Легендарниот рокер Били Ајдол доаѓа во Македонија, Метрополис арена - 20.06.2010

Леле како осеќам дека ќе акнат цена у ваздух, бетер од Сантана ќе биде.

Шо ми е гајле ќе ги ограбам моиве дома! Не ме интересира. Одам.
 
Били Ајдол наместо на лизгалиште на Кале

78C84A88E73C9B4A85F635A8040C7D78.jpg


Легендарниот рокер Били Ајдол, кој на 20 јуни ќе одржи концерт во Скопје, место на лизгалиште, како што беше првично најавено, се сели на скопското Кале - локацијата каде што се одржува Пивофест. Главна причина за преместувањето на концертот е техничкиот рајдер, што организаторите Авалон продукција го добиле вчера од менаџментот на Били, односно нивното барање за бина со огромни димензии и голема опрема, која пристигнува со два камиона и два турбаса, што едноставно физички не ја собира на скопското лизгалиште.

Били е човек со неверојатен глас, огромна харизма и безброј хитови како: White weeding, Flesh for fantasy, Sweet sixteen, Speed, LA Woman, Dancing with myself... Со него доаѓа и легендарниот гитарист Стив Стевенс, а Били на оваа турнеја ќе се претстави со бест оф програма. Дека неговите концерти во живо се феноменални зборува и фактот што неговиот настап на Егзит 2006 година е прогласен за најдобар на фестивалот на сите времиња. Еден ден по скопскиот концерт Били ќе настапи во белградската Арена, а ден потоа ќе биде headliner на In music festival во Загреб.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A0EC709581FEC040898A9D149BBA7A8A
 
Едвај чекам!
А,кога ќе излезат картите и останати заебанции?
 
На 21,22 и 23 полагам ама ова не смее да се пропушти, па шо сака нека биде.
 
Били Ајдол наместо на Лизгалиште ќе биде на Кале. Промената на локацијата е поради бината која не може да ја збере на лизгалиште, па затоа настанот ќе се одржи на Кале кај што се одржува и Пиволенд.
 
И како е таму,не сум бил?Добро е,има простор да се напраи јак концерт или..?

И може здосадив,ама што бидна со картите да не знае некој?
 
Па ако си бил на Пиволенд ќе знаеш дека местото е таман за убави концерти. Многу подобро отколку бетонот на лизгалиште и ехото од трибината.
 
Тогаш одлично.
Уште да не закачат некоја астрономска сума за картата и таман.
 
Тогаш одлично.
Уште да не закачат некоја астрономска сума за картата и таман.

Картите се 1000 денари, во продажба се од задутре. Барем така ме известија во Југотон. Па, навали народе \,,/
 
Скапо е у пичку матер.Особено за тие што не се од Скопје.
Со се пат со се све,2500 иде..али ќе се оди најверојатно.
 
Скапо е у пичку матер.Особено за тие што не се од Скопје.
Со се пат со се све,2500 иде..али ќе се оди најверојатно.
Па добро бе Даворче, колку сакаш да е карта, 300 денари? Таман си е, добро што не е повеќе, ко на пример за Боб Дилан (чув дека е 4к, не знам дали е точно)...
 
За Боб е од 2000 до 4000.За него претерале.

Абе можеле 700-800,ипак скапо е 1000.За нашиов стандард,плус некои ќе патуваат пример од Гевгелија за да дојдат,рачунај ти со се пат и остало колку ќе дојде.
 
Кој го тркала Боб Дилан! Топои што 1000 е карта ^^
 
Картите се 1000 денари, во продажба се од задутре. Барем така ме известија во Југотон. Па, навали народе \,,/


Слабо нешто,нема ни реклама,ни карти ни ништо...те заебале во Југотон излеа:smir:
 
Да си имав еден plastic Jesus...
Ќе пробам да сум таму на 20ти!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom