Филипс не е бренд што го знаеме од 90-те, Филипсот,Шарп,Панасоник спагаат во средната класа на телевизори, имаат лоши шасии,лоши електролити, имаат мизерен софтвер кога и да е ке почне да трокира, Samsung ја имаат најдобра подршка, рутирање отклучување заклучени функции и слично,го произведуваат најдобриот панел заедно со LG, читање на USB ДТС звук кој никој телевизор го нема, имаат и најдобар усб медиа плеер додека другите телевизори не читааат DTS од MKV фајл, па мора конвертирање и слично
Бате ако на android со vlc плеер и избор на уште едно 3000 плеери,не чита нешто самсунг и останатите со нивните софтвери никогаш и нема.
Замисли јас кога го купив LG телефонот со андорид немаше дигитрон во него.
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Абе на стариов Алкател имав.Викам што е работава сега.
Но тоа не ми сметаше. Отидов на PlayStore и имав избор од 2650 калкулатори да бирам
Пази тогаш 2650 дигитрони
![Мистичен :misticen: :misticen:](/styles/default/xenforo/emot/mist.gif)
Ама софтвер батка. Тогаш Нокиа имаше вградено дигитрон но само тој некој од Нокиа што решил да го стави и толку
Замисли можност од 2650 калкулатори кај моево LG наспроти само 1 кај Нокиа.
Ете зашто пропадна Нокиа.
Нормално дека андроид ќе кочи кога има милион програми. Не мора сите да ги ставаш нели.
На ЛГ што ќе кочи кога нема ништо. Youtube и толку. Ограничено
Кај нас и не e добро да се купува LG пошто македонија воопшто и ја нема во земјите за подршка и голем дел од моделите доаѓаат од Турција и посебно Унгарија со Р oзнака која има значење за југоисточниот пазар и далеку од западните модели.
На кратко во Македонија доаѓаат најлошите ЛГ телевизори, па нека не ве чуди ако пр. Quart или favorit до нив има поубава слика[DOUBLEPOST=1477651744][/DOUBLEPOST]
Мојот LCD телевизор од ЕлЏи е стар повеќе од 5 години, можеби повеќе од 6 години, па сеуште има нов firmware за него.
Не е Smart TV, нема можност ни за жично, ни за безжично поврзување преку Интернет, но сепак секоја година има нов firmware за него.
Премногу си ги засакал Филипс, затоа ги препорачуваш на сите останати.
Не сум пристрасен, но ако во 2016 година ти се радуваш на Firmware кога некој со Филипс и Сони има милиони апликации на располагање,игри и тоа јаки наслови,огромна подршка и секојдневни новини незнам што да кажам.
И јас имам стар Самсунг кој сега ми е како втор телевизор.Го имам веќе 4-5 години. Имам и панасоник кој е нешто постар. За самсунгот уште ми стигнува некој си софтвер,но веќе не се ни мачам да го ставам кога нема ништо да добијам.
Но према новиов филипс кој веќе и не е така нов(ќе правиме годинка уште некое време)
Стариве тв дома ми изгледаат тоооолку многу стари.
Реално не ја разбирам поентата да купувам нов ЛГ или останат бренд на телевизор освен филипс и сони кога добивам исто што и на стариот Самсунг го имам.
Самсунг би купил само некој од Curved моделите бидејќи лично ми се допаѓаат тие и имаат убав дизајн и на нив самсунг им има посветено доста труд и време. Во Америка тие им се и најпродавани модели на гамата
Од LG дома и во викендица имам полно работи 2клими,миксер,2 мобилни г3 и г4, и би земал можеби и телевизор во иднина, но кога би ставиле андроид.
До тогаш жал ми е ама не сум толку богат па да менувам телевизор на 5-6 месеци или после 2 дена откако ќе ми здосади.
Дома имам филипс 7100 кој е стар околу 10 месеци. И денес тврдам дека до кој LG да го ставиме ќе му нема рамен.
Едноставно не му се конкуренција бидејќи немаат ништо од апликации.
Конкуренција на мојот Филипс му се само новите модели на Филипс и Сони.
јбг се изменија работите. Панасоник на времето беше поим за телевизори заедно со Loewe,SHARP кои беа прескапи, но денес се свртеа работите.
Не сум пристрасен.Верувај јас сакам LG,Samsung па и Panasonic да вградат андроид во нивните телевизори.
Друго е кога ќе има конкуренција. Вака имаме Monopol поточно Duopol каде 2 фирми го диктираат пазарот.
Среќа е што Филипс и при дуопол,навистина има добри цени на нивните модели и постојано се развива. Повеќето се прават во Полска од каде се извезуваат истите модели за сите пазари во Европа што е одлично.
Не сум дискриминиран јас како жител на Македонија. Го добивам истото што и Германецот, Италијанецот,Словенецот.
Јас во иднина би сакал да видам намалување на Сони Андроид телевизорите се разбира со квалитет како овој сега но со поевтини цени.
Тогаш би можело и да го заменам филипсов. До тогаш ќе тера овој бидејќи има и повеќе од што е потребно.[DOUBLEPOST=1477654459][/DOUBLEPOST]
Какви се овие споредби бренд со бренд ? Филипс ништо не чини, се што е Самсунг, ЛГ, Сони е во ред ?
Значи кога се споредува и кога се дава предлог давајте конкретни модели а не цел бренд да го исклучувате уште во старт.
Во ред е за Quart, ST, NEO, Fuego да се избегнуваат и слични на нив, но немојте и докажани брендови како Филипс, Панасоник да ги ставате во исти кош со нив.
Сигурно дека и филипс има добри модели како што и самсунг има лоши.
Сигурно дека Филипс >7xxx моделите се подобри од било кој самсунг <5xxx, така да споредувајте конкретни модели.
Инаку има моментално на акција
Филипс PUS6501 во Нептун 43 инчи за 32.000 ден, (иако сметам дека 4К на 40-43“ е непотребно освен ако се гледа од многу близу)
кој е за добар телевизор со андроид нека си го разгледа како опција, има вистински 100 Hz панел и одлични рецензии на нет.
Го има на акција во Нептун и 49“ истиот
Филипс 6501.
Се сложувам потполно. 43кава нема потреба од 4К
49кава е авион. Има потполно се од старата 7ца серија која што ја имам јас.
Сега сето тоа е вградено во серија 6 и што е уште подобро со цена на 6ка.
А и Нептун конечно да дадат една одлична цена.Ова има да им отиде како алва.
Во моментов иако го немам видено апсолутно можам да тврдам дека подобар за парите нема.
За IP-Tv oва е измислено.
Сега сето тоа е вградено во серија 6 и што е уште подобро со цена на 6ка.