Легендарни утакмици на PES/FIFA.

  • Креатор на темата Креатор на темата devilko
  • Време на започнување Време на започнување
Еве уште една случка, овој пат, обратна, мене ми го начукаа.
Игравме со едно другарче со рандом тимови на ПЕС, не ми текнува која верзија беше, многу одамнаа беше. Пред едно 7-8. Мене ми се паѓаат Ливерпул, а него De Graafschap. Ебаниве сега играат у некоја стота холандска лига, а пола од фановите на Челзи ни не чуле за нив, оти тогаш уште на природно млеко беа.
E сега го наеба друже, има петарда да попиеш.
И почнавме....
Така, така, ама кога ќе го потцениш противникот, на крајот ќе те казни. Ме водеше 3-0, се стегнав јако и му се вратив на 3-3.
Се спремаме за екстра тајм. Прва екстра, се искинав од шанси, голманот како зачаран, како Ван Дер Сар на времето шо бранеше. СЕ ФАТИ. СЕ!
И така кога ќе се отвориш скроз, секогаш го примаш. Ме фати на контра и ми го учука со некој што денеска ваљда работи како столар, оти за фудбалер не ќе да го бидеше. Немаше веќе време да се вратам и си го попив убаво 4-3.
После месец дена ме ладеше за поразов кај ќе стигне. Дури и дедо ми (бог да го прости) разбрал. До таму беше дојдена работава.. :(
[DOUBLEPOST=1430094487][/DOUBLEPOST]Имаше некое турнирче во двојки и демек кои ќе освоеле прво место, плејстејшн 2 ќе добиеле, второ не знам ти шо итн. Се пријавивме со другарот, онака уверени дека ќе го лапнеме плејстејшнот. Почнавме и планови да правиме кај кого колку дена ќе биде, од кое до кој датум, кој смее да го користи, кој не смее (брат ми, не смее да го користи, да не му даваш да игра, нека пукне од мака).
На крај земавме по една утешна награда, маичка за учество. :(
Имало и други случки, ама отом- потом.. Во некои други времиња. :D
 
Последно уредено:
кај има сони 4ка у Скопјево ? Едо како што ми кажаа затворил,кај католичка што беше...?
 
На целосна утакмица не се сеќавам , али се сеќавам на гол на Ларсон кога играв со Барса против Реал. Во 88ма минута за победа од 1-0. :D ... Прво силно шутираше Едмилсон и топката ја погоди пречката и силно се одби , а Ларсон залетан со трчење у стилот на Роберто Карлос кога изведува слободeн удар , ја пукна шпиц и погоди во средината од голот од 30 метри. Голот ми стоеше сниман на стариот ПЦ се до 2009 , кога удри гром некаде и го сјеба цел компјутер. :(

Пред 10 години беше тоа и сеуште ми е свежа сликата како вчера да беше. Се сеќавам лето беше и сите другари беа на базент , а јас неможев оти бев цел изгорен од претходниот ден и цел ден играв ПЕС 4. :pos:

Иначе ПЕС 4 ми е најомилена верзија , и до ден денес си ја имам на лаптопот само што ми е на руски преводот. Играм само кога нема струја или нет. :pos: Баш ќе одам малце да го малтретирам Васко Де Гама. :pos:
 
Пред некое време на FIFA 15 Ultimate Team онлајн, играм во втора дивизија и ми треба бод за опстанок, ми доаѓа лик со Бејл, Суарез и Нејмар во напад а јас со стандард Серија А тим, Жервињо, Тевез и Ибарбо во напад. :D Губам 3-0 на полувреме и обично кога губам така правам raqe quit али овој пат нешто во мене ми кажуваше дека ќе се вратам. 70та минута, 3-1 си викам не бе нема шанси уште два гола, 85та минута Ибарбо му ја претрчува целата одбрана 3-2 и си викам сега педеров ќе ја држи до крај нема шанси уште еден гол. Продолжение во 90та корнер за него, го изведува, Ханданович ја фаќа жива ја фрла напред кон Тевез и овој трча напред еден на еден со Рамос и таман кога требаше да ми ја земе топката Рамос се повредува и не може никако да реагира со него, Тевез излегува сам со голманот и бам, 3-3. Се израдував ко бинго да сум фатил. :D

Има често вакви утакмици на Фифа, посебно кога ќе ти доје некој тип кој купувал coins и има милионски тимови а ти едвај си собрал за да го купиш Тевез во тимот и на крај го победуваш со некој мртов гол oд корнер во 90та плус. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom