Затоа што ја фатив ерата на Лизаразу, се мислам сепак помеѓу него и Малдини. И двајцата стандардни како за тим така и репрезентација, па ќе се помислам уште малку и ќе го дадам својот глас.
На трето место е Карлос, овие другиве имаат време уште многу да покажат и докажат
јас му го давам гласот на Карлос. ист е како Мајкон само што е лев бек и ударот му е топовски. се сеќавам на плејстешн кец кога дремевме, карлос напаѓач си го ставаш и ораш брзина 19 удар 19 убавини
Maлдини и централно играше и ко бек, незнам у онаа златна ера на Милан со Скудета и трофеи од ЛШ на што позиција играл, нека ме просвелти некој, ако поголем дел од кариера играл ко бек ( шо мислам дека е неточно ), ондак глас давам за него, ако не, се знае, Карлос . :wink:
Не дека навивам за Реал, ама Карлос беше ИГРАЧИШТЕ! Стабилност, брзина, шут...дефанзива-офанзива не му беше проблем, едноставно се што треба да има еден страничен бек. Респект и за другиве, ама мислим дека Карлос беше едно скалило над сите. Малдини беше многу подобар како централен, па не би го сметал како страничен бек.
Иначе и Лизаразу беше многу добар.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.