Па да се работеше за Белингем ќе разберев некако, како тоа Едер со скинати лигаменти што се врати скоро прикрај на сезона вреди 100ка?
Еден Де Јонг од 100ка падна на 60 ради повреда и тоа не толку сериозна како на Едер.
Рандом генерирана цена е ова за играч што имаше сериозна повреда и скоро не заигра сезонава што пројде, чист доказ дека покрај победнички тим си имате и победнички ПР тим. Абе нормално е кога ќе видиш, како што беа туркани Меси и Роналдо за имиџ на Ла Лига така сега начека Реал простор и време да си турка Мбапе Лига наслови и цени лупнати на тепка чисто од моќ.
Поентава на мојава небулоза беше дека тоа што се спама за Мадрид ПР не е хејт и омраза, навистина постои и во реду е само нека имаат усул малку.
Не зборам за хејт и омраза, туку во моментов апла ми нема поента зашто Реал би го активирал својот ПР тим.
Не е дека тимот е во некоја лоша состојба па да го отргне вниманието ќе користи ПР, зашто поентата на ПР е таа.
Не е дека не се ни збори летово за Реал, баш напротив, сите шпански медиуми цело лето зборат за Мбапе и за Реал.
Во однос на Милитао, во некоја друга ситуација можеби Реал и би го продале.
Меѓутоа Реал од дамна ја има сменето трансфер политиката, има два услови кои што треба да се исполнат за да си отиде млад играч од кај Реал: самиот играч да сака да си замине или да си побара трансфер и клубот што сака да го купи да ја плати цената што Реал ќе ја договори со самиот играч дека е фер да се плати за него.
Во моментов ниту Реал, ниту Милитао сакаат да го напушти Реал.
А за Милитао, извини ама чим Гуехи од Кристал Палас може да бреди 75 милиони тогаш и Милитао може да вреди лагано 100 милиони.
Стандарден првотимец во Реал со освоени 10+ титули од кои два пати ЛШ и стандарден репрезентативец во Бразил.
Поентата ми е дека апсолутно нема зашто Реал да си вади сам на себе фејк статии за своите играчи хахаха.
Која би им била целта? Зашто тоа би го правеле? Што би сакале да постигнат?
Освен контра ефект сами на себе да си направат, друго апсолутно нема никаква поента зашто тоа би го правеле.