- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.187
- Поени од реакции
- 1.358
Летонците, Романците и Бугарите најсиромашни во ЕУ
14.12.2010 - 19:14 |
Најголем број на сиромашни луѓе од земјите од Европската унија има во Летонија. Околу 27% од тамошното население се смета за сиромашно. По нив следат Романија со 26%, Бугарија со 23%.
Вкупно во Унијата 116 милиони луѓе имаат проблем со парите, вели истражувањето на Евростат. 42 милиони од нив не можат да си ги платат сметките за греење, да поседуваат автомобил, па и телефон. Во оваа категорија се впишале 41% од Бугарите.
Најмал процент на сиромашни има во Чешка, само 9%, а потоа во Холадија и Словачка со 11%.
Животот станува се поскап и за Британиците. Инфлацијата измерена во ноември е 3,3%, далеку над планираната за оваа година од 2 отсто. Најголеми поскапувања има во најосновните производи: храната, облеката, безалкохолните пијалоци и мебелот.
Овој тренд се очекува да продолжи откако по Нова Година како мерка за намалување на задолженоста ќе порасне данокот на додадена вредност од 17,5 на 20%. Економистите сметаат дека трговците може да го искористат зголемувањето на ДДВ за поскапувања на цените и до неверојатни 60%.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/letoncite-romancite-i-bugarite-najsiromashni-vo-eu