Ладнокрвност

  • Креатор на темата Креатор на темата Goddess of Chaos
  • Време на започнување Време на започнување

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Веб-сајт
nixe-nox.blogspot.com
Сите сме запознаени со неа, зар не.
Или сме самите примероци на овој вид суштества, или го носиме потенцијалниот вирус. Дали нејзиното вкоренување го налага времето во кое живееме или не, оттуѓувањето на луѓето и пречесто кршените надежи и срца; или можеби старите трауми, најизразениот недостиг кој сме го почувствувале многу помлади од сега, довел до затворање на кругот.
Некогаш поткрепено и со апатија, некогаш и не.
Емоционална отрпнатост, или чист страв?
Сепак се смета за обратниот екстрем на пречувствителноста, и двете страшно нездрави според мене.
Ладнокрвниот карактер ќе се обиде да ја води секоја ситуација на тој начин, и во љубовните прашања, и на биро.
Зошто? Како? Се борат ли во таквиот човек силите на нормални, страсни емоции и ладниот разум на кој омилено му е да ги сече? Или се му преминува во рутина, се исмејува на патетиката на човечкиот род. Како реагирате вие на ова? Дали имате таков пример во најблиското опкружување, дали тој е воопшто понекогаш можно да се има за близок?
 
а што ако..
Ладнокрвноста
не е таква..
и не постои..
ГЛЕДАЈ ПРИМЕР

"Зошто беше толку спокоен,кога ти реков дека сакам да се разделиме?

-Бидејќи цел живот учев да страдам во тишина.."
 
а што ако..
Ладнокрвноста
не е таква..
и не постои..
ГЛЕДАЈ ПРИМЕР

"Зошто беше толку спокоен,кога ти реков дека сакам да се разделиме?

-Бидејќи цел живот учев да страдам во тишина.."

Да, тоа ми е дефинитивно дел од дискусијата.
И, која треба да е реакцијата на топлиот човек на ова?
 
Јас кога сум изнервиран ( што мн ретко се случува, да не кажам дека речиси и не се случува) сум ладкокрвен....
 
Не сум ладнокрвна личност, во секоја ситуација покажувам емоции (со што не се гордеам-но не се ни срамам, ама така е).

Не се дружам со такви личности, така да не знам да кажам зошто и поради што се однесуваат на таков начин...:toe:
 
Ладнокрвноста може да биде и позитивна особина ако се користи во ситуации каде што може да се има корист од такво однесување.
На пример со ладнокрвност можеш да му покажеш на партнерот дека некаде греши, без да има потреба од вербална расправија, а сепак да се постигне посакуваниот ефект.
 
Еве јас сум ви ладнокрвна особа.Па од што сум ладнокрвна немам ни циркулација на крвта :). Шала настрана стварно сум ладнокрвна.Не ги сакам луѓето и не покажувам емоции т.е. треба нешто многу да ме разнежни за да излезат и моите емоции на виделина.Ретки се оние што ги сакам ама тие што ги сакам пак ги сакам со цело срце и кон нив можеби и претерано покажувам емоции и сум дури и пречувствителна. А зашто се однесувам така да ви кажаам ни јас не знам :toe:
 
Ладокрвноста е стил/начин на живот на некои луге. Тоа не се природно нечуствителни луге туку се луге кои станале такви (се истренирале себеси да бидат нечуствителни) затоа што увиделе дека на тој начин полесно се функционира. Ладокрвноста значи елиминирање на сите непријатни чуства што можат да се јават во текот на денот како резулт на најразлични ситуации со кои секојдневно сме соочени. Не ја оправдувам оваа особина само сметам дека зреењето и околината, времето во кое живееме, и општиот пад на моралот не направиле ако не нечесни, подли и по секој цена егоистични личности барем поладокрвни. На ладокрвноста гледам на некој начин како на борба за опстанок.
А, оние екстремни консументи на ладокрвноста кои отишле дотаму да не можат да напрват разлика меѓу работа, семејство и интимен живот имаат и самите многу проблеми во сите сфери на живеење бидејќи условно кажано немаат друштво во тој целокупен систем на ладокрвност кој го имплементирале во сите сфери од своето живеење.
 
Па дали тука се збори за ладнокрвност или за отуѓеност од луѓето? Ладнокрвноста може да биде корисна се` додека значи размислување со ладна глава, значи без внесување емоции во стресни ситуации, меѓучовечки односи и при донесување одлуки...Има разлика меѓу ладнокрвност и отуѓеност. Пример го фаќаш партнерот со друг/а, одвнатре те фаќа бес кој лесно еруптира, е сега, воден од емоции би истрчал да ги претепаш, ладнокрвен не би го направил тоа, но отуѓен не би ни чувствувал некоја внатрешна болка заради тоа.

Живееме во такво време(а се сомневам дека некогаш било поинаку), да не можеме да веруваме ни во најблизок пријател, ми се чини дека многу се зборува напамет, се расфрлаат слаткоречивости наваму натаму, кога `те сакам` е клише а како да не биде, и кога мизантропството стана помодарство. Зошто? Има два случаи:
1. Зошто во повеќето случаи човекот уште како дете не ја добива потребната љубов и грижа, а понатаму истата или не ја очекува ниту дава на средината, уште од старт си е отуѓен, или почесто, се случува истата да ја очекува но да не може да ја даде.
2. Човек пораснат со сета љубов и грижа од родителите, го бара истото и од средината. Дава љубов, бара љубов. Се` додека не сфати дека повеќето давале за да истата ја добијат, и ете разочараност кога ќе сфати дека кај `битни` личности сакањето се сведувало на егоистичка потреба, и што понатаму, веројатно решава да си направи маска, или става обвивка на срцето.
 
Јас сум на моменти ладнокрвна и тоа скоро секогаш во погрешните моменти се однесувам многу ладнокрвно и тоа им смета на луѓето околу мене, а и на мене самата. Некогаш дури и немам некоја посебна причина да бидам ладнокрвна, а сепак сум и многу се нервирам тогаш. Добро не баш во тој момент но, откако ќе пројде време и кога ќе се потсетам на тоа, е тогаш многу се нервирам зошто сум се однесувала така.

А некогаш пак сум многу чувствителна и пак во погрешни моменти. И за тоа ептен многу се нервирам. Уф!:luta:

Треба да научам да си ги контролирам емоциите во некои одредени моменти :raz:
 
Да, тоа ми е дефинитивно дел од дискусијата.
И, која треба да е реакцијата на топлиот човек на ова?
Ова и е реакција на топол човек.
Тоа и сакаше да каже дечкото,дека ладнокрвноста не постои.Дека е само дел од надворешната маска на лугето,и служи за затскривање на нивните слабости,кои доколку се откријат,можеби ке придонесат личноста уште повеке да биде повредена.
Се согласувам донекаде со тоа.
Сите сме луге,сите поседуваме емоции.
Ладнокрвноста е вештина на успешна контрола на тие емоции,во дадени ситуации.
Е сега,сите се разликуваме во тоа,колку добро ја владееме таа вештина.
Тајмингот на употребата,местото,ситуацијата...тоа се сегментите кои треба да се усогласат,за ладнокрвноста да го постигне саканиот ефект.
Едноставно,треба да знаеш кога треба да бидеш ладнкрвен,а кога да ги оставиш емоциите да те водат.
Јас сум на моменти ладнокрвна и тоа скоро секогаш во погрешните моменти се однесувам многу ладнокрвно и тоа им смета на луѓето околу мене, а и на мене самата.
Ова е грешката која најчесто и се прави.
Можеби баш во момент,кога воопшто не треба ладнокрвност,туку разбирање и љубов.Настанува расцеп од кој и двете страни излегуваат повредени.
Затоа,мислам дека ако некој не ја поседува природно ладнкрвноста во своите гени,најдобро е воопшто и никогаш да не се обидува да биде таков,туку да остави да го водат чувствата.Можеби ке згреши,ама ке ја има сатисфакцијата да каже дека бил тоа што е,без маски и без преправања....
 
Ладнокрвноста ако ја поседувате е како да поседувате огнено оружје сосе сите карактеристики и последици што може да ги предизвика истото. Дава моќ, контрола и предизвикува страв кај другите. Дефинитивно една од работите во животот што ако ја нема мора добро да се научи да се одглуми.
 
~*~

Ладнокрвноста ако ја поседувате е како да поседувате огнено оружје сосе сите карактеристики и последици што може да ги предизвика истото. Дава моќ, контрола и предизвикува страв кај другите. Дефинитивно една од работите во животот што ако ја нема мора добро да се научи да се одглуми.

Луѓето такви се раѓаат, тоа е како талент.
Можеш да се обидеш да ја изглумиш претставата, но ако не ти е вродена способност, сите ќе знаат дека само си глумел.
 
Еве јас сум ви ладнокрвна особа.Па од што сум ладнокрвна немам ни циркулација на крвта :). Шала настрана стварно сум ладнокрвна.Не ги сакам луѓето и не покажувам емоции т.е. треба нешто многу да ме разнежни за да излезат и моите емоции на виделина.Ретки се оние што ги сакам ама тие што ги сакам пак ги сакам со цело срце и кон нив можеби и претерано покажувам емоции и сум дури и пречувствителна. А зашто се однесувам така да ви кажаам ни јас не знам :toe:

Ладнокрвниот никогаш не признава дека е ладнокрвен
 
Ладнокрвниот никогаш не признава дека е ладнокрвен

Тоа дали ќе кажам дека сум или не сум ладнокрвна не ме прави нити повеќе нити помалку ладнокрвна.Ладнокрвен човек се познава по начин на однесување а не по тоа како ќе се изјасни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom