Ќе има покољ до крај, на така мириса, ништо чудно последно коло да се сите три екипи во игра за титула.
Барселона игра можеби најдопадлив фудбал со Флик ама прават грешки во одбрана многу со тие офсајд замките, плус Шчезни не ми е многу стабилен назад
Реал пак со Анчелоти и неговата тактика се прочитана слика ама имаат страва напад и индивидуалци кои можат да решат со еден потег натпревар.
Атлетико е организирана екипа, имаат искусни играчи и го имаат Алварез кој се покажа дека е светска класа фудбалер ама Чоло некогаш ја еби работата со тоа затварање на голот, иако синоќа беше најбитно да не се изгуби оти ќе се одлепеше Реал +4 ама мораше да ги искористи дупките во одбрана кај Васкез и Чуамени, Барселона да беше синоќа 5 ќе му дадеше пак.
Измените беа глупави, го вади Алварез кој беше единствена опасност по голот заедно со Љоренте а го остава Гризман до крај, кој во последно се влечи на теренот.
За наредно коло Чолка предиктс :
Реал мислам дека уште наредно коло ќе се сопнат на Ел Садар.
Барселона има незгоден меч со Рајо кој се во налет.
Атлетико би требало да ја добие Селта рутинирано на Метрополитано ( после тоа следи пекол распоред)