Лажни проповедници

  • Креатор на темата Креатор на темата BELIEVE ME
  • Време на започнување Време на започнување
B

BELIEVE ME

Гостин
ЈАС СУМ РЕИНКАРНАЦИЈА НА ИСУС
windowslivewritervissarione.jpg
Сместен во далечниот дел на Сибир проповедникот Тороп, кој во своето „стадо“ брои повеќе од пет илјади верници, меѓу кои голем број се интелектуалци, уметници и државни службеници, а тој самиот е поранешен сообраќаен полицаец, тврди дека е реинкарнираниот Исус Христос, пренесува српскиот весник „Ало“.
torop_isus.jpg
- Интересно е и многу комплицирано да се објасни како сфатив дека сум реинкарнација на Исус од Назарет. Чувствував дека нешто насилно ме обзема, нешто што со години беше потиснувано. Што се случува со човекот кој ќе се разбуди еден ден и сфати дека е човек, а не слон, рече Тороп за агенцијата АФП и продолжи: „Господ ме испрати на Земјата да го учам човештвото за злото кое донесува војни и предизвикува хаос во природата. Многу од тоа ќе се промени на Земјата, но овде не. На човештвото му се ближи крајот заради уништување. Тоа ќе биде трагично и ќе донесе многу тага. Пред крајот мораме да направиме оаза која нема да исчезне, баш како што тоа го направи Ное.
abc_Vissarion5_080623_mn.jpg
За да ги слушаат неговите пророштва и проповеди, доаѓаат верници од сите страни на светот: од Белгија, Италија, Австрија, Германија па дури и од далечната и егзотична Куба, а сведоците селото со верниците ги опишуваат како „хипи комуна“ многу популарна од 60-тите години од минатиот век.
Во Тороповото стадо, неколку години помина позната новинарка од Москва, Марија Капринскаја, која своите искуство во „хипи-комуната“ исто така раскажа за АФП.
vissarion.jpg
- Во почетокот беше наивно и романтично. Но, наскоро луѓето околу мене почнаа да умираат најчесто поради недостаток на медицинска нега. Набрзо почнав да се чувствувам како риба на суво. Сергеј цело време глумеше Господ и се однесуваше како феудален владар, додека сите останати беа негови следбеници, раскажа таа.
410w.jpg

За на крај нека си ебе маката такви лажговци ме нервираат
 
А што има лошо во тоа луѓето да веруваат дека овој човек може навистина да им помогне?
Нели на тоа и се заснова религијата-на верба?
Ако лажната верба направи да живеат подолго, да оздрават или шо знам јас-зашто да не.
Плацебо ефект.

Само не ми е јасно зашто тие што се „реинкарнација„ на било кој човек-треба да се look a like?!
Чудни сфаќања имаа луѓево.
 
Исус е еден и не треба да веруваме во овие преваранти кои се претставуваат како него.
 
Нишаните се повеќе и повеќе се исполнуваат!
Двете глобални војни поминаа, респектот кон БОГА и постарите сё повеќе опаѓа. Егоизмот сё повеќе се шири. Многу следбеници Христови поради својата вера го рескираат животот а некои се дури поради тоа убивани.

И што директно се однесува на оваа тема: Овој човек не е првиот што во последниве години изјавува: Јас сум Исус Христос!

Секој кој што барем малку ги познава Списите кои Го опишуваат Евангелието, треба да знае колку е часот!

А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој;
зашто многумина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: ,Јас сум Христос!‘ и ќе прелажат мнозина. (Извештајот на Матеј, Глава 24)

А што има лошо во тоа луѓето да веруваат дека овој човек може навистина да им помогне?
Нели на тоа и се заснова религијата-на верба?
Ако лажната верба направи да живеат подолго, да оздрават или шо знам јас-зашто да не.
Плацебо ефект.

Само не ми е јасно зашто тие што се „реинкарнација„ на било кој човек-треба да се look a like?!
Чудни сфаќања имаа луѓево.

Моме, не си играј мајтап со верата!
 
Точно кажано .:toe:
И само да додадам :
Јован: 14:6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.

Точно кажано .:toe:
И само да додадам :
Јован: 14:6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.
Или јас не ја сваќам реченицава или е голема глупост.
 
Боже сачувај.
Реинкарнираниот Исус Христос. :uvo: Како прво според библијата, реинкарнацијата не постои! И баш ќе изгледа како Исус, боже сачувај. :pop:
Жално е што прават луѓето за слава, и овој будала, очигледно што не се плаши од божја казна. Исус рекол дека многу ќе дојдат после него тврдејќи дека се спасители, но само еден е Христос. За жал ќе има уште многу вакви "божји пратеници", но крив е народот што им верува.
 
Хехе...абе да ви кажам јас имам еден момак у маало и многу личи на Јуда. :)
Жими се....таков брдосан со пуцвал коса како штоо најчесто го прикажуваат Јуда по слики и филмови. И си помислив сеа....си напраив филм онака као другаров иде кај овој Торко шо личи и се презентира ко Исус...и он таму меѓу верниците.
Наеднаш овој Торко (Jesus) го заебележуе и вика: Еве го ЕН ТЕ ШЕ...дојде. И сите "верници" na Торко бегаат. :vozbud:
Оф леле...се изнасмеав у 4 сабајле. Ни на крај памет у тема Религија.
Господ нека биде со вас. Бог здравје нека ви даде форумџии и смејте се....за се друго коцките сами ќе си се наместат.
Шмек:wink:

А Тороп...ќе ми рече Томо Томо....ти неверни. :)
 
А што има лошо во тоа луѓето да веруваат дека овој човек може навистина да им помогне?
Нели на тоа и се заснова религијата-на верба?
Ако лажната верба направи да живеат подолго, да оздрават или шо знам јас-зашто да не.
Плацебо ефект.

Само не ми е јасно зашто тие што се „реинкарнација„ на било кој човек-треба да се look a like?!
Чудни сфаќања имаа луѓево.

Нека помогне плацебото на тие со рак, сида, па дури да ги врати во живот некои.
Apparently, he look a like jesus. Само комерцијала. Овој обожава да се слика.
Нарцис, мамата.
 
Јас личам на Наполеон Бонапарта. Реинкарнација сум и сеа идам ке ја освојам Европа и има цела француска војска да ми се поклони мене зашто конечно Франција ке освои битка...

Глупости во боја. Типов ако беше вистина некој пророк/исцелител/реинкарнација или што и да е, сигурно немаше да се слика, да се фали вака туку ке работеше во тишина. Овој сака да иде кај Опра...
 
Вообичаено ваквите реинкарнирани индивиуи порано веднаш ги сместувале на некој кревет во соба полна со разни останати реинкарнирани души, навистина не ми е јасно како некој би тврдел дека е Исус покрај цела скромност што Исус сам ја имал.

Инаку верувам сите го знаете вицот со лудаците кои се карале една вечер, за тоа кој е кој од нив.
 
Господе прости им незнаат што прават.

Овие лековерни луѓе не ја прочитале библијата па затоа на нив грб тој си пере пари.
ОК
Секој си има право да прави што сака.
Широк е патот до пропаста, но тесен е патот до вечноста.
 
Моме, не си играј мајтап со верата!
Има некој човек таму во далечниот дел од Сибир, кој личи на Исус и вели дека е негова реинкарнација, и ти на сета оваа мака ми викаш дека ЈАС си играм мајтап со верата!??!?!

:nesvest:

Убо ти рече МериЏејн- у библијата нема нешо као реинкарнациа, кујзнае шо читал овој пред да си каже дека е Исус...

Јас си играм мајтап со верата бе... -.-:
 
Типов не читал ништо, туку е под силно демонско влијание. Еден современ руски богослов го има искушувано предметниот тип и богословот заклучува дека човеков е скрос изгубен: избегнува одговори, скока од една во друга религија, дава контрадикторни одговори на исто прашање, дава полувистинити одговори и сл.

Севишниот да му е на помош.

Сам Исус веќе ги најави оние кои ќе говорат во Негово име-лажно, разбира се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom