Левица - Политичка партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack NolanProf.19
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Илјадниците ракети истрелани кон Израел случајно да не паѓаат од облаците?
Велат дека нападот е најдобра одбрана, Израел го прави баш тоа.

А ти што си, мало дете или хардкор христијанин?


 
А ти што си, мало дете или хардкор христијанин?


Не ги ставај христијаните во ист кош со вакви "верници" од форумот. Јас тие вистински христијани што ги знам ни најмалку не се радуваат кога паѓаат бомби во Палестина.

Не дека ти замерувам нешто туку од вистински христијани до хардкор христијани има голема разлика и за жал овие вторите се во се поголем број, верата ја гледаат во тепање муслимани.
 
Не бива и од овие работа како што гледам, за жал. До толку да си тврдоглав и да одиш со глава во ѕид за една за секој нормален небитна работа и проблем кој воопшто никој од нас не не засега, дури до таков стадиум да ѓи вреѓаш и етикетираш сите што ти кажуваат добронамерно е одлика на самобендисаност и ароганција и е ужасно лоша одлика за некој кој би требало да биде нова свежа крв во политиката.

А и страшно е колку се промашува поентата на замерките упатени кон Апасиев и Левица. На никој не му е гајле за спорот со Палестина и Израел, на 99% кур ги боли и за ционистите и за муслиманскиот гамад таму. Имаат еден куп реални проблеми на кој во моментов можат да поентираат посебно што се ближат и локални избори, тие со вакви глупости иритираат потенцијални гласачи. Плус, зборува за тоа на каков начин ја доживуваат политиката, нерационално, пристрасно и емотивно. Ама ароганцијата е заебана работа „што ве ебам сите бре, ќе навивам за Палестина поради тоа што сум левичар, па ако треба ќе го игнорирам фактот што само радикални исламисти ги поддржуваат и ако треба ќе ги споредувам ВМРО со терористите Хамас кои напаѓаат подмолно и се кријат помеѓу цивили и слични се со УЧК во секоја смисла, само по мое да е.“

А безвезните споредби со нас се уште еден друг случај, гледање црно и бело на политиката. Никаква врска нема тоа што се дешава таму, со нашиот случај. Ние сме биле Палестинци, Израел биле Грција, Бугарија и Албанија. :facepalm: Како мали Џокица замишла свет.

Им се дава конструктивна критика за да не пропаднат како жетон и станат сериозен фактор, ама ако се толку арогантни тогаш нема што да се прави друго.
 
Нека му каже некој на Апасиев за тоа шалче што го користи дека пред 50 години навистина беше некојси симбол на демек марксистичкото арапско движење за денес се почесто да биде злоупотребувано од нацисти и антисемити за да ја покажат омразата против Евреите. https://www.jpost.com/blogs/clash-of-cultures/is-the-keffiyeh-the-new-swastika-366738 и https://melmagazine.com/en-us/story/keffiyeh-scarf-mask можеби и тоа му е пораката, не знам.
 
Море @Raziel оти сега вака, нели ти со две раце потпишуеш за Апасиев оти го знаеш дечкото. Само тие другите во Левица не ти се бендисуваа :D
 
....

А и страшно е колку се промашува поентата на замерките упатени кон Апасиев и Левица. На никој не му е гајле за спорот со Палестина и Израел,....

Се сложувам комплетно со тебе. Али мислам дека за малку ја утнуваш вистинската поента.

Која е потребата на луѓе да доаѓаат специфично на една тема, од четири теми на субјекти кои дале свое мислење за овој навистина за Македонија во пракса неважен конфликт? И не само тоа туку да пишуваат и цели реферати на темата, притоа потенцирајќи како имањето став околу спорот дека не е важно.

По мое мислење ( секако може сум и грешка), ставот околу ова навистина неважно прашање се проблематизира зошто одредени групи имаат интерес истото да се проблематизира. Најверојатно зошто сакаат да се добијат некакви политички поени, зошто сепак ова е политичко прашање. Истите најверојатно имаат некакви свои политички математики и сега упорно веќе со денови пробуваат некаква политичка кампања ( со за мене искрено несфатлива цел) која мислат дека на нив би им донела подобар резултат.

Повторно ова е мое мислење, али мислам дека нема да постигнат ама баш ништо. Мислам пробуваат да ја напаѓаат групата која сака да се претстави себеси како радикали и фанатици, дека ете они се радикали и фанатици. :rolleyes:. И не само тоа туку во истиот момент кога нивното членство буквално масовно им повлекува подршка дека се премногу меки и полтрони, они го заземаат нај-полтронскиот став и го напаѓаат другиот дека не е полтрон. Па мене ова дури и ми мириса на само саботажа.

На вакво неважно прашање кое има 0 последици по Македонија да успееш да им дадеш гол меѓу нозе на едните, а другите сами да си дадат автогол е вистинска политичка математика.
 
Последно уредено:
Се сложувам комплетно со тебе. Али мислам дека за малку ја утнуваш вистинската поента.

Која е потребата на луѓе да доаѓаат специфично на една тема, од четири теми на субјекти кои дале свое мислење за овој навистина за Македонија во пракса неважен конфликт?
1. На темава се даваат добронамерни конструктивни критики за нивното сосема непотребно произлегување за овој за нас неважен конфликт.
2. Замерките за тоа се прават затоа што треба да се попаметни од другиве полтрони, нели? Сакаме да се подобра опција од СДСМ и ВМРО, а муабетот демек еве и тие имаат став не е оправдување и е во најмала рака контрапродуктивен за Левица.
3. Нивното излетување е слепо базирано врз идеологија без да се подразмисли. Политика не се води со емоции, а носењето на шалот (кој како што објави @Igorcemk) е злоупотребуван од нацисти и служи за омраза кон Евреите е ужасно лош потег на многу нивоа.

Ако сакаат да опстојат на политичка сцена треба да играат попаметно од ова што го правеа деновиве.
 
Како што гледам голем дел од поддржувачите на Левица во ништо не се разликуваат од поддржувачите на Заев. Исто арогантно однесување, исто омаловажување на соговорниците кои имаат друг став, само нивното (на Апасиев) мислење е исправно.
Можеби е нормално така, сепак корените се од шарените куртони.
 
Како што гледам голем дел од поддржувачите на Левица во ништо не се разликуваат од поддржувачите на Заев. Исто арогантно однесување, исто омаловажување на соговорниците кои имаат друг став, само нивното (на Апасиев) мислење е исправно.
Можеби е нормално така, сепак корените се од шарените куртони.
Разликата е во тоа што Заев го збори сега, за одредено време ќе го каже или направи спротивното, па неговите поддржувачи се приморани да лижат таму каде што плукале.

Од друга страна, она што Апасиев го зборел пред 5 години - го збори и сега. Тоа е разликата помеѓу стабилен човек со цврсти ставови и шизофреник.
 
Комунистичките држави а посебно Советскиот Сојуз во ниту еден момент не помагале на ниту еден начин муслимански верски фундаметанталисти. Исламските верски фундаменталисти се првично Американски продукт за преку Авганистан и Иран да создадат проблеми за Советскиот Сојуз во Кавказот и Централна Азија каде што муслиманите се мнозинство. А потоа е и користен од Израел заедно со Америка за дестабилизација на Арапските сојузници на Советскиот Сојуз.

Мислам некако е симптоматично како сите поранешни Арапски сојузници на Советскиот Сојуз ( Алжир, Сирија, Либија, Египет, Јужен Јемен, итн ..) сите се имаат соочено во одреден временски период со масивни исламистички фундаменталистички движења и граѓански војни. Додека од друга страна партнерите на САД ( Саудиска Арабија, Мароко, Јордан, Тунис, државите од Заливот, итн ... ) некако никогаш не се соочуваат со истиот проблем.

Впрочем фундаменталниот исламизам на Балканот повторно дојде во најголема мера преку Босна и Косово, повторно два проекта на САД.
Исто така интересно е шо Босна и Косово му даваат подршка на Израел.
 
Разликата е во тоа што Заев го збори сега, за одредено време ќе го каже или направи спротивното, па неговите поддржувачи се приморани да лижат таму каде што плукале.

Од друга страна, она што Апасиев го зборел пред 5 години - го збори и сега. Тоа е разликата помеѓу стабилен човек со цврсти ставови и шизофреник.

Нека не те залажуваат нивните жалопојки за недостатокот на дебата и некаква си ароганција. Уште во првите 2-3 страни на дискусијава сите си ги пишаа аргументите и од идеолошки или каков било друг аспект. Потоа следните 20 страни се еден по еден како доаѓаат и почнуваат да ја отвараат дискусијата повторно со истите аргументи без да додадат ништо ново и без воопшто да ги референцираат преходните дискусии во кој има многу различни мислења кои опфаќаат се. Нека си глумат "загрижени неутралци" и тоа е тоа.

Направија војна околу Палестина-Израел кој на чива страна е, а секој пост им почнува со "Израел-Палестина е неважна тема за нас". Па прекини да пишуваш ако е неважна и остај го секој со својот став да си живее.


Исто така интересно е шо Босна и Косово му даваат подршка на Израел.

Исто како нас тоа не се држави, како за време на колонијализмот во Индија. Имаш локален раџа што како глуми дека е власт. Али Британскиот гувернер на крајот на денот одлучува за се. Што им пишат на хартија тоа ќе читаат, ако не сакаат да читаат ќе си ги активираат агентите што се во влада за истата да падне или пак ако е поцврста власта тогаш преку невладините мрежи протести и ќе ја срушат. Ако Зоки утре не направи нешто што ќе му наредат, задутре ќе биде во затвор а Мицковски ќе си потпишува фермани во влада.

Додека амбасадите на САД, Германија, Британија, Холандија не бидат избркани на клоци од државава нема да тргнеме никогаш во позитивна насока. Ќе биде само побрзо или поспоро распаѓање и дегенерирање на македонското културно, национално, религиозно и за крај економско ниво, зависно од кој тип на влада е на власт. Веќе од дамна ја поминавме точката на поправање и длабоко сме зацапани во фазата на парцијално демолирање и повторна изградба. А ако продолжиме со ова темпо за 1-2 години можеме да влеземе и во фазата на комплетно демолирање и почнување од почеток.
 
Последно уредено:
Вие мислите дека ја ќе гласам за албанскине куропушачи СДСМ & ВМРО само затоа што Апасиев има кинки фетиши у надворешна политика (каде што нашата земја e моќен геополитички фактор)?
 
Каде се изгуби @Борат ???
Без него темава е како морнар без вошки.

Бев на одмор на планина во источна Македонија каде што спиев во колиба без струја и интернет.
Иљадарче од ден за една особа.
До таму морав со атеве или коњ евентуално.
Јадење сам си правиш ако се разбираш од печурки имаше во изобилство.
Вие мислите дека ја ќе гласам за албанскине куропушачи СДСМ & ВМРО само затоа што Апасиев има кинки фетиши у надворешна политика (каде што нашата земја e моќен геополитички фактор)?
Нашата земја е моќен политички фактор.
Замисли народот да ја отфрли идејата на Мицко и Заеф за со НАТО и ја прифати онаа на Апасиев и Вучич за со неврзаните.
Балканот комплетно би се сменил. А и американското и руското влијание во земјава би исчезнало.
Е тогаш Меркел ќе не моли за во ЕУ.
И вежбајте не тресете зелени.
 
Апасиев е целосно во право кога вели дека пред западњаците да го устоличат Заев, официјален меѓудржавен спор помеѓу Македонија и Бугарија не постоел. Бугарија прва ги призна независноста и суверенитетот на Македонија, вклучително и македонскиот јазик, независно од формулацијата “јазикот според Уставот на Република Македонија“ (кој е - македонскиот.)

Со самото тоа што прифатил да преговара за историја, идентитет и јазик, работи кои претходно веќе биле решени и меѓународно признати, Заев намерно ја ставил Македонија во положба на потчинетост и зависност на друга земја, со што сторил кривично дело Загрозување на независноста по член 308 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/4010806502317991
Автоматски споено мислење:

Неодоливо потсеќа на Опинок од Студени Нозе
dYFL5Y4.jpg

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom