LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
Избегни ги филипс.

Не си грешка за филипс, панелите им се крш и имаат страшен backlight bleed. Во сите посериозни страни и магазини кои се занимаваат со телевизори филипсот никогаш не е во самиот врв.

Тоа 100Hz што ти кажала продавачката не е за подобрување на слика, туку за „помазна“ слика еве ти еден пример.
1291306921tv%20gotowe%2050hz.JPG

(Лево 50Хз, Десно 100Хз)
Не е толку приметно ама за спорт дефинитивно се препорачува 100Hz.

Моја препорака
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=201966
3000 денара е поскап од твојот буџет ама сепак не купуваш телевизор секој ден. Ако сега го земеш филипсот ке се каеш наредни 5+ години :icon_lol:

Смарт ТВ имаш апликации како на пример јутјуб на телевизор директно, 100Hz, Full HD, Led и ги чита сите формати од УСБ.
Аха, ок, овој што ми го препорачуваш нема MPEG-4 наведено, а нели тоа треба за дигитална тв (или грешам). Инаку читајќи низ темава прочитав дека тие 100Hz всушност не биле целосно искористени (демек било маркетиншки трик), и дека треба да барам со повеќе херци тв за да ги добијам тие 100.
 
DVB-T/C HD ова ти е за дигитална тв
 
Значи ЛГ и Самсунг да барам

По добра варијанта не гледам Ја имам Samsung со усб подршката за филмови ми е хакната mkv и останати фајлови ми чита со се DTS 720p и 1080p

LG се исто така многу добри ама па имаат мана со усб филмови со DTS не ги чита треба да се конвертира и слични срања
 
Филмовите ми се од второстепена важност, повеќе ме интересира квалитетот на сликата на тв, и уште нешто, аналогна кабловска сигурно ќе има крш слика на овие телевизори, затоа планирам да ставам сателитска од тотал тв.
 
Со LG и Samsung ке имаш многу квалитетна слика ја користам Аналогна телевизија па сум задоволен од сликата што ја вади башка што имам и дигитални канали со DVB-T/C HD
 
Samsung сигурно влегува во конкуренција со погоре споменатите брендови.
 
Абе да ги прашам корисниците на плазма со ова горештиниве како излегуваат на крај? :D
 
Со LG и Samsung ке имаш многу квалитетна слика ја користам Аналогна телевизија па сум задовелон од сликата што ја вади башка што имам и дигитални канали со DVB-T/C HD
Samsung сигурно влегува во конкуренција со погоре споменатите брендови.
Дај препорачајте нешто од Самсунг тогаш, што конфигурација користите вие???
Да биде некаде до 22-23 илјади 32 инчен, или пак насочете ме што да барам кај овие тв (во смисла на конфигурација и сл), зошто како што реков ова за мене горе доле е шпанско село:D
 
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=201629

http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=201961
 
Дај препорачајте нешто од Самсунг тогаш, што конфигурација користите вие???
Да биде некаде до 22-23 илјади 32 инчен, или пак насочете ме што да барам кај овие тв (во смисла на конфигурација и сл), зошто како што реков ова за мене горе доле е шпанско село:D
Друже барај тоа што тебе ти треба. И најубаво, отиди во салон и погледни ги моделите. Нека ти пуштат спорт на телевизорот и види како иде. Или симни некоја утакмица, нека биде SD не HD, и пушти ја преку плеерот кај нив. Ако ти треба помош за ова, пиши ПП. И провери во каков мод им е наместен телевизорот (природно, динамично, филм..).
Можеби сега мислиш дека некои опции не ти се важни, ама со време ќе стекнеш потреба за нив. Првото ЛЦД ми беше Тошиба, многу солиден модел што го земав на акција за пола цена од 40к за 20к. Одлична слика вади, ама ми фалеше USB влез за видео, а после тоа и мрежа. Пред две години, земав Самсунг 40C650. Го земав малку солено, околу 50к беше, ама сум ептен задоволен. Се чита плеерот од видео, и фајлови со големи битрејти ги чита без проблем (преку 25 мегабита), одлична слика, мрежа што ми беше многу важно. Мрежава ми е многу важна зашто го имам телевизоров како уред автоматски во Win7, симињам некое видео, десно копче на него и има опција Play to - TV. Одлична ствар, без да снимам на УСБ. Ако имаш и компјтер на иста мрежа, преку телевизорот можеш да си ја гледаш мрежата и да пушташ видео, музика, слики...повторно го избегнуваш снимањето на УСБ. И ако сакаш да гледаш филмови преку УСБ, симни неколку филмови во различни контејнери (avi, mkv, mp4, mov, m2ts и со различни аудио кодеци како DTS, DolbyDigital), и за ова ако сакаш да го правиш, пиши ако треба помош.
 
По добра варијанта не гледам Ја имам Samsung со усб подршката за филмови ми е хакната mkv и останати фајлови ми чита со се DTS 720p и 1080p

LG се исто така многу добри ама па имаат мана со усб филмови со DTS не ги чита треба да се конвертира и слични срања
што самсунг имаш друже ако не е тајна :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom