Комунистичките држави а посебно Советскиот Сојуз во ниту еден момент не помагале на ниту еден начин муслимански верски фундаметанталисти. Исламските верски фундаменталисти се првично Американски продукт за преку Авганистан и Иран да создадат проблеми за Советскиот Сојуз во Кавказот и Централна Азија каде што муслиманите се мнозинство. А потоа е и користен од Израел заедно со Америка за дестабилизација на Арапските сојузници на Советскиот Сојуз.
Мислам некако е симптоматично како сите поранешни Арапски сојузници на Советскиот Сојуз ( Алжир, Сирија, Либија, Египет, Јужен Јемен, итн ..) сите се имаат соочено во одреден временски период со масивни исламистички фундаменталистички движења и граѓански војни. Додека од друга страна партнерите на САД ( Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Тунис, државите од Заливот, итн ... ) некако никогаш не се соочуваат со истиот проблем.
Впрочем фундаменталниот исламизам на Балканот повторно дојде во најголема мера преку Босна и Косово, повторно два проекта на САД.