Дај препорачајте нешто од Самсунг тогаш, што конфигурација користите вие???
Да биде некаде до 22-23 илјади 32 инчен, или пак насочете ме што да барам кај овие тв (во смисла на конфигурација и сл), зошто како што реков ова за мене горе доле е шпанско село
Друже барај тоа што тебе ти треба. И најубаво, отиди во салон и погледни ги моделите. Нека ти пуштат спорт на телевизорот и види како иде. Или симни некоја утакмица, нека биде SD не HD, и пушти ја преку плеерот кај нив. Ако ти треба помош за ова, пиши ПП. И провери во каков мод им е наместен телевизорот (природно, динамично, филм..).
Можеби сега мислиш дека некои опции не ти се важни, ама со време ќе стекнеш потреба за нив. Првото ЛЦД ми беше Тошиба, многу солиден модел што го земав на акција за пола цена од 40к за 20к. Одлична слика вади, ама ми фалеше USB влез за видео, а после тоа и мрежа. Пред две години, земав Самсунг 40C650. Го земав малку солено, околу 50к беше, ама сум ептен задоволен. Се чита плеерот од видео, и фајлови со големи битрејти ги чита без проблем (преку 25 мегабита), одлична слика, мрежа што ми беше многу важно. Мрежава ми е многу важна зашто го имам телевизоров како уред автоматски во Win7, симињам некое видео, десно копче на него и има опција Play to - TV. Одлична ствар, без да снимам на УСБ. Ако имаш и компјтер на иста мрежа, преку телевизорот можеш да си ја гледаш мрежата и да пушташ видео, музика, слики...повторно го избегнуваш снимањето на УСБ. И ако сакаш да гледаш филмови преку УСБ, симни неколку филмови во различни контејнери (avi, mkv, mp4, mov, m2ts и со различни аудио кодеци како DTS, DolbyDigital), и за ова ако сакаш да го правиш, пиши ако треба помош.