Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Искуства за одмор после 15 септември? Да има бар некој жив човек, гиро и бар еден кафич. Не сакам да отидам во град на мртовци.
Јас лани бев на Тасос негде средина на септември, немаше многу луѓе како во шпиц сезона ама пак беше раздвижено. Нормално си работеа сите локали.
 
Според мој овогодинашен впечаток најверојатно ова ќе ми биде последна година како летувам во Грција, евентуално да присоберам пари може за следната да одам до Санторини, за таму имам со години мерак, а имам и роднина што работи таму, па ако ми најде нешто за поевтини пари.
Цените се далеку од наш стандард, ако не носи човек храна од тука не го оправаат 200 евра по човек плус од смештајот (значи за една недела околу 300евра по човек), ако излезете по дискотеки 40-50 евра за скромен помин ви одат сигурно во вечер, лежалки ако одите 2 пати дневно на плажа ви одат 10евра по човек дневно минимум, храната во ресторани скапичка (порција риба со чаша вино од 10-20 евра зависи од рибата), гирото 2.8-3.2 евра, во маркет цените се два до три пати повисоки од тукашните, сума сумарум може да се отиде, но со ограничен буџет ќе се стегате како за на инјекција, а не да уживате и да си дозволите баш одмор.[DOUBLEPOST=1472486479][/DOUBLEPOST]
Дали треба меѓународна возачка дозвола за рентање кола?
Треба, по закон треба и со своја кола да имаш меѓународна возачка иако е мала веројатноста дека ќе те запре патрола ако си почитуваш сообраќајни правила.
 
Идат години кога најбрзо растечката економија во регионот и според IBM најголемиот генератор на работни места ќе се соочи со суровата реалност. Жалби и поплаки за поскапени одмори стигаат од сегде освен Бугарија и Албанија, али тие дестинации за 95% од луѓето меѓу кои и јас, не се за одмор.

Има некое логино објаснување зашто е поскапо преку агенција со сопствен превоз?
 
Последно уредено од модератор:
Да ми препорачате место за со мало дете (1 год)?

Да не биде гужви само :)

Гледав Ормос нешто, ама незнам како е таму никогаш не сум бил на втор крак.
 
Тасос и Торони имаме идено со деца од кои едното тогаш беше 4-5 месеци.
Од пријатели кои се со мали деца знам летово беа во Никити, Ханиоти, Сарти и Неи Пори исто задоволни.
 
Да ми препорачате место за со мало дете (1 год)?

Да не биде гужви само :)

Гледав Ормос нешто, ама незнам како е таму никогаш не сум бил на втор крак.
IMO, втори крак е најбољи за со деца или за луѓе на кои акцентот им е на одмор, а не на луд провод. Ја одкога го открив втор крак, више не отидов другде.
 
IMO, втори крак е најбољи за со деца или за луѓе на кои акцентот им е на одмор, а не на луд провод. Ја одкога го открив втор крак, више не отидов другде.

Некое место специфично или било каде?
Преферирам да има убава песочна плажа (не со камчиња туку баш песочна).

@Forza Milan!!! гледав Торони за смештај ама ептен е фул тој период (јули), а ми изгледа убаво, кажи ми нешто повеќе за местото? Ептен е мало? 10-12 дена се издржува или јок? :D
 
Да мало место и зависи каков одмор ти треба. Место каде навистина ќе сакаш да одмориш. Плажа, спиење и гледање филмови. Блиску е Сарти и таму може да прошеташ. Торони има убава и голема плажа.
 
Некое место специфично или било каде?
Преферирам да има убава песочна плажа (не со камчиња туку баш песочна).

@Forza Milan!!! гледав Торони за смештај ама ептен е фул тој период (јули), а ми изгледа убаво, кажи ми нешто повеќе за местото? Ептен е мало? 10-12 дена се издржува или јок? :D
Торони ми е број еден. Во последни неколку години таму само идам. Сум сменил неколку смештаи и сегде ми било ОК. А ако не таму, тогаш Каламици идам.
Мене ми е доброто во Торони што смештајот е на плажа. А водата е најбистра од било каде што сум бил. Песок има, а не каменчиња дробени. На западна страна е, што значи подолго трае денот, односно сонцето не се губи брзо, за разлика од Сарти или други кои се на исток.
 
Фала момци, уште едно прашање само, во Јуни дали е ок водата Торони?
 
Фала момци, уште едно прашање само, во Јуни дали е ок водата Торони?
Да да и Сарти и Торони е топ водата и јуни и септември. Јас и крај на септември дури имам идено на викенд и супер била. Торони ти е за нијанса потивко од Сарти ама и за двете нема да згрешиш.
 
Фала момци, уште едно прашање само, во Јуни дали е ок водата Торони?
Еднаш сум бил во јуни* и ОК беше водата, иако во септември е потопла.

*(за време на Светското во Бразил и никад више за време на Светско на одмор).
 
Ако се одлучиш за Торони да знаеш дека нема аптека, а ни лекар. Иначе сместувањето е поскапо во јули и август, најмалку 50 евра од ден.
На Ситонија за некоја сезона ќе биде како на Касандра. Масовно почнаа да доаѓаат гости од балканските земји кои ја покажуваат својата некултура со оставање на ѓубре на плажа, паркирање во парк покрај толку слободни места за паркинг. :tapp:

Торони ми е број еден. Во последни неколку години таму само идам. Сум сменил неколку смештаи и сегде ми било ОК. А ако не таму, тогаш Каламици идам.
Мене ми е доброто во Торони што смештајот е на плажа. А водата е најбистра од било каде што сум бил. Песок има, а не каменчиња дробени. На западна страна е, што значи подолго трае денот, односно сонцето не се губи брзо, за разлика од Сарти или други кои се на исток.
До кај 20-20:30 часот, а зајдисонцето :love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom