La Liga Santander 2016/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Atso
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Два пати го јаде тактички од Зидан и два пати после натпреварот плаче како судиите биле наклонети кон Реал. Како иначе на друг начин би ги импресионирал каталонците. :place:

C5D891A3-60B8-4FE0-8735-EB8259526FB3.jpeg

Какви плачковци леле мајко. :pos:
Автоматски споено мислење:


Каков господин е Манзано. Одамна немам гледано поперфектно одсуден натпревар. :kafence:
 
што би требало да направи за да биде (ако не е)

Да го натера Перез да го продаде Хазард и да го купи Мбапе, другото само ќе си дојде.
 
Да го натера Перез да го продаде Хазард и да го купи Мбапе, другото само ќе си дојде.
А кој ќе го купи Азар моментално? Сите прават некои планови за продавање играчи кои не им требаат, а никаде клубови кои би ги купиле.
 

Два пати го јаде тактички од Зидан и два пати после натпреварот плаче како судиите биле наклонети кон Реал. Како иначе на друг начин би ги импресионирал каталонците. :place:

Прегледај го приврзокот 291616

Какви плачковци леле мајко. :pos:
Автоматски споено мислење:


Каков господин е Манзано. Одамна немам гледано поперфектно одсуден натпревар. :kafence:
Нема посилен судија моментално... права машина....ама нормално шо знаат во Шпанија и УЕФА...оби и Џонтра од Кајгана се покомпетентни за таа работа. :(
 
Одлично судеше денес судијата, на оние временски услови да имаш таква партија е стварно за почит, како се засили дождот прст пред око не се гледаше едно време.

Најлош Шпански судија е оној Латре на Барса Ваљадолид шо судеше, гомно од човек.
 
Сериозно прашање за фановиве на Реал

Гледајќи ги успесите негови...дали е Зидан најдобар тренер во историјата на Реал и што би требало да направи за да биде (ако не е)

Ако со овој тим освоиме ЛШ или Ла Лига ќе е еден од најдобрите во историјата. Иако и досега покажува легендарни успеси како 3 ЛШ по ред и слично...

Али има уште многу да се игра, има време. Со овој тим што го имаме јас лично сум повеќе од задоволен.
 
Ke дојде овој да игра во Англија :pos:

Бараше и сув дрес по тресењево од студ.

 
Многу е едноставно за Реал, Барса напаѓа, наидува на ѕид, Вини пали шпринтот, добива длабинска топка и ете ти шанса за гол. Неќам да замислам какви контри ќе се правеа ако го имаше и Мбапе ко партнер во нападот. Вини Халанд Мбапе поткрепени од малку подинамична средина и си имаш шампионски тим. Каква е соработката меѓу Менди и Вини по таа лева страна е чудо, најдобриот дел од Реал Мадрид денес. Мајсторски гол на Бензема, Бензема докажува или дека е late bloomer или дека стварно цело време Роналдо му сметал, ко што и сам кажа дека играл само за него. Јас сум човекот кој највеќе го критикува Зидан но веројатно и со причина пошто никако да има една сезона каде што Реал би изгазил се, можеби има оправдување во однос на тимот со кој располага, па и со трансферите ко Азар, а и време е Реал да направи бар еден галактико трансфер во неговиот prime и да склопиме бар еднаш компактен тим кој ќе биде стабилен цела сезона. До душа и вака е ок, противниците те потценуваат и не знаат што да очекуваат од тебе, не е ок само со помали екипи кои ти играат бункер и ти немаш одговор од нападот на тоа. Се надевам дека е ова make it or break it утакмица за Реал и дека ќе нема други киксови понатаму и дека ќе ја освоиме барем Ла Лига.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom