повеќе профили, кои ги користат како начин за верификација на точноста за податоците изнесени од другите корисници.

Четврто, Скопје има 467.257 жители,
Битола 74.550,
Охрид 42.033,
Куманово 70.842,
Тетово 52.915,
Прилеп 66.246,
Струга 16.559.

Или во индекси:
Скопје 515,
Битола 1308,
Охрид 1050,
Куманово 1864,
Тетово 1764,
Прилеп 3011 и
Струга 1182

што според теоријата би значело дека педерите во Скопје се 6 пати економски помоќни од кумановците и во просек 3 пати помоќни од сите други во Македонија, што, ако ги земам предвид платите на моите геј-познајници, е една голема глупост.

Заклучок: се работи за тренд на преселување на геј-луѓето од внатрешноста во Скопје, заради:
1. полесно доаѓање во контакт со други гееви,
2. понормално живеење и одржување на врската со партнерот надвор од кругот на блиското семејство,
3. полесно наоѓање работа.
Во право си за миграцијата но имаш една ГОЛЕМА ГРЕШКА СИ ЗЕМАЛ ТОТАЛНА ПОПУЛАЦИЈА А НЕ САМО МАШКА дели со 2 Се.:pos2:
 
L

Liberation

Гостин
По ѓаволите, баш пред некој ден една девојка од овде ме прашуваше зошто на сајтот нема опција да се регистрираат женски, и ете пак не ми текна дека ромео е само за машки :)

Сеедно, ако се земат и лезбејките во предвид, индексот ќе остане ист :) Нивниот сооднос и вака и така не се менува.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
му најде хомо дијагноза...ххаааааааа беееее за то треба само ќотек немерен за педерите.Да си стоите подалеку од оваа социјала и општество!
А ти си кој, извини?

Онака, гледам настапуваш како некоја високо признаена фигура во "социјалава", па да прашам.

По ѓаволите, баш пред некој ден една девојка од овде ме прашуваше зошто на сајтот нема опција да се регистрираат женски, и ете пак не ми текна дека ромео е само за машки :)

Сеедно, ако се земат и лезбејките во предвид, индексот ќе остане ист :) Нивниот сооднос и вака и така не се менува.
Им треба Juliet веб страна на нив. Не знам зошто и не постои.

Баш една другарка ме праша пред некој ден зошто не му текнало на некој да направи таква страна за жени.
 
L

Liberation

Гостин
Ајде да смирам тензија:

1. Иако пред два дена Обама го потпиша указот за прогласување на Законот за укинување на “Не прашувај, не кажувај“, за Адвокат, претседателот изјави дека и понатаму ќе се бори за остварување на сите права на хомосексуалците. Како минумум во правата на хомосексуалците, тој ги наведува цивилните унии во сите сојузни држави. Иако гласаше против Законот за заштита на бракот (како заедница меѓу маж и жена) додека беше сенатор од Илиноис, тој сепак истакна дека бракот сепак е премногу засега.

2. Неполни два месеци откако започна британската кампања со која се бара и стрејт и геј двојките да имаат еднакво право да одберат дали ќе стапат во брак или во цивилна унија, извори за Дејли Телеграф велат дека Владата веќе започнала со консултации околу ова прашање. Министерот Лин Федерстоун изјави дека размислува од Нова година на геј-двојките кои ќе стапат во цивилна унија да им биде овозможена религиска служба.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Не сум геј далеку од тоа... но сепак смешни се цифрите, бидејќи покрај еден мој познаник што е геј.... цифрите се поголеми....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom