Лажна надеж

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Еееее како може надежта да ја споредуваш со љубовта?!?!
Љубовта се чувствува, се доживува, се дели со некој, и конкретно на форумов има многу теми за љубовта, од типот "Дефинирај ја љубовта..." или нешто слично. Не ја мешај тука надежта, немаат ништо заедничко за да ги споредуваме.
Тоа моето "се` ќе се среди" не е надеж, туку сум си помирена со судбината, значи ќе се повторам од претходниот пост, верувам дека на сите ни е пишано тоа што ќе ни се случи, и едноставно... ќе си се случи кога ќе му дојде време. Значи пак ќе потенцирам: не сум тип на човек што седи со скрстени раце и си се надева дека ќе нема разочарување за некоја работа... Ако може, ќе се потрудам да си ја средам работата, а ако не, си велам дека така требало да биде.

Добро де..не мора да викаш.Може и смирено да муабетиме.
Љубовта, надежта, вербата и сите други чувства можам да ги споредувам затоа што се нешто апстрактно и покрај тоа што ги доживуваме, не можеме да ги допреме, ниту да ги видиме (глупаво е тоа да ти го велам но сепак...).Сите тие чувства што во себе ги носиш те поттикнуваат на нешто...Ако сакаш некого на пример, нели одиш и му кажуваш, љубовта во тебе нема ли да те поттикне, да ти даде храброст?
Исто е и со надежта.
Ако се надеваш не значи дека седиш со скрстени раце.Со скрстени раце можеш да седиш само ако не се надеваш, но ако се надеваш ќе си ги засукаш ракавите и ќе се бориш.


Се извинувам што дискусијава отиде малку повеќе офтопик.
 
Добро де..не мора да викаш.Може и смирено да муабетиме.
Љубовта, надежта, вербата и сите други чувства можам да ги споредувам затоа што се нешто апстрактно и покрај тоа што ги доживуваме, не можеме да ги допреме, ниту да ги видиме (глупаво е тоа да ти го велам но сепак...).Сите тие чувства што во себе ги носиш те поттикнуваат на нешто...Ако сакаш некого на пример, нели одиш и му кажуваш, љубовта во тебе нема ли да те поттикне, да ти даде храброст?
Исто е и со надежта.
Ако се надеваш не значи дека седиш со скрстени раце.Со скрстени раце можеш да седиш само ако не се надеваш, но ако се надеваш ќе си ги засукаш ракавите и ќе се бориш.


Се извинувам што дискусијава отиде малку повеќе офтопик.
Викам? Ме слушна? Тоа ееееееее го кажав како знак на изненадување, и не беше викање, туку замисли дека сум го кажала онака со тивок глас...:)
Дискусијава е веќе ептен офтопик.
Значи ги споредуваш љубовта, надежта и вербата затоа што се апстрактни? Е добро де... Тоа им е она што ги прави чувства, но сепак немаат други сличности освен тоа основното. Ако ти сметаш дека твојата борбеност ќе ја покажуваш преку надежта, јас не мислам така. Ништо лошо, нормално е луѓето да имаат различни ставови.
И 1000 пати да се цитираме, ти пак ќе си останеш на твоето дека надежта ти е водич, а јас ќе бидам со обратното мислење. Нема што да тврдиме и да докажуваме. Тоа мислење го имам, од едно мое лошо и болно искуство за кое не сакам ич да зборувам, и го немам спомнато со години, ама кога веќе ме потсетија вечерва... И јас се надевав тогаш... И дојде разочарувањето. Е тука, немаше место за нова надеж, како што спомна ти дека после едно разочарување, си доаѓа нова надеж. Едноставно, уште не бев зрела за да го осознавам светот, а јас морав да се помирам со тоа големо разочарување... Ај веќе премногу кажав за мене...
Уживај во надежта...
За мене таа фраза што си ја пишав во првиот мој пост на темава, сепак ми останува омилена.
 
Нема да должам многу.
Надеж... Ич не ми се свиѓа таа работа... Ја мразам.
Никогаш не сум давала лажна надеж на некој, можеби кај некој се јавила надежта во врска со мене, но сигурно сама му се вродила во глава. Јас сум скарана со надежта, одамна. И затоа не сакам давам надеж, било да е лажна, било да е... Вистинска?!?!

Еве ја најголемата вистина за надежта:
Надежта е најголемото зло на човештвото!... Го продолжува измачувањето на човекот.


Точно го продолжува измачувањето на човекот од една страна и затоа кога еднаш човек ќе се разочара и ќе биде длабоко повреден доаѓа до состојба во која ги отвора сопствените очи и ја согледува реалната т.е. суровата страна будејќи се од длабок сон. И тука веќе се губи секоја надеж затоа што веќе гледаме како се поставени работите. Но, од друга страна пак ова не значи дека се губи и смислата за секоја друга надеж. Вртиш нова страница надевајќи се дека ќе дојде нешто друго, дека новото ќе биде нешто подобро. Тоа не значи дека седиш со скрстени раце и не превземаш ништо.Напротив, знаејќи низ што се веќе еднаш си поминала, со сите свои сили се трудиш тоа да го избегнеш и конечно да го насочиш својот живот кон подобро. Сепак, значи се надеваш на нешто подобро. Е сега дали тоа подобро ќе дојде, т.е. дали е потврдена надежта или е само " лажна " тоа е веќе нешто друго.
 
Како е можно љубовта да нема заедничко со надежта? Она, кога ти тагуваш по некој па се мислиш што да направиш да си со него, тоа се вика надеж. Без разлика кога ти сакаш да се вработиш на некое место, сакаш да му се пуштиш на некое згодно момче, ти тоа го правиш со надеж дека ќе ја/го добиеш. следствено на ова ти си дала напор, си се потрудила на нешто, значи упорна си. И самата кажа дека не седиш со скрстени раце. Значи, имаш надеж ама упорно тврдиш дека тоа не е тоа. Па на крајот на краевите ако надежта ја нарекуваш упорност тогаш сите сме во право :). И секако дека и ние за некои работи не сакаме ама момраме да се согласиме. Е тука веќе нема ни надежта да помогни
 
Хмм, сепак зависи за какво/колкаво разочарување станува збор.

Мислам дека двете зборите за различни ситуации, во одредени случаи да се извлечеш и продолжиш понатаму е многу тешко.
Тука веќе карактерот игра улога.
Меѓутоа и ја го делам мислењето дека надежта во одредени ситуации само го продолжува страдањето,од лично искуство.

Сепак, едно е неспорно,како што времето поминува сите работи бледнеат. Само искуството останува со кое што се водиме понатаму.
 
Ах луѓе, дури почнувате да ме убедувате дека имам надеж, ама не признавам?!?! Значи стварно дискусијава ќе се врти во круг, а и + тоа, се развива во правец далеку од оној на кој е поставена темата. Значи, да не изиграваме нечии психијатри, мое мислење си е тоа и нема што повеќе да си докажуваме.
Значи, имаш надеж ама упорно тврдиш дека тоа не е тоа.
Сигурна? Далеку отиде темава. Не сакам да докажувам, ни да покажувам, ни па да кажувам повеќе за мене или за тоа зошто и како гледам на надежта. Едноставно, од сите оние апстрактни работи, ми спаѓа во групата на неомилените.
 
Јас лично зборував општо. Опфатив ситуација кога надежта е деобредојдена и ситуација кога е залудно да ја има односно само прави проблеми. Сакав само да го кажам тоа од сите овие постови :). А таа вика дека не е потребна никогаш :toe:

Се извинуам ако забегав :pipi:
 
Вака сега...

Дали сте вие личности кои иако сте свесни дека не сакате да бидете со некоја личност сепак и давате лажна надеж дека ќе бидете со неа/него?
Поради кои причини било тоа?
Или ако ви се нема случено...кои се најчести причини за тоа?
Дали ако некој се двоуми помеѓу двајца/две,па не знае кој/а да го/ја избере?
Или има нешто интересно во тоа?
Дали вас ви се случило да имате лажна надеж па да пропадне тоа во вода?
Дали сепак самите луѓе си даваме лажна надеж и веруваме во нешто или сепак може да се случи друга личност да не убеди,да не' натера да веруваме и да се надеваме?

Мислам дека најчесто, ненамерно, давам лажна надеж. Тоа е така затоа што нејќам никого да повредам, па незнам како да го кажам директно тоа што треба. Сепак, не го правам и тоа директно, туку најчесто, со моите попристојни постапки така изгледа.
За двоумењето ... па никогаш не сум се двоумела помеѓу двајца, па да им давам лажни надежи додека јас се одлучам. Секогаш има еден по кого летам или со кого сум. Нема ништо интересно и незлобно во тоа. Не ми е ни сфатливо истото ... да сакаш двајца ...:toe:
Мене ми се има случено да имам лажна надеж, која сум знаела дека е лажна, ама ај де ...
Инаку, мислам дека најчесто самите ние си ја даваме таа лажна надеж. Секој негативен одговор знаеме да си го протолкуваме како ни одговара, секој поглед, секој кажан збор, секој гест ... но таква е љубовта најчесто - слепа.:pusi:
 
Инаку, мислам дека најчесто самите ние си ја даваме таа лажна надеж. Секој негативен одговор знаеме да си го протолкуваме како ни одговара, секој поглед, секој кажан збор, секој гест ... но таква е љубовта најчесто - слепа.:pusi:


И ова е точно. Сум имала лажна надеж можеби и сеуште имам како што веќе кажав и знам како е. Секоја работа си ја вртиме во своја корист не увидувајќи дека само себеси се лажеме и повредуваме. Ако е позитивен знак- летаме воо облаци, ако пак е нешто лошо- се лажеме себеси дека намерно е тоа така инаку тој не сака и бла-бла. Се согласувам со ова дека самите си ја даваме лажната надеж во најголем процент.
 
Ммм, и јас имав ваков сличен проблем, едно девојче ме с'скаше иако не планираше да има нешто со мене, и ја ко бот паднав на провокацијата. Ама се научив да игнорирам такви работи, така да не паѓам 2 пати на иста финта.

А за давање лажни надежи, јас не давам, глупаво е тоа, другата личност ке се осеќа крајно лошо(од лично искуство). Ако сакаш да си играш, купи си играчка/видео игра/домашно милениче/whatever а не со човек.
 
Јас лично, барем колку што јас знам - не сум давала никому лажна надеж. Секогаш прво се поставувам пријателски и ако гледам или приметам (што рака на срце ретко се случува да приметам:)) дека типот почнува да ми се пушта или слично, тогаш одма ставам некоја невидлива граница и сум многу поладна од обично.

Е сега, има некои луѓе кои можеби некои постапки би си ги протолкувале на свој начин, па да дојде и до забуна.

Да, верувам дека човекот сам на себе обично си дава лажна надеж и дека сам на своја рака си ги толкува знаците и однесувањето на другата особа, но верувам дека некогаш може и намерно да се пушта водичка, намерно некој да дава очигледни ЛАЖНИ знаци дека сака да биде со некоја особа и на крај да се повлече.

Не би знаела да кажам зашто е тоа така. Можеби се исплашил или пак ете нашол во меѓувреме друга поинтересна личност. Кој да знае. Секој со своите причини. Значи зависи од човекот.

Затоа велам дека добро е човек да се надева, ама сепак секогаш да биде со резерва и секогаш треба да се трудиме да не филозофираме околу ситници и околу тоа што му значело она или ова, туку да оставиме работите сами да се случат без многу размислување.
Ако биде, ќе биде.
Убава е надежта, ама да не се претерува, за на крај да не испадне само себезалажување.
 
да оставиме работите сами да се случат без многу размислување.
Ако биде,ќе биде.

Хахаха кај ги погоди:smir:, истите зборови и ги кажав на почетокот. Мех!
 
Сум си гаел илузии. Не викам не. :)

А ја да вртам филм, т.е. лажна надеж да давам, тоа њет. Унапред: нема ова да иде, не сега, не утре, и не било кога.

Нели сум прецизен у изразување? Џоа Швабо.

Sith
 
Не чини лажната надеж. Тоа е исто како и да го повредуваш катадневно тој што го сакаш. Подобро вистината влице со што помалку солзи но вистината. Ако не можеш бар биди брутално искрен. Ама никако лажна надеж. И двајцата се повредувате. (ова ко совет сум го напишал:pos:)
 
лажна надеж..не сум ја давала..барем не свесно..некои луѓе ми велат дека сум давала лажна надеж можеби потсвесно ама ете и кога несакаме да даваме баш тоа и ке се деси ако не ја кажеме вистината навреме,иако боли подобро е да ја знаеме вистината отколку лажно да се надеваме за потоа да се разочараме
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom