Не знам дали е соодветна тема, ама ќе пишам тука...
Кратка приказна од мое лично искуство.
Сите ние имаме телевизор дома. Се повеќе и повеќе од нас (ако не и сите) сме сопственици на "моредни" led телевизори.
Вака... Во 2014та, купив телевизор. LG. 42`, LED, FullHD, 3D, Smart TV, со тогаш 2 години гаранција. Нормално, откако ќе помине гаранција, веќе можеш да почнеш да очекуваш дека нешто може да откаже. Па така кај мене, неколку месеци откако помина гаранцијата (се погоди летото 2016та), прв пат ми се расипа телевизорот. Имаше дефект на позадинското осветлување, слика има ама неосветлена.
Прв момент, си викаш ако го носам у сервис, ќе остане којзнае колку дена таму, ќе те ошурат, ќе ти дадат само 3 месеци гаранција за оправката, и не знаеш пак на што си.
Па почнуваш да се распрашуваш по роднини и пријатели да ти препорачаат некој мајстор од поверење.... И ми даваат број, наводно задоволни од неговата услуга и од направеното. Дотичниот мајстор се вика
Бранко (познат како
Бранко Треф по скопските електроничари и сервисери, познат по неговиот "Уникатен стил" на работа - што јас од после го увидов). Ми го даваат бројот,
070 227 011. Кога гледам се совпаѓа со бројот на еден од ретките огласи за вакви услуги....
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=2091467
Се јавувам на телефон, човекот крајно културен, ми бара слика од телевизорот со модел со све, му праќам, вика ќе дојдам, ќе го земам, за неколку саати ќе биде готов и ќе кошта околу 3000 ден. Си викам, супер зделка. Ем нема да сме долго без телевизор, ем не е претерано скапо, башка демек човек по препорака.
Така и беше, го зема, го врати за 3 саати, телевизорот пак си работи, сите среќни и задоволни.
Поминуваат неколку месеци, не знам точно колку, од прилика скоро една година, телевизорот пак се расипува. Пак со исти симптоми. Си викам, ете, дошле на ред другите диоди, да ти е*ам и LG и телевизор и све. Ај, задоволен од услугата првиот пат, му се јавувам пак на Бранко. Бранко пак доаѓа, го зима телевизорот, го поправа за 3-4 саата, го враќа, иста цена на коштање, ние пак среќни. Си викам сеа се оправија сите диоди, сега сум раат неколку години.
Арно ама, пред неколку дена се случува истото, по трет пат. Е тука веќе, крај. Викам, мене очигледно ме је*е некој. Почнувам да се распрашувам по сервиси, електроничари, пријатели и роднини... Го носам кај друг сервисер (нема да го именувам, за да не испадне дека го рекламирам). Човекот ми вика треба да го отвориме телевизорот, да видиме што е, откако ќе отвориме, ќе те контактирам, ќе те запознаам со проблемот, и варијантите за отстранување на истиот. Ми вика не знам што да очекувам внатре во телевизорот, има све и свашта и секакви мајстори. Викам ОК, барај ме кога ќе биде, ќе се чуеме и ќе се договориме.
Во текот на утрешниот ден, ми стига порака на Viber, од мајсторов. Содржината на пораката, неколку слики...
и муабетот:
- "Pozadinskoto e katastrofa. Vaka ni divite pleminja vo Afrika ne rabotat.
- "Оva mi lici na Branko Tref"
- "Za 20 min. ke ti pisam da vidam dali nesto moze da se iskoristi".
Ми се јавува после помалце од 20 минути, и ми кажува дека од 10 ленти, 8 се упропастени. Уз пат уште некој муабет кој веќе не е битен...
Неколку саати покасно, ми праќа пак слики од извршената поправка (како уствари треба да изгледа све)...
Отидов, си го земав, платив 3700 денари, и целото позадинско осветлување е заменето.
Ко за крај... Си викам, да му се јавам пак на дотичниот Бранко, и да му кажам дека телевизорот ми е пак во дефект, па да дојде да го земе, па кога ќе дојде да го праам лом... После си викам, кој го е*е, не заслужува да се расправам, па ќе стокмам еден текст, и ќе го објавам насекаде по интернетов кај што сум активен (повеќе или помалце).
Целта на муабетов ми е да го споделам моето исксутво со еден од многуте "вакви" мајстори, воедно и антиреклама за истиот. Сите имаме телевизори по дома, сите ги користиме секојдневно... Кога ќе настане проблем секој од нас сака брзо да заврши работа и нели ако е можно поевтино да поминеш. Јас го почастив Бранко 100 евра, за "касапски" завршената работа. Дознав дека човекот си има (како што реков претходно) "уникатен" и препознатлив стил на работа.
Тоа е тоа, чувајте се од вакви преваранти.