ЛеБрон Џејмс, новиот Џордан?

  • Креатор на темата Креатор на темата legend
  • Време на започнување Време на започнување
Сарказам? :raz:

Не би рекол...Повеќе вашето личи бидејќи колку шо гледам сите фанови независно на кој клуб потврдуваат а единствено фановите на Лејкерс негираат за квалитетите на Џејмс.Нешто има дали оти таму игра поранешниот најдобар играч незнам.Сванете неможете да ги споредувате ЛеБрон и Коби.Коби беше најдобар или еден од најдобрите во своето време.Актуелото време е на ЛеБрон и така ќе биде и во наредните 7-8 години а Коби за една до две години ќе почнат да го викаат ветеранот на ЛАЛ
 
чекате бе прво треба Коbe да го стигне па после ке праиме муабет ехе до jordan има многу:pos2:
 
Сепак ваква споредба сеуште не е возможна,ако се знае каков играч беше Џордан и што се постигна во неговата богата кариера.Помладите на форумов сигурно не ги гледале блескавите изданија на Џордан,фантастичните натпревари во финалињата против Јута,неговата неприкосновеност во шампионатот,па оттаму заклучокот дека Џејмс е дури и подобар од Џордан е сосема неоснован.Иако се соочи со многу пречки и премрежја во неговата кариера,убиството на татко му кое страшно многу го погоди,краткиот излет во бејзболот,сепак се врати во голем стил во кошарката и му донесе уште неколку титули на тимот.Впрочем и на поодминати години со неговото враќање на терените покажа дека може да се носи со многу помлади играчи од него.
Секоја чест за Џејмс,кој несомнено поседува огромен играчки и физички потенцијал,но во овој момент споредбите со Ер Џордан звучат сосема нескромно.Можеби статистиката ви дава право на тоа,но сепак постигнувањата на Џордан,во овој момент не можат да се споредат со ничии други постигнувања во овој спорт.Имаше повеќе такви споредби,но ниедна не се покажа оправдана.Можеби Џејмс е лимитиран поради неговиот тим,во кој е неспорно дека повеќето играчи се класа послаби од него,но искрено и јас се надевам дека ќе заигра со многу поквалитетни соиграчи,па тогаш уште повеќе би дошол до израз неговиот потенцијал,а секако и титулите како резултат на сето тоа.
 
Не би рекол...Повеќе вашето личи бидејќи колку шо гледам сите фанови независно на кој клуб потврдуваат а единствено фановите на Лејкерс негираат за квалитетите на Џејмс.Нешто има дали оти таму игра поранешниот најдобар играч незнам.Сванете неможете да ги споредувате ЛеБрон и Коби.Коби беше најдобар или еден од најдобрите во своето време.Актуелото време е на ЛеБрон и така ќе биде и во наредните 7-8 години а Коби за една до две години ќе почнат да го викаат ветеранот на ЛАЛ

Да не генерализираме, јас сум фан на Лејкерс али во неколку наврати зборев за кошаркарската големина која со себе ја носи Леброн .
Пак ке се повторам, Коби е копија на Ем Џеј, неговиот стил на игра премногу наликува на оној од Џордан, само во поусовршена верзија аналогно на моменталната состојба во НБА која е на многу повисоко ниво од она во кое Џордан уништуваше на терените .
Леброн е едноставно Леброн, веке спомнав на темава дека ако веќе барате некој играч со кого би го споредувале, тогаш тоа би бил Меџик Џонсон, на друг не ми текнува, а Џордан во никој случај, немаат заеднички елементи, различен стил на кошарка играат и нелогично е да правите споредба помеѓу нив двајца .

А кога сме кај Коби, истиов зависи од друга ѕвезда во тимот, т.е. играч кој ке има висок просек на дадени поени, затоа и беше доведен Гасол, тука е и Бајнам а на времето тука беше и Шек, пред Гасол, и по Шекил Лејкерс беа просечна екипа, во никој случај не беа конкуренти за титулата, факт. А кај Леброн е обратна ситуација, башка што дечкото си има еден олраунд просек на мечевите, нешто што бар мене и не ме изненадува ( посебно со асистенциите ) зашто уште како многу млад има изјавено дека еден од неговите идоли во НБА е Џејсон Кид, и дека го обожава таквиот начин на игра .

п.с. Неколку пати повторивме, Леброн има само 24 години :D .
 
Не би рекол...Повеќе вашето личи бидејќи колку шо гледам сите фанови независно на кој клуб потврдуваат а единствено фановите на Лејкерс негираат за квалитетите на Џејмс.Нешто има дали оти таму игра поранешниот најдобар играч незнам.Сванете неможете да ги споредувате ЛеБрон и Коби.Коби беше најдобар или еден од најдобрите во своето време.Актуелото време е на ЛеБрон и така ќе биде и во наредните 7-8 години а Коби за една до две години ќе почнат да го викаат ветеранот на ЛАЛ

Па нормално не може да се споредуваат, играат различни позиции. И доста на секоја тема Коби ви е во уста и во мислите.
 
Па нормално не може да се споредуваат, играат различни позиции. И доста на секоја тема Коби ви е во уста и во мислите.
Па нормално, на сите им е во мислите најдобриот кошаркар на денешницава, и мене ми е :helou:

Супер кажа Syn погоре, Леброн е супер играч, ама далеку од тоа дека има сличности со Џордан, тоа единствено може да го видиме кај царот Коби

 
Баш денес гледав документарка за Мајкл Џордан и само го потврдив тоа што го знаев. Никој не може ни да му се доближи а камо ли да биде новиот Џордан.

Јас сум фан на Леброн , ама дечкото игра скрос друг стил на кошарка од Џордан , многу повеќе Коби потсеќа на Мајкл како што 100 пати беше кажано на темава. За 20 години ќе го бараме новиот Леброн , новиот Коби , новиот Ајверсон , и тоа нема никаде да води. Секој од нив е добар на свој начин и секој е феноменален индивидуалец.

Џордан го правеше цел тим подобар , ја фала му на Бога ја имав честа да го гледам во најубавите години, и никогаш нема да има нов Џордан. тој е величина на кошарката. А и денешниве играчи се супер NBA одамна не била вака интересна така да споредбите Џордан-Леброн-Коби-Медведенко се неблагодарни :)
 
po mene Lebron e Ok ali i igra i izgleda fizicki sasvim poinaku od MJ, Kobi mozebi e poblisku so igrata do MJ ali pak nema tolkava harizma, a spored mene fizicki i po potezite/dvizenjata D. Wade najmnogu me potsekja na MJ, mada uste site se so svetlosni godini daleku od MJ.
 
Неможе Леброн да се споредува со Џордан.Џордан е еден и единствен и тешко дека ќе може некој да го достигне него.Плус тоа Леброн и Џордан немаат ама апсолутно никаква сличност.Сепак колку и да беше најзаслужен Џордан за титулите на Чикаго тука секогаш му помагаше Пипен нешто слично како што е моментално со Коби и Гасол.А во Кливленд не ми доаѓа на ум играч освен Илгаускас до некаде кој му помага редовно на Леброн.Ама со оглед на тоа дека Илгаускас беше доста време повреден и го немаше некое време Леброн сам играше.
Заклучок од сето ова:Леброн е :zver:(фан сум на Лејкерс ама што е тука е) ама никако неможе да се споредува со Џордан,барем не во моментов.Двајца скроз различни играчи се во моментов.
 
Момци, јас сум фан на ЛАЛ, според мене Коби е најдобар, но да се разбереме едно.... Коби + ЛеБрон = Џордан :toe:
 
Па нормално, на сите им е во мислите најдобриот кошаркар на денешницава, и мене ми е :helou:

Супер кажа Syn погоре, Леброн е супер играч, ама далеку од тоа дека има сличности со Џордан, тоа единствено може да го видиме кај царот Коби

Се согласувам со овој дел :helou: Првин треба Коби да го стигне па после да се споредува со Џордан :wink:
 
Абе како не,Коби е боље од Леброн...
 
hahahaha da igra ovoj na zapadot ke bide dobar prosecen igrac zamislete brajant da igrase na istokot sam ke gi tepase pola od timovite
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom