Last Resort

  • Креатор на темата Креатор на темата ***king***
  • Време на започнување Време на започнување
Гледано!
Не е лошо, мислам дека ќе биде многу јако кога ќе почнат да ги притискаат од воздух, вода и копно... сешто ќе има во серијава. Задоволен сум сега за сега.
 
Сега ја гледав втората и пак сум многу задоволен.

Мислев дека оваа епизода ќе биде некако помирна, ама пак имаше супер акција.

Кој ќе чека сега цела недела...
 
Добри први 2 епизоди,за понатаму ќе видиме,ми се допаѓа што серијава сега-за сега е динамична и брзо се развиваат настаните.
 
Гледана 3та, не е лошо, држат ниво. Само очекувам во следната епизода да има нова „гужва пред голот“, а не да се караат за банани :)
 
За некое чудо, добра е веќе три епизоди. Само може поголема минутажа да одвојат за задкулисните игри во Вашингтон.
 
И карактерите. Не смеат да ја базираат серијата на капетанот и двајцата помошници. Потребни се повеќе ликови во фокусот и добра обработка. Тука пред се мислам на французинката, потоа Тани и Џемјс кои заедно со Грејс ќе бидат нешто како љубовен триаголник (таков впечаток имам), таа малата во Вашингтон и посебно се надевав на Кортез (женската што беше заробена) пошто ми изгледа како многу добра актерка, ама на ИМДБ кај сите пишува 5 епизоди а кај неа 3, така да не знам дали останува во серијата.

Она што ги одржа ЛОСТ и ГОТ се големиот број ликови на располагање а оваа серија има потенцијал за ширење на дејството, се надевам дека ќе го искористат.
 
Да, иако од приказната има уште многу што да се објаснува, ќе треба повеќе да се потпрат на карактерите, па дури и на нивното минато.

И ептен ми доаѓа некако убаво дури ја гледам серијата зашто се снима на Хаваите. Ме мава носталгија за Lost.
 
Патем, четврта епизода излезе, сеуште е добро. И Кортез сеуште е тука :) Имаат материјал да прават што сакаат со серијава! :)
 
Еве, сега ја гледав четвртата. Супер беше, серијава е закон. :D

Го гледав и промото за следната...таа би требало да е уште подобра. Тензија, уште војници...јако ќе биди.
 
Да почнам да ја гледам првава епизода или како и скоро сите амерички серии е губење време? Да, гледам дека сите имате напишано свое мислење, ама конкретно прашувам.
 
Конкретно, ако мислиш дека скоро сите амерички серии се губење време, не ја почнувај. Пушти си Сител или Канал 5.
 
Конкретно, ако мислиш дека скоро сите амерички серии се губење време, не ја почнувај. Пушти си Сител или Канал 5.
Погрешно ме сфати, мислев дали е од калибар на Breaking Bad, Lost, The Walking Dead...
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 22:18 ---
Ај види колку од американските серии општо земено се квалитетни, можеби 10%, ама многу квалитетни, ако ме разбираш.
 
Не е од тој калибар ама доволно блиску е. Ако сакаш серија што ќе те држи напнат мислам дека е добар избор.
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 22:21 ---
Те разбрав што сакаш да кажеш, во ред е. Не коментирам повеќе за да не влегуваме во оф-топици :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom