Бев годинава на Лефкада и стварно си вреди местото, плажи топ, преубава природа, авантуристично возење по островот.
Најчесто на лежалките и чадорот се плаќаат, не се гратис со пијачка и се по цена од 5-7 евра (зависи каде). Речиси сите плажи имаат чадори и лежалки, и сега јас кога бев пред 10-тина дена иако беше сезона, имаше место да се фане. Лежалки нема само на неколку, обично помали плажи, Порто Кацики меѓу нив.
За јадење не е баш ефтино, у ресторани без минимум 30 евра не се излегува, во фаст фудови може гира и сендвичи да се најдат за 2, 2.5 евра па нагоре, у маркети генерално цени како во Грција, а има и големи маркети како Лидл и сл, не се сеќам сега цени на поединечни продукти.
Јас бев со своја кола, бензинот е поскап на островот од остантиот дел од Грција, 95-ката беше мислам 1.50 и нешто последно кога турив.
За патиштата, мене многу ме плашеа со патиштата пред да тргнам ама мора да кажам дека не баш толку страшно. Патишта низ островот, оние главните кој водат север-југ низ него се одлични, има кривини но се широки и со одличен асфалт, добро означени, кај нас на таков ридско-планински терен ќе беа козји патеки. Е сеа патиштата до самите плажи се малце полоши, особено проблем е што се тесни, но тие тесни и лоши делови се воглавом само неколку километри ептен веќе до пред плажа, но не е толку страшно, полека возење, внимавање на други коли за разминување и нема гајле. Мене лично најпроблематични ми беа поминувањта низ некои села каде има тесен пат и многу возила кои мора да се разминат, па мора да стои еден, за другиот да помине.
Исто битно, ако одите на плажата Егремни (а треба да се отиде), бидејќи е ептен популарна, ич не планирајте да паркирате на паркингот, а видите коли оставени на патот, паркирајте позади нив, оти тоа значи дека на паркингот секако нема место, само може да се заглави во гужвата. Но има една плажа одма до Егремни, Гиалос се вика, слична е на првава, а има многу помалце гужва и многу слободен паркинг. Иначе ја паркинг на Лефкада цел одмор не платив буквално никаде, ни на плажите ни во населените места кои ги посетив.