Од 1995 до 2005г, пронајдени се вкупно осум подводни наоѓалишта на местото меѓу
Јапонија и
Тајван. Нивните подводни локации варират од седум метри длабочина до преку 35 метри. Камените патишта и раскрсниците ги поврзуваат подводните градби помеѓу малиот остров
Yonaguni и островите
Kerama и
Aguni. Нивната одалеченост е околу 500км!
Дали на дното на Пацификот се наоѓаат мегаполиси од времето пред почетокот на „службената историја“?
Најголемата подводна структура која до сега е откриена се наоѓа во близината на островот
Yonaguni на 35 м длабочина. Долга е 80 метри, широка 30 метри и висока околу 15 метри. Не се пронајдени внатрешни премини или простории, и веројатно тоа се градби со церемонијален карактер.
Изделканите скалила и камените блокови кои лежат еден врз друг под прав агол, кружните тераси и шестоаголните потпорни столбови, правилните камени патишта.... само ја потврдуваат тезата дека цивилизацијата која ги градела располагала со многу напредна технологија.
Геолошките докази укажуваат на фактот дека со крајот на последното ледено време пред 11 500 г, дошло до топење на големи количини мраз. На некои места на Планетата, нивото на морето пораснало и за повеќе од 100 м. Тоа веројатно се случило и со ова копно во близината на јапонската обала.
Многу историски легенди говорат за постоење на една мајка на сите цивилизации на пацификот наречена
МУ. (Во западните кругови, од 19в-Лемурија)
Од Јапонија, преку
Микронезија и Полинезија, се до обалата на
Велигденските острови, се простирала копнена површина составена од низа поголеми острови. Ако тоа била човековата прататковина, тогаш подводните камени градби околу Yonaguni се првите материјални докази за нејзиното постоење.
Во тој контекст, се фрла ново светло на досега необјаснетите пацифички феномени како што се гигантските глави на Велигденските острови. Високи од по неколку десеттина метри и тешки десеттина тони, претставуваат пандан на пронајдените подводни градови околу Јапонија.
Населението од градот Noro на островот Okinawa, кружните лакови на влезот на своите древни гробишта ги нарекуваат „moa“. Десет илјади километри подалеку на Пацификот, полинезијците на Велигденските острови, со истиот назив ги нарекуваат камените статуи кои водат потекло од нивните древни предци.Според легендите, првиот император се викал Jimmi , а неговите наследници Kamu и Тemmu. Во Северна Јапонија се наоѓа света река која се вика Му.
Во превод на јапонски и корејски јазик „Му“ значи „она што повеќе не постои“.
На другата страна од Пацификот на Хаваите, постои легенда за исчезнатата прататковина Му од каде човештвото се раширило низ целиот свет.
Најстарата песна на островот Kumulipo говори за големите поплави и катастрофи што го уништиле светот многу оддамна.
Прататкото на луѓето од Хаваите се викал Kunamu и тој ја преживеал катастрофата.
Голем број книги последниве децении говорат за оваа цивилизација....Цивилизација која егзистирала пред и напоредно со Атлантида. Се верува дека Му се простирала на Јужниот Пацифик, во тријаголникот меѓу Северна Америка, Азија и Австралија. Во својата кулминација, луѓето од земјата Му биле многу духовно развиени.
Хронолошки гледано, Му е најстарата позната цивилизација и спиритуално најразвиена.
Никогаш, ни пред, ни после, луѓето од една земја не живееле во таков духовен баланс и хармонија со природата. Во еден период се претпоставува дека им се придружила цивилизацијата
Атлантида.
Атлантинците повеќе биле научно-рационално наклонети, за разлика од уметнички спиритуално инклинираните соседи. Според некои верувања, поради некои технолошки експерименти на Атлантида, и двете цивилизации се избришани од површината на Земјата.
Луѓето од цивилизацијата Му користеле технологии што не ја загадуваат природата.Ја почитувале заедницата, индивидуалноста и мирољубивата ко-егзистенција.
Оваа човекова прататковина се воздигнала високо над тродимензионалните проблеми за преживување и опстанок во општеството. Од таму и не не’ зачудува големиот интерес за оваа цивилизација кој денес е поголем отколку во минатото.
Lauren O. Thyme напишала интересна книга:„ Lemurian Way-remembering Your Essential Nature “ (Декември 1999), и вели:
„
Напишав документарна книга, делумно канализирана од мудреците од земјата Му. Во деталите се говори и објаснува Универзалниот Закон и Универзалната Мудрост што се применувала.“
Навистина, книгата дава детали и го опишува населението, храмовите, обичаите при раѓањето, го опишува секојдневниот ден итн...
Книгата дава ново светло на древните и свети места: Kauai, Peru, Mt. Shasta(Калифорнија), Нов Зеланд, Бали, Велигденските острови и клучната улога на делфините....
Кон крајот на 19в, англискиот полковник
James Churchward, познат како страсен археолог-аматер, повеќе години престојувал во Индија. Дознал дека во еден будистички храм со векови внимателно биле чувани некои древни камени плочи со запис на некое старо непознато писмо. Поради големата упорност и со помошта на еден од будистичките свештеници, успеал да го пронајде клучот за читање на древните записи. Со нивното одгонетнување тој сфатил дека во нив станува збор за одамна исчезната цивилизација на Пацификот.
Оваа прадревна цивилизација, според негова проценка, пред 200 000г го достигнала својот највисок степен на развој, а исчезнала во страшната катаклизма пред 25 000 г.
Овој предисториски народ го населувал континентот Му...
Хипотетичкиот праконтинентот Му во литературата уште е познат и под имињата: Pan, Mar и Muror, а некои погрешно го нарекуваат Лемурија.
Според него, објаснува во книгата, оваа цивилизација броела 64 милиони луѓе. Земјата Му имала 10 големи племиња (раси) со црна и жолта боја на кожата. Во секој поглед била многу богата, моќна и напредна држава која се нарекувала Царство на Сонцето.
Нејзиниот владетел го носел името Ra Mu и бил врховен свештеник
Луѓето од Му имале монотеистичка религија и поседувале многу окултни знаења, имале познавање од математика, астрологија и астрономија. Имало моќни свештеници кои со своите паранормални способности умееле вешто да ги контролираат природните сили.
Кај нив имало обичај да ја проверуваат зрелоста на верениците пред да стапат во брак: Морале привремено да се одречат од целиот свој имот и сопственост, па потоа, без никаков алат, оружје, облека и храна, да заминат длабоко во шумата каде заедно ќе живеат во сурови услови- цели 28 дена.
Доколку во тоа успеат, им се враќал сиот имот и добивале дозвола да стапат во брак. Но доколку овој тежок испит за животна зрелост не го пројдат, тогаш не можеле да се венчаат.
Жителите на земјата Му биле многу вешти морепловци и со своите бродови пловеле по сите мориња. Успешната навигација на тие древни морепловци се должела на високите астрономски познавања и одличната
картографија. Своите знаења несебично им ги пренесувале на другите народи кои ги колонизирале.
Првата значајна колонија била организирана во Средна Америка на просторот на денешен Мексико и полуостровот Yucatan. На ова место некогаш одамна владеело и кралството на Мајите, со кои пред 16 000г, владеела кралицата Moo и нејзиниот брат/сопруг Kohu од династијата Kan.
И Атлантида била значајна и високоразвиена колонија на Царството на Сонцето. Со пропаста на Му набргу станала моќно, самостојно царство. Според древниот сочуван ракопис на мајите, Codex Tro-Cortesianus ( се чува во мадритскиот музеј), Кралицата Moo на своето патување за далечниот Египет, извесно време престојувала на Атлантида како гостинка на кралот.
Откако земјата Му потонала во ненадејна геолошка катаклизма, малубројните преживеани жители ги населиле подрачјата на денешен Тибет, Антарктик и Средна Америка.
Во своите преданија го сочувале споменот за својата изгубена прататковина...................
Актуелизирањето на Цивилизацијата Му е необично важно и поради модерната хумана дилема: материјално или духовно.
Мудроста на прататковината нуди персонална интеграција: да се стане во целосност хуман и радијално спиритуален.
корисни линкови:
http://www2.hawaii.edu/~yakovee/theorigin.htm
http://www.shout.net/~bigred/QueenMoo.html
http://www.lemuria.net/maps/index.html
http://www.phfawcettsweb.org/mu.htm