Зошто имам дека темава ќе премине во тема за blue ladybug?
on:
Едноставно е. Сите сакаме внимание. Тоа што го постираме на фб, го постираме за да го забележи некој. Потребно ни е тоа едноставно.
Ај тебе
blue ladybug да ти објасне неколку работи.
Моите лајкови овде на форумот не се за да ме забележи некој. Мене не ми треба туѓо внимание, па посебно не од анонимни рандом фаци овде на форум, кои можат да бидат во реалност манијаци, убијци, лудаци. Имам јас доволно внимание во мојот живот, не се секирај ти за мене. Дури и премногу, да бидам искрена.
Лајковите ги ставам, оти доста мислења овде ми се интересни, ме смеат и ме забавуваат. А бе животот ми го продолжија кајгановци за неколку години повеќе, од што се смеам на нивните постови. Посебно кога двајца или повеќе членови ќе се законтраат на некоја тема, која нема веза. Понекогаш и се сложувам со некои од мислењата. А има многу стари интересни теми, кои биле коментирани назад низ годините. А
blue ladybug е член само неколку месеци на Кајганава и кога ги прелистува и чита старите теми, има право да му туре и по еден лајк. Штета што порано не сум го открила форумот, имаше до сега да ве распукам од лајкови у секоја можна тема!
А многу ми ласка тоа што мислиш дека темава би преминала за мене. Ептен, ептен ми ласкаш
И другарче, за крај да ти кажам, ако тебе или на било кој друг, му сметаат моите лајкови, одете во известувања на вашиот профил, одчекирај ја опцијата
На некој ќе му се допадне вашето мислење
На некој му се допаѓа едно од вашите мислења во некоја тема
и нема веќе да добиваш известување дека сум ти лајкнала некое мислење.
Simple as that!
Поздрав
П.С. Очекувајте уште многу, многу, многу лајкови од
сината бубамарица....
