Last man standing (Macedonian first league) vol.3

@Uli Hoeneß не бираш тим? Ајде уште малце имаш време. Дека сме при крај и само тројца сте останати те потсетвам инаку немаше да ти спомнам :)
 
Да не пишеше на темата ќе заборавев, ајде Пелистер.
 
Останавме само двајца, а? :D

Ако победиме и двајцата во финалето, победник е тој што покасно го има изберено шампионот од минатата сезона т.е Вардар?
 
Тројца сте бе. ДаниБМВ не испаѓа пошо последно коло е и само една екипа му остана за бирање и заради то не напишав ни двојки ни до кога да одберите.

Инаку за победата, ако тројцата изгубите ова коло тогаш победник е тој шо го има одбрано Вардар покасно. Во спротивно, да продолжите 2ца или 3ца ќе почните одново да бирате екипи дури не испадните.
 
Кој би рекол дека ги поминав сите тимови :D

Не пратам македонски фудбал. Единствена тактика во играва ми беше да бирам домашна екипа, зашто тие секогаш тепаат (во правата смисла на зборот) :D

Во ТОП3 за мене е огромен успех.
Со среќа, па нека победи најдобриот :)
 
Кико имам предлог да ја завршиме играта. На Ѓаволот не му текнува за такво нешто, па еве нека биде тој победникот (иако јас последен го имам одберено шампионот). Нема смисла да бираме одново тимови од пролет кога може сите тогаш да се вклучат во играта и одново да почне зашо ако продолжиме од март само јас и тој до мај ќе играме.
 
Изиграјте го уште ова коло преостанато, ако се добие победник арно ако не не.. :D
Па од пролет како шо велиш сите да бираме.
 
Кај мене (во Примера) да се случи вакво нешто, јас би ги прогласил и двајцата за победници зашто и двајцата после 20 кола успеале да останат во игра.
Нормално, во Примера веројатноста да дојде до вакво нешто е сведена на минимум, но јас не би почнувал од почеток.

Ако продолжат од почеток да бираат тимови, тоа би траело минимум уште 5-6 кола.
Никој нема да сака да ризикува и ќе ги одбираат фаворитите.
 
Не може двајца да бидат победници, нели исто како ти што губиш секогаш во игрите од мене и како Реал што губи секогаш од Баерн. :D Затоа не можеш да се сметаш за победник исто како и твојот тим. :icon_lol:
 
Не може ни да се сметаш за поразен ако не си испаднал од ниту една екипа :D

Ѕирни, ѕирни ја табелата во ЛЕ (таму е главната војна меѓу мене и тебе, втора сезона по ред) :icon_mrgr:
 
Напредок загуби бе од Работнички така да си поразен.

Ти во мај ќе ја видиш табелата, уствари не знам ни дали ќе ме видиш зашо јас на врвот ќе бидам, а ти доле некаде.
 
Кико имам предлог да ја завршиме играта. На Ѓаволот не му текнува за такво нешто, па еве нека биде тој победникот (иако јас последен го имам одберено шампионот). Нема смисла да бираме одново тимови од пролет кога може сите тогаш да се вклучат во играта и одново да почне зашо ако продолжиме од март само јас и тој до мај ќе играме.
Шо бе, јас мало дете да не сум? :D

Ако веќе тука завршува овој круг ти си победникот на играта, fair and square, покасно го избра Вардар. Нека одлучи организаторот на играта најдобро.
 
Па тој си одлучи пред неколку дена, да се продолжи играта што мислам дека нема потреба. Така да еве јас се предавам, кажувам дека нема да изберам тим што значи ти си победникот. Честитки за тебе. :D

Ова со мене и тебе испадна како Баварците кога се предадоа 99-та и Ман.Јун победи на крајот. :( :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom