Легализација на инцест

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
1. Јас никаде не спомнах оти са болести. АПА си е американско творение, и они си ги гледат нештата од ниината камбанарија. Јас само спомнах оти и има доктори шо го сметат за болест, има доктори шо не го сметат за болест. Не навлегувам кој е у право. Само викам оти са разединени..

2. Аналогии шо немат допирни точки. http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_fallacies for further reference, so there is no necessity for repeating myself.

3. Не се вади со професија. Правниците ќе дојдат да те питат тебе шо е ОК шо не е ОК и после ќе го дефинират.. Ти си domain expert on human relations and psychology, they are just providing the legal framework to fit in your findings and conclusions.

4. Не ми ставај зборове у устата, дека нешто на мене ми изгледа лудо/глупо/(епитет со лоша конотација). Последните 6-7 страни сам доста коректен и не ставих ниеден погрден епитет. Јас имам доволно самопочит да не навредувам човек со кој имам дискусија. Дури и идеализмо шо го спомнувам не го спомнувам дека е нешто лошо, а само една обзервација. Едно нешто шо не ми се ареса у твојта дискусија е, шо се вовлекуваш емоционално, на еден начин со страст. И коа некој ти ги предизвикува ставовите, се случува напишаното под точка 2. Јас не се расправам со тебе, ни па сакам да те навредам, или убедувам оти погрешно размислуваш. Само ја разобличувам тематиката, да видеме шо е основата на проблемо и како евентуално би се разрешил.
И за штабо(ќе бидам малку нападен), не е твој проблем, ама е нивен. И ако одлучат оти си проблем, срце ќе свиреш клавир у идризово, сакала нејќела.

пс. Фразата “не е мој проблем“ е доста излитена, и не можам да разберам дали всушност ти е гајле или не ти е гајле?
It's not my problem, it's not part of my duties, it's not my fault, are just the standard phrases шо у Бугарија ги викат Непукизам.

ппс. За слободата и идеалите. Неам коментар. Само една насмевка под мустаќ.

пппс. Лека Ноќ, утре ќе продужеме да ја дрвеме.. :)


1. АПА е алфа и омега во светот на психијатријата. Не само во Америка.

2. ОК.

3. Не се вадам. Точно, ќе ме прашаат. Ама не и за тоа како да го постават законот.


4. Јас апсолутно не те навредив. Освен ако не го сфати како навреда тоа што немам намера да дискутирам религија затоа што ми е под ниво. И токму така, кога зборувам за нешто што е закон, немам намера да ставам религија како фактор.
Не е мој проблем дали им сметам на тие околу мене. Немам зошто да им се правдам. Ако сакаат да им објаснам кои се моите појдовни точки, во секое време.
Јас барем 10 пати објаснив кои се моите појдовни точки за двете ситуации - и декриминализација и легализација.
Ти ме прашуваш што со народот. Ќе се навикне. Се навикнавме и на полошо. Се навикнавме убијците на нашите бранители да ни седат во парламент, се навикнавме терористи да ни бидат ,,уставотворни,,. Се навикнавме да ни убиваат деца и наместо цело село, 5 души да одат во затвор.
Паралелите тебе што не ти одговараат, не значи дека се лоши. Не можеш да ми кажеш дека тероризмот и неговото амнестирање е помало зло од инцестот. Ние на тоа се навикнавме. Што повеќе? Ме прашуваш како ќе реагира населението што не се иде во затвор за ебавање со братучедот?
Како сака нека реагира. Ќе му пројде. За година, две, пет.

Како сака нека биде, јас немам намера да се срамам од сама себе. Без оглед што правам. А нема нечија овчичка да бидам за сопствената благосостојба.
И за слободна Македонија се гинело.... :)
 
Работите кои што јас ги наведов за кои мислам дека со право е забранет инцестот,ти не ги прифаќаш.
Штом е така оди побарај правно консултирање со лице кое што навистина е стручно во таа област и земи разреши си ги дилемите.
Работите кои ти како бот ги наведуваш не се правни аргументи. Тоа се морални аргументи.

Јас немам дилеми. Ти треба да ја голтнеш тоа горделивата грутка и да се корегираш.
 
:)

Види, Копиљ да ми го пишеше ова, во право, ама ти бе пријателе? Мислам, sarcasm free, знам дека си паметен, знаат дека си паметен ама немаш пост повеќе од 3 реченици завиткан во сарказам. Да споделеше малце од мудроста па ќе ги прифатев забелешките. Ова секако не се факти, копиљ-от си игра со семантика, пумата ми прави некои беспредметни компарации меѓу ова и некои си рандом хардкор либерални акти. Те молам, барем болдирај кои се фактите кои сакав да ги покриев.

Единствено кој застана позади инцестoт во оригиналната форма беше Шкорпионот а да не го цитирам него, оти аргументите му беа на пубертетлија.

Државата дејствува во прилично доста лични сфери за да може успешно да практикува неперсонален авторитет. Без регулирање единствените последици (како во случајов сексуални пореметувања) се моралните последици како синоним за казни. Значи оние морални норми кои преку традиции и обичаи денес се материјален извор за кодифицирање на оние правни норми кои успешно ви претат во вашето скромно функционирање во секоја сфера на животот. Аналогно, со декриминализација, вие не сте против апсурдноста на законот, туку и против моралот. Затоа сфаќате зошто толку контрадикторно звучи „јас сум за декриминилизација, ама не за легализација“?

Јас воопшто не сум против само затоа што е табу. Јас и да се декриминализира и легализира, само оти имам некои примеси на конзерватизам, нема да излезам на протести и да се бунам. Ова е само мое лично мислење како што реков, за дискусии, форум или билокој вид на социјална интеракција што ќе го побара тоа од мене. Законите секогаш ќе се менуваат ама овој трае уште од средината на дивјаштвото, цепењето на крвнороднинските врски, што мислам дека е ептен уназадување како човечки битија. Без разлика во каква форма, дали ти, дали копиљ, дали пума ќе го поддржуват или практикуват инцестот јас нема да излезам на улица да протестирам, само закачете си едно банерче, оти со аргументиве, полошо и од носењето на банерчето изгледате.


ZfBDH.png

Си го бараш, и тоа со боричне. Кога јас го користам сарказмот, тој служи да се потенцираат фактите. Кога ти го користиш, служи да потенцираш дека ти си ултра кул форумски карактер.

Темата за инцестот е многу интересна бидејќи содржи border line аргументи за една поширока расправа на најважната тема во едно демократско општество, кој и со кое право криминализира човечко поведение. Еве да се самоцитирам:

Еве да ти помогнам да разбереш каде е проблемот, затоа што очигледно е дека не можеш сам да сфатиш. Постојат девојки кои наоѓаат дека оралниот секс е гаден и одвратен, исто како што ти или јас или Копиљ или пумата мислиме дека инцестот е гаден и одвратен. Дали тие девојку имаат право да побараат ЗАКОНСКИ оралниот секс да се санкционира? Ако имаат, тогаш зошто? Тие можат морално да го осудат и да не го практицираат, исто што како повеќето луѓе морално го осудуваат и не го практикуваат инцестот, но каде завршува моралната осуда, а каде започнува криминализацијата?

Каде е основата било која човечка пракса да се криминализира? Каде е основата една група на луѓе некоја одредена активност законски да им ја забранува на друга група на луѓе под закана од затворска или било каква казна?
И сега, наместо да се искористи шансата за квалитетна дискуија, го дрвите за семантика, а аргументи никаде ни за лек. Тој првиот пост кој ти го цитирав, беше идиотски, затоа што наместо да дадеш било како аргумент, го обвинуваше Копиљ за лицемерно Дон Кихотство. Дури и да е таков, а не е, ти не нудиш контра аргументи.
Никој, после 50 страни овде не понуди квалитетен аргумент зошто треба инцестот законски да биде криминализиран. Единствениот аргумент, дефектното потомство, за кој јас лично сметав дека е аргумент, се испостави дека е спорен. ИМА НЕКОЈ ДА ПОНУДИ ДРУГ АРГУМЕНТ, ИЛИ ЌЕ ГО ДРВИМЕ УШТЕ 50 СТРАНИ?


Значи, АРГУМЕНТ?
 
1. Самата АПА нема официјален и унифициран став за хомосексуалноста. Едни викат оти е патолошка појава други вродена.. Не го измислувам јас тава. Оти се работе на интерпретација за едно нешто.

4. Аналогиите не е дека не ми одговарат на мене, едноставно не може да се аргументираш дека ако едно нешто е оправдано, по аналоген начин и другото треба да е оправдано. За затвор, и ебавајне со браќа сестри, не ми е толку интересно дали некој ќе оде у затвор. Нештата шо ме секират се подоле напишани.

А за овчичка, благосостојба не дај боже егзистенцијата да ти зачука на врата. Друго ќе мислеш тогај... мех, шо се расправам и јас не знам.

Ставрогин нема и некакви аргументи за држејне да биде криминално дело инцесто. Финтата е шо со декриминализацијата, повеќето се осеќат оти е отворена вратата кон легализација на инцест, рекламирајнето како нешто најнормално (помодарството ќе оде и еден чекор понапред). И дека е таа црвена линија шо може да се ставе да не се дојде до таа ситуација, и дали у Македонија има некакви механизми шо функционират да го спречат тава.
 
Ставрогин[/USER] нема и некакви аргументи за држејне да биде криминално дело инцесто. Финтата е шо со декриминализацијата, повеќето се осеќат оти е отворена вратата кон легализација на инцест, рекламирајнето како нешто најнормално (помодарството ќе оде и еден чекор понапред). И дека е таа црвена линија шо може да се ставе да не се дојде до таа ситуација, и дали у Македонија има некакви механизми шо функционират да го спречат тава.
Благодарам на одговорот.

Според мене, малку е многу лицемерно неаргументирано да се држи забрана за некое дело само поради страв од можни идни барања. Или: ова не е доволно за кривично дело, ама ај нека си биде кривично, да не случајно некогаш некој побара и да се легализира вакво нешто.

Кај мене у книга ова е дефиниција за хипокризија.
 
Ставрогин нема и некакви аргументи за држејне да биде криминално дело инцесто. Финтата е шо со декриминализацијата, повеќето се осеќат оти е отворена вратата кон легализација на инцест, рекламирајнето како нешто најнормално (помодарството ќе оде и еден чекор понапред). И дека е таа црвена линија шо може да се ставе да не се дојде до таа ситуација, и дали у Македонија има некакви механизми шо функционират да го спречат тава.

Луки, јас сум многу конзервативен, иако тоа по моите постови во темите за хомосексуалноста не може да се заклучи. Но јас не верувам дека конзервативните вредности треба и можат да се бранат со закони.

Ако не не бива како род, ако ни требаат закони за да спречиме инцестуозен секс, подобро да не нема, отколку да практикуваме лицемерие.
 
Луки, јас сум многу конзервативен, иако тоа по моите постови во темите за хомосексуалноста не може да се заклучи. Но јас не верувам дека конзервативните вредности треба и можат да се бранат со закони. М
Ако не не бива како род, ако ни требаат закони за да спречиме инцестуозен секс, подобро да не нема, отколку да практикуваме лицемерие.
Тука флеваме веќе у територијата на личен избор. Вредности шо се бранат со закони најчесто са заобиколени со магла, па на некој му треба виша сила (у овај случај судската власт) да си ја уцврсте позицијата. То ест, ако е забранено со закон, значи е лошо. А лошо е оти со закон е забранено. И некаде на половин пат, логиката и вистината са фанале уџум.


Затава мене повеќе ме загрижува социјалнио аспект на целата работа, неговото рекламирајне, и целото влијание на тија тек шо се развиват како човеци. Пумата вика оти ќе се навикнат, јас мислам оти може да има посериозни импликации од едноставна “навика“.
 
То ест, ако е забранено со закон, значи е лошо. А лошо е оти со закон е забранено. И некаде на половин пат, логиката и вистината са фанале уџум.

Токму така. Околу ова се врти дискусијата. Ако сакаме слобода, и ако сакаме општество кое нема да не репресира, мора да размислуваме за законите кои ни се наметнати.
 
Инцест је сексуални контакт између особа које се налазе у сродству. Због њихових међусобних родбинских веза забрањен је законом или обичајима. Ове забране (и казне) имају за циљ да спрече и потисну најјаче и најстарије људске едипалне жеље, а то су агресивност према оцу као ривалу и инцестуозне жеље према мајци. Инцест је универзална појава и универзални табу, мада постоје варијације у зависности од средине. Што ближа родбинска веза између двоје људи, то је наглашенији и табу који забрањује или осуђује ступање у међусобне сексуалне односе.

Поголем аргумент од крвното сродсво нема.

Незнам за каква слобода зборите, однесувањето во согласност со законите ви ја нуди слободата секој прекршок ви ја одзема. Безусловна слобода не постои тоа до сега требало да ви биде јасно.
 
Инцест је сексуални контакт између особа које се налазе у сродству. Због њихових међусобних родбинских веза забрањен је законом или обичајима. Ове забране (и казне) имају за циљ да спрече и потисну најјаче и најстарије људске едипалне жеље, а то су агресивност према оцу као ривалу и инцестуозне жеље према мајци. Инцест је универзална појава и универзални табу, мада постоје варијације у зависности од средине. Што ближа родбинска веза између двоје људи, то је наглашенији и табу који забрањује или осуђује ступање у међусобне сексуалне односе.

Поголем аргумент од крвното сродсво нема.

Незнам за каква слобода зборите, однесувањето во согласност со законите ви ја нуди слободата секој прекршок ви ја одзема. Безусловна слобода не постои тоа до сега требало да ви биде јасно.
Крвното сродство не е аргумент. Самиот цитат кажува дека инцестот е табу. Не сум сигурен дека разбираш што значи тој збор.

Однесување во согласност со законите не ти нуди слобода. Ти нуди безбедност/сигурност, НА СМЕТКА НА слободата која ти ја ускратува.

И ти си побркала лончиња, чим можеш да кажеш дека рестриктивен закон овозможува слобода. Пооксиморонско тврдење од твоево - амин.
 
Безусловна слобода , добро знам, ама тоа го нема.

Безусловна слобода значи да убиеш некого и да не бидеш казнет. Очигледно дена не зборуваме за таква слобода. Еден куп човечки активности со право се криминализирани, затоа што можат да се понудат рациноални аргументи против нив. За инцестот е спорно. Еве на пример, аргументот кој ти сега го понуди не значи ништо.

По дефиниција, инцестот значи сексуална врска со некој кој ти е во крвно сродство.

Знаеш што ти сега напиша?

Инцестот треба да биде забранет затоа што е инцест.

Така не се аргументира.
 
Крвното сродство не е аргумент. Самиот цитат кажува дека инцестот е табу. Не сум сигурен дека разбираш што значи тој збор.

Однесување во согласност со законите не ти нуди слобода. Ти нуди безбедност/сигурност, НА СМЕТКА НА слободата која ти ја ускратува.

И ти си побркала лончиња, чим можеш да кажеш дека рестриктивен закон овозможува слобода. Пооксиморонско тврдење од твоево - амин.
Лончињата си ги побркал ти дечко штом бараш легализација на инцест и вековните правила не ти се доволни аргументи.

Табу значи апсолутна недопирливост и збрана, во случај на прекршок следи некаква казна за сторителот.Инцестот е еден од најстарите табуа( читај забрани).

Апсолутната безусловна слобода е ограничена со закон, што значи дека ако се однесуваш слободно онака како што тебе ќе ти се сака а не е во согласнсот со моралните, законските норми и правила ќе бидеш санкциониран. Што значи слободен си се до оној момент кога ќе ги прекршиш правилата.

Што не ви е јасно.
Глумите лудило на форумов и само се расфрлате со фрази.
Аргумент па аргумент.
Инцестот треба да биде забранет затоа што е инцест.
Точно. Крвното сродство е најголемата причина за негова забрана (за мене, а верувам и за повеќето е доволна и единствена причина, и не се замараат понатаму да образложуваат зошто и како) т.е. последиците од раѓањето на деца со пречки во развој. На државата не и се исплати да го декриминализира и легализира инцестот од проста причина - раѓањето на деца со пречки во развој (иако постојат контрацпции) сепак државата нема да се потпре на добрата волја и желба на инцест партнерите дали да имаат или ќе немаат деца и одлуката утре тие деца да бидат оставени во некоја институција, може да не ги остават но ако ги надживеат родителите повторно ќе бидат институционализирани, третманот и лекувањето се скапи.
А на здравите деца родени во инцест што ќе им се објасни вујко ти или дедо ти ти се таковци, или баба ти е мајка.Супер.

Мотив - зошто се стапува во инцест врска?
Каде е тука безусловната љубов на релациите:
мајка- дете
татко дете
брат- сестра
и др.роднински врски.
како може некој да живее во инцест истовремено да бидат љубовници мајката и синот, и во исто време мајката да биде модел преку кој ќе го воспитува синот.
 
Што не ви е јасно.
Глумите лудило на форумов и само се расфрлате со фрази.
Аргумент па аргумент.
Инцестот треба да биде забранет затоа што е инцест.
Точно. Крвното сродство е најголемата причина за негова забрана (за мене, а верувам и за повеќето е доволна и единствена причина, и не се замараат понатаму да образложуваат зошто и како) т.е. последиците од раѓањето на деца со пречки во развој.

:icon_lol:

Уште еден мајстор на логиката.

Дајте друго дете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom