Летна олимпијада - Париз 2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff58
  • Време на започнување Време на започнување
Screenshot 07-29-2024 22.12.41.png

...женска одбојка Франција : Србија (0:3), за малку ќе го изгубеа третиот сет, а во тек е најактративниот спорт „гзлести по купачи“, кој ја гледа одбојката на песок! :)
 
Инаку ова е веројатно последна Олимпијада каде боксот е вклучен. Како што стојат работите во овој момент, бокс во Лос Анџелес 2028 нема да има, иако и тоа може да се смени. Веројатно само боксот ќе биде укинат во 2028, а ќе има 5 нови спортови кои ги нема на оваа Олимпијада: за прв пат на олимписки игри: flag football и сквош, а се враќаат бејзбол/софтбол (паузираа само на овие ОИ, 2024), крикет (за прв пат по ОИ 1900) и лакрос (за прв пат по ОИ 1908).

Па на минатите олимписки имаше карате, па пак ништо не направивме.
мислев да бидеме компетитивни, да не се брукаме со последни места, да сме во игра .....
 
мислев да бидеме компетитивни, да не се брукаме со последни места, да сме во игра .....
Само еден претставник имавме, во кати, женска конкуренција, и и таа беше со вајлд карта на ОИ, немаше норма. Така што...
 
Да прашам нешто: стварно ли на ОИ во Токио во стреличарство некој ја преполовил стрелата на два дела како Робин Худ??? :pos: Такво нешто слушнав во преносот попладне не ми се веруваше.... :eek:
 
Уживам да гледам како Кинезите губат медаљи и си идат со празни раце. Вчера на пример повеќе јас се радував што Кинезите изгубија во стреличарство за бронзен медал од Турците, него ли Турците што освоија бронза.
 
[Четврти ден 30.7] - топ настани

Кошарка
11.00 часот: Шпанија - Грција (м)
13.30 часот: Канада - Австралија (м)

Ватерполо
12.05 часот: Хрватска - Италија (м)

Џудо
10.00 часот: настап на Еди Шерифовски (81кг), шеста борба по ред

Баскет 3×3
22.35 часот: Србија - САД

Пливање
20.30 часот: три финални дисциплини

* медали ќе се поделат во триатлон, стрелаштво, гимнастика, пинг понг,, џудо, мечување, сурфање.
 
Инаку ова е веројатно последна Олимпијада каде боксот е вклучен. Како што стојат работите во овој момент, бокс во Лос Анџелес 2028 нема да има, иако и тоа може да се смени. Веројатно само боксот ќе биде укинат во 2028, а ќе има 5 нови спортови кои ги нема на оваа Олимпијада: за прв пат на олимписки игри: flag football и сквош, а се враќаат бејзбол/софтбол (паузираа само на овие ОИ, 2024), крикет (за прв пат по ОИ 1900) и лакрос (за прв пат по ОИ 1908).

Па на минатите олимписки имаше карате, па пак ништо не направивме.

Шо е тоа знаме фудбал?
 
Шо е тоа знаме фудбал?
Ко американски фудбал исто, само на помал терен, и не смее да има контакт со противникот (значи не смее да се собори). Секој играч носи 2 ленти (знамиња) на дресот, и противничкиот играч наместо да го собори, треба да му го земе знамето на тој што ја носи топката.
 
Ауф кајакаров Гестан што направи, за 5.5 секунди боље од вториот Бургес или како и да се вика. Изгоатира начисто, без грешка ја извозе цела патека.

Со врзани очи да возеше пак ќе ги победеше на памет ја знае стазава, комплетна доминација :D
 
Со врзани очи да возеше пак ќе ги победеше на памет ја знае стазава, комплетна доминација :D
Се гледаше од авион тоа, на тие двете зезнати капии кај што 90% од натпреварувачите заглавија у тоа вртлоците овој ги пројде како плиток поток. :D

Ајде сеа Шпанија-Грција да гледаме, очекувам тврда утакмица со малку кошеви.
 
Ко американски фудбал исто, само на помал терен, и не смее да има контакт со противникот (значи не смее да се собори). Секој играч носи 2 ленти (знамиња) на дресот, и противничкиот играч наместо да го собори, треба да му го земе знамето на тој што ја носи топката.
ко хркљуш исто
 
Нашиот соборен прилично лесно и очекувано , шкртни уште еден.
Во меѓувреме Србија до првото злато , крајно неизвесна завршница против Турците , попушти таа младата турчинка.
На искуство ги добија.
 
Се гледа ли турнирот во хокеј на трава (field hockey)? Одлични Германците против Јужна Африка, добра утакмица и Шпанија-Франција, иако денес се играа и подобри утакмици, Велика Британија - Холандија и Белгија - Австралија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom