ЌОФТИЊА НА ШТИПСКИ НАЧИН
потребно:
-500гр. свинско мелено месо
-500гр. телешко мелено месо
-5 јајца
-100гр. полуварен ориз
-црн пипер
-црвен пипер
-магдoнос
-масло
-брашно
-1 сува пиперка
-доматна салца
-сол
приготвување:
Измешајте го месото со полуварениот ориз, додајте 2 цели јајца, црн пипер, малку црвен пипер, две лажици масло, магдонос и сол по вкус. Се промешајте добро и од смесата правете поголеми, малку сплескани ќофтиња. Ќофтињата прво извалкајте ги во брашно, а потоа во три добро изматени јајца и пржете ги на добро загреано масло.
Испржените ќофтиња ставајте ги во емајлирана тава.
Во маслото, во кое се пржеа ќофтињата, додајте 1 лажица брашно и направете запршка со малку црвен пипер и вода. Налејте ја запршката на ќофтињата (треба да бидат прекриени со неа), додајте ја пиперката и 2-4 доматена салца и ставете ја тавата да се пече во загреана рерна на 200 степени.
Кога сосот во тавата ќе остане на половина од количината при ставањето во рерна, јадењето е готово и може да се служи.