Лефкада

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Бев годинава на Лефкада и стварно си вреди местото, плажи топ, преубава природа, авантуристично возење по островот.

Најчесто на лежалките и чадорот се плаќаат, не се гратис со пијачка и се по цена од 5-7 евра (зависи каде). Речиси сите плажи имаат чадори и лежалки, и сега јас кога бев пред 10-тина дена иако беше сезона, имаше место да се фане. Лежалки нема само на неколку, обично помали плажи, Порто Кацики меѓу нив.

За јадење не е баш ефтино, у ресторани без минимум 30 евра не се излегува, во фаст фудови може гира и сендвичи да се најдат за 2, 2.5 евра па нагоре, у маркети генерално цени како во Грција, а има и големи маркети како Лидл и сл, не се сеќам сега цени на поединечни продукти.

Јас бев со своја кола, бензинот е поскап на островот од остантиот дел од Грција, 95-ката беше мислам 1.50 и нешто последно кога турив.

За патиштата, мене многу ме плашеа со патиштата пред да тргнам ама мора да кажам дека не баш толку страшно. Патишта низ островот, оние главните кој водат север-југ низ него се одлични, има кривини но се широки и со одличен асфалт, добро означени, кај нас на таков ридско-планински терен ќе беа козји патеки. Е сеа патиштата до самите плажи се малце полоши, особено проблем е што се тесни, но тие тесни и лоши делови се воглавом само неколку километри ептен веќе до пред плажа, но не е толку страшно, полека возење, внимавање на други коли за разминување и нема гајле. Мене лично најпроблематични ми беа поминувањта низ некои села каде има тесен пат и многу возила кои мора да се разминат, па мора да стои еден, за другиот да помине.

Исто битно, ако одите на плажата Егремни (а треба да се отиде), бидејќи е ептен популарна, ич не планирајте да паркирате на паркингот, а видите коли оставени на патот, паркирајте позади нив, оти тоа значи дека на паркингот секако нема место, само може да се заглави во гужвата. Но има една плажа одма до Егремни, Гиалос се вика, слична е на првава, а има многу помалце гужва и многу слободен паркинг. Иначе ја паркинг на Лефкада цел одмор не платив буквално никаде, ни на плажите ни во населените места кои ги посетив.
 
Како не плати паркинг? На Порто Кацики каде паркираше?
За патиштата..... на неколку места колата во прва брзина едвај искачаше... патот према плажите Егремни и Пор Кац води низ села каде две коли не можат да се разминат....после секое идење на некоја од плажите на колата имаш еден тон прашина, можеш да црташ на неа
На ниедна од плажите нема тушеви или барови, а за пристапот до нив да не збориме
Цените им се 30% поскапи од слични места - сместување од 1ви Септември нема под 20 еур/ноќ и тоа во соба 2x3
Ниедна плажа не е со ситен песок, туку со камчиња
Дискотеки или кафичи скоро и да нема (освен може во Нидри). Останатите места после 22 часот се пусти.
Нешто што вреди се зајдисонцата, и Лефкада е уствари многу фотогенична :)
Да не се лажеме,за тие пари има многу поубави места во Грција, само што за Лефкада не се плаќа траект и затоа цела Македонија отиде таму.
 
Кефалонија бил некој ?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не бев на Кацики, а патот освен делот со селата како што реков, воопшто не е лош. Не е точно дека после 22 местат се пусти, секаде е полно народ, ресторани нема место да седнеш и во Василики, Нидри и во Лефкада, само што нема ноќен живот за млади до дискотеки, но дека нема народ не ти е точен податокот.
 
Бев пред 2 години, сместен во Агиос Никитас, и шетавме и во Лефкас и во Василики. Не знам зошто би ве лажел?!
Во 22 саат ќе ни викнеа полиција зошто седевме на тераса и правевме муабет. Во кафичите после фудбалот што идеше не ТВ сите странци си одеа во собите
 
Е па ја бев пред 10 дена и ти кажувам дека у 01.00 по полноќ во центарот на Лефкада имаше доста народ, но точно Лефкада не е за млади кои сакаат журки до пет сабајле.
 
А што правевте во 1 по полноќ, освен што сигурно сте јаделе гиро и сладолед?

Би сакал да слушнам твое мислење за останатите мои констатации, се фати за ова дали било пусто или не...
 
Добро шо се заинати толку бе човек, седевме у ресторан до 12.30 и после се прошетавме уште малце, за останатите констатации напишав погоре, мене патот не ми беше толку напорен, селата се заебани тоа да, плажите се убави, е сеа точно дека повеќето не се многу урбанизирани (тушеви, тоалети и сл) али јеби га тоа е.
 
Не се заинатив,те прашав што правевте во 1, ако не сте биле по кафичи и дискотеки, и каде е тука забавата? Ако не ти се допаѓа моето мислење не значи дека лажам или што би рекол ти:не ти е точен податокот.
Дали има песок или камења на плажите?
Сам кажа дека цените се солени.
Возеше ли 20 км до најблиската плажа - претпоставувам во Нидри си бил сместен
Пристапот до плажите е за трактор, не за кола - сам кажа.
Паркингот на Пор Кац беше 5 еур на една ледина со црвена земја од која не можев да ја исчистам колата, од која имаш 10 мин пешки до плажа.
И кај е тука убавината?
Има толку убави острови Грција, ама се плаќа траект, и да не се лажеме, затоа 90% идат во Лефкада. А да, интересно, не сум чул некој да се врати по втор пат.
Еве ако ти се допаднало толку, догодина пак да ни пуштиш слики од таму.
Би сакал да слушнам и друго мислење, да не биде дека кршам филм на тие што сакаат да одат
 
Во Василики бев. Не, догодина нема да одам оти имам планирано и други места и држави кои сакам да ги посетам, но после некоја година би се вратил со задоволство. Јас немам жена и деца и не ми е проблем ни да возам 20 минути до плажа, ниту да поодам малце пешки, но ете нека има различни мислења на темава, не мора да се согласуваме во се.
 
Еј, сабота и јас одам во Лефкада со автобус, па би сакал да знам по колку пари се движат цените за да изнајмам скутер. И кои места би требало да ги посетам дури сум таму. Досега колку шо гледам по темава Рахи Ресторанот (може да се оде со скутер до таму ?) , Нидри и плажата Егремни.

ty .
 
Јас 2014 бев во Василики во Лефкада и можам за мојот вкус на годишен одмор да искажам само пофалби,почнувајки од сместување,до народот таму ,па се до плажите....Секој си има свој стил на годишен одмор па така и ако некој отишол во Лефкада 650км отприлика и плус 200-300км за да ја прошета цела за да бара дискотеки и плажи веднаш до сместувањето и плус автопат до плажа. тогаш НЕКА НЕ ОДИ во Лефкада.А секој оној кој сака монденски одмор полн со авантураизам тогаш Лефкада е една од поубавите топ дестинации во Грција.
Инаку за мене во Лефкада најубава плажа е Агиофили па Егремни ,ПортоКатцики,Катизма итн....Лежалки не мора на ниедна плажа да плаќате ако не сакате.Исто така и паркинг ако не се правите ептен господа не се наплатува (Пример возиш 15мин со кола до плажа идеш пешки 10 мин без да платиш паркин е втора опција е место 10 мин пешки идеш 5мин а плаќаш 3-5 евра паркинг..Не е до парите ама нема логика.....Јас бев во Василики баи хотел го имате на боокинг може да си побарате супер понуда...Тоа сега на прво сеќавање ми текнува
 
Ме интересира конкретно за Агиофили. Дали е проодна со кола ? Бидејќи мн статии читав и сите препорачуваат да се избегне со кола, освен за со џип.... И според тебе да ми кажеш за тазе шофери, што да се избегне ?
 
Jas odam na 27 juni do 17 juli dakaze nekoj vo toa vreme dali ima mnogu guzva ce bidam smesten vo vila na 1 km od plaza vo glavniot grat[DOUBLEPOST=1457983337][/DOUBLEPOST]http://www.iliaktida.com/lefkada-accomodation.php
DALI IMA NEKOJ ODENO VO OVAA VILA I ZA ISKUSTVO VE MOLAM
 
Последно уредено:

Лошо е за база другар далеку е од сите убави плажи ! Според мене најдобро е да се сместиш во Агиос Никитас имаш 3 плажи кои се релативно блиску , а Порто Кацики и Егремни се одалечени едно 20 км од таму плус имаш се освен голем избор за шетање навечер. Тој период па водата не очекувај да е многу топла за бањање. Најубав период јули -август до 10 септември најдоцна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom