La Liga Santander 20/21

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
7.123
Поени од реакции
16.416
Една сезона беше Барса без титула, ова многу веројатно ќе биде втората, ако Реал успевал да освојува титули што да се каже за Барса, барем Ла Лига еден куп собраа изминатава деценија, ако така гледаш со Паулињо освоија титула кога сите ги имаа отпишано. Во моментов би се сложил дека Реал е нешто подобар, пред се поради тоа што ги нема структурните проблеми кои ги има Барса во управа, избори, заминувањето на Меси и слично, плус и проблемите со тренери, филозофија, пронаоѓање на игра и идентитет. Од играчки кадар не би рекол дека се нешто далеку од Барса, горе-долу на исто ниво би ги ставил.

Воопшто не би се согласил. Би се повторил со тоа што го пишав погоре, единствената предност на Реал во моментов е стабилноста на клубот, Барса е во проблеми највеќе поради турбуленциите во раководството на клубот, финансиската криза, неизвесноста која трае околу иднината за тоа кој ќе го води клубот, нови структури, тренер и остало. Од играчки кадар воопшто не е Реал понапред, ниту пак би рекол дека има подобра основа, единствено финансиите може да им дадат предност во следните години, не знам најточно како е во Реал состојбата со кризава, го реновираат и стадионот, ама сигурно не се во проблемите на Барса на тој план.
Кое јадро го има Реал, без Рамос остануваат на Варан и Милитао, Начо е во години плус далеку од сериозен квалитет, а првиве двајца досега без Рамос покрај нив не покажаа дека може да бидат носители во одбраната. Еден куп млади бекови испуштија, иако лево засега Менди делува солидно. Средниот ред им беше најсилната алка, а тука Модриќ и Крос полека влегуваат во залезот, поготово Модриќ кај кого сериозно се приметуваат годините. Го имаат Валверде, ама барем од моја гледна точка, не е тој играч што може да биде главна алка во средниот ред (не го спорам неговиот квалитет, чисто како тип на играч), Одегард веќе наполни 22 години, а сеуште се мачи сериозно да се наметне како класа играч. Иско е тотално ван форма. Во нападот сеуште немаат ни приближно замена за Бензема, Асенсио би го ставил во ист кош со Дембеле, за Азар не знам дали вреди да коментирам, а да бидеме реални Родриго и Винисиус иако се млади, не покажуваат потенцијал да бидат светска класа каква што би очекувал тим како Реал.
Не дека во Барса е најсјајно, ама почна и таму да се менува јадрото, Дест и Араухо покажуваат потенцијал, запнале за Гарсија од Сити па ќе видиме тој како ќе се покаже како партнер за Араухо, Пиќе има уште една-две сезони да послужи како помош. Лев бек очајно им фали и е една од нај проблематичните позиции. Во средниот ред полека Де Јонг и Педри се истакнуваат како носители, Педри скоро наполни 18 години, а веќе игра на високо ниво и покажува огромна фудбалска интелегенција. Фали и во средниот ред играч, Пјаниќ и Бускетс тешко се носат во модерниов фудбал и веќе се во години. Тука е и Рики Пуиг кој засега не добива сериозна шанса, ама кога добиваше покажуваше квалитет и потенцијал. Нападот дефинитивно е најголемиот проблем, највеќе ради недефинираните позиции, ама и тука го имаат Фати кој со 18 години исто покажува огромен потенцијал, и би го рангирал пред Винисиус и Родриго како споредба.
Имаат Барса проблем со заминувањето на Меси, недефинираните позиции на Гризман и Кутињо, ќе биде тешко да се ослободат од овие, ама ете и Реал на некој начин е заглавен со Азар. Пак ќе кажам, најголемата предност кај Реал во моментов е стабилноста на клубот, Барса е во тотален хаос на тој план.

ЕДИТ: @ElNinho во детали објасни све што мислам за составот на Реал, во целост се слагам со се што напиша :)
Океј, ти го почитувам мислењето, поготово првиот дел кај што ме имаш мене цитирано.

Ама во врска со играчите и вториот дел од мислењето, апла се гледа дека ти е напишано од перспектива на фан на Барса, и тоа е во ред, сепак за нив навиваш.
Објективно гледано, не можеш да кажеш дека Де Јонг е класа, а Одегард и Валверде не.
Не можеш да кажеш дека Педри и Фати покажуваат огромен потенцијал, а Винисиус и Родриго не.
Не можеш да ми кажеш дека Варан нема карактеристики да биде лидер (со што се согласувам), а Араухо со пола одиграна сезона дека покажувал потенцијал.
Не можеш да ми кажеш дека Дест се наметнувал во екипата и дека покажал потенцијал, а да се иземе фактот дека Менди е етаблиран прв лев бек во екипава и да го окарактеризираш како "солидно."

Е сега, исто вакво мислење можам и јас да напишам, како фан на Реал и да се вртиме во круг.
Тоа што го имаш напишано, НЕ Е објективно гледање на работите.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
9.955
Поени од реакции
9.165
Бреј одамна немало вака ок дискусија на форумов, со факти со објаснувања со све, дури и чудно ми е малце. Чолизмо ај пиши нешто да напраиме малце баланс жити мене.
Шо баланс јас моето си го кажав, се шо реков се испадна засега.
Сега си пијам кафето и ги читам експертизите на барса фан бојс :)
Само криво ми е шо не му се кладев на @Del Boy ќе го одерев и него :)
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.679
Поени од реакции
55.927
Може јас? :D
Ќе набројувам само играчи под 30тата година.

Голмани:
- Куртоиш - субјективно топ 5 голмани, објективно топ 10 голмани според мене, еден од позаслужните за титулата минатата сезона.
- Лунин - one for the future.. Football Manager хехе.

Одбрана:
- Карвахал - иако е од "старата гарда" сепак е млад, треба ваков искусен играч, сам знаеш колку подобро играме кога он е во прв состав.
- Варан - исто како Карвахал, со тоа што доколку дојде добра понуда може да се размислува за продажба.
- Менди - карпа, грамада, исто како и Куртоиш значително ја подобри дефанзивата на екипата со оглед на тоа што 10 години од таму промаја ни дуваше. Не е толку лош во напад, единствено лошо му е центаршутот.

Средина:
- Касемиро - нема потреба да трошам зборови за него, уште еден играч од "старата гарда" со еден тон искуство.
- Валверде - @Stefan-kobe гомно не измислувај дека сум зборел дека е боље од Де Брујне јесчуо? :D
- Одегард - најдобар асистент во Ла Лига за минатата сезона.. во екипа од рангот на Сосиедад и тоа. Негативно кај него е што влече хронична повреда на коленото за која нема лек, ептен добар man management треба да има за да не му отиде кариерата во курац.

Напад:
- Родриго - многу подобар од Винисиус, секоја шанса што му е дадена си ја има искористено со гол или асистенција. Знае да игра напаѓач, а знае да игра и крило.

Останатати млади играчи кои мислам дека нема да успеат во Реал:
- Милитао - не доби вистинска шанса, премногу млад за да се каже уште од сега дали има некои лидерски способности.
- Одриозола - not good enough.
- Иско - фала му за се, време му е за нов клуб, нема што да понуди за екипава повеќе.
- Асенсио - исто како брат му Иско, стагнира подолг период, штета што повредите можно е да му ја уништија кариерата.
- Винисиус - со оглед на какви крила има на пазарот, нема место за него во тимов.
- Лукас Васкез - мрш од клубов!
- Мариано - кој си бе ти?

И сакаш да ми кажеш дека Реал нема добра основа за во иднина? Освен Одегард и Родриго кои се коцка и не се знае дали ќе успеат, сите останати набројани играчи имаат успеано во клубов и слободно можеш да се гради екипа врз нив.
Не е проблемот во младите играчи, проблемот е во тоа што тренерот не им дава доволно шанса. Валверде се врати од повреда, го закова на клупа. Одегард се врати од повреда му даде само 5 минути во 5 натпревари да игра. Средината Крос - Касемиро - Модрич игра 10 натпревари по ред.
Едноставно не им верува доволно за да им го даде тој првотимски статус, најверојатно се плаши од неуспех Зидан и затоа се потпира на тие веќе што му го имаат донесено тренерскиот успех.
Па освен Карава и Варан истите ко мене си ги наброил. Тоа се сосе Куртоа петмина, малку за да биде целосно јадро. И што е најбитно, ниту еден од нив не игра во нападот, кој е најголемиот проблем во овие три сезони.

Зидан ако се плаши од неуспех треба да му каже на Перез: Ескучаме ми падре, доведи ми класа шпиц барем ако не друго, за да ги играм уште старите играчи.

А од друга страна Перез ако е решен да оди со истиот план во инвестирање у таленти, тогаш он треба да му каже на Зидан дека тоа е планот, иако како што гледаме можеби и Зидан не е правиот тренер за таква стратегија на промовирање пола тим од млади играчи. Впрочем таа идеја на Перез во 2018 беше добро започната со Лопетеги, кој беше спремен да форсира млади играчи но беше саботиран од ветераните. Тука грешката беше на Перез што не ја убрза транзицијата, па се реши да го зачува Модриќ ради тоа што сакаше да има нов играч во клубот со балн д'ор.

Тоа е проблемот на Реал, што многу ги измешаа работите и не тргнаа кон дефинирана стратегија. Тогаш со тие 3 ЛШ (за кои реално уште имаа кредит Флорентино), да речеше Дечки идеме сега фулл подмладување не очекувајте титула во наредните 2-3 сезони никој немаше да му замери. После една сезона се предомисли и реши да го смени тој план, да го врати Зидан и да купи една супер ѕвезда ама ја одбра најлошата можна.

Ситуацијата во Реал е комплицирана моментално, но има ептен едноставно решение. Халанд, Мбапе, Мане, Агуеро, Лева, you name it, некој таков или ко првиве двајца кои имаат талент и зрелост за да бидат лидер или некој веќе докажан лидер.

Плус Алаба и ете ти, старо-нова екипа која има све потребно да оди на нови back to back во ЛШ.

Ама па тука искрснува ново проблемче, ако дојдат пример Алаба и Хааланд, вонбрачните деца на Зидан од Франција ќе немаат загарантиран статус како првотимци и тоа може да направи проблеми во нивната фамилија...

Би те истепал за пар пасуси од претходно ама ме мрзи на телефон да типкам војна и мир постови. Затоа реков хипотетички муабет, ќе видиме за некоја година кој бил во право. Мое мислење е дека грешиш, еве пример Варан играл добро само уз Рамос, а забораваш изгледа дека ќе дојде Алаба на пример и дека нема со Ранокија да игра како партнер. Исто и во напад, ако дојде Мбапе на пример, многу другше би се однесувале и Родриго и тие другите циганчиња како и да се викаат. Вака кога се чека само на нив е друга приказна и затоа јадат само критики. Хазард го заборавив, не дека е млад ама ако се среди физички во него има уште 2-3 сезони врвен фудбал, а знаеме сите кој калибар на играч е.

Башка кров ќе имате на Бернабе, уживај се е наредено.
Ќе видиме бе, исто како што гледаме како испаѓа оваа сезона после најавите лани лето дека Реал ќе доминира во ЛаЛига со Вини Џр. :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
33.123
Поени од реакции
82.949
Шо баланс јас моето си го кажав, се шо реков се испадна засега.
Сега си пијам кафето и ги читам експертизите на барса фан бојс :)
Само криво ми е шо не му се кладев на @Del Boy ќе го одерев и него :)
Лага.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
4.335
Поени од реакции
10.881
,,Освен стабилноста, во ништо Реал не е подобар од Барселона..."

Освен? Буквално тоа е сè. Таа стабилност ќе изроди добра трансфер политика, освежување на кадар, добар тренер, амбиција.
Од друга страна, не знаеш утре што носи иднината во Барселона. Не знаеш на што си. Ќе се случат протести за автономија, ќе го испоапсат цело раководство, ќе нема плата кој да им даде на играчите, фазон.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
7.123
Поени од реакции
16.416
Па освен Карава и Варан истите ко мене си ги наброил. Тоа се сосе Куртоа петмина, малку за да биде целосно јадро. И што е најбитно, ниту еден од нив не игра во нападот, кој е најголемиот проблем во овие три сезони.

Зидан ако се плаши од неуспех треба да му каже на Перез: Ескучаме ми падре, доведи ми класа шпиц барем ако не друго, за да ги играм уште старите играчи.

А од друга страна Перез ако е решен да оди со истиот план во инвестирање у таленти, тогаш он треба да му каже на Зидан дека тоа е планот, иако како што гледаме можеби и Зидан не е правиот тренер за таква стратегија на промовирање пола тим од млади играчи. Впрочем таа идеја на Перез во 2018 беше добро започната со Лопетеги, кој беше спремен да форсира млади играчи но беше саботиран од ветераните. Тука грешката беше на Перез што не ја убрза транзицијата, па се реши да го зачува Модриќ ради тоа што сакаше да има нов играч во клубот со балн д'ор.

Тоа е проблемот на Реал, што многу ги измешаа работите и не тргнаа кон дефинирана стратегија. Тогаш со тие 3 ЛШ (за кои реално уште имаа кредит Флорентино), да речеше Дечки идеме сега фулл подмладување не очекувајте титула во наредните 2-3 сезони никој немаше да му замери. После една сезона се предомисли и реши да го смени тој план, да го врати Зидан и да купи една супер ѕвезда ама ја одбра најлошата можна.

Ситуацијата во Реал е комплицирана моментално, но има ептен едноставно решение. Халанд, Мбапе, Мане, Агуеро, Лева, you name it, некој таков или ко првиве двајца кои имаат талент и зрелост за да бидат лидер или некој веќе докажан лидер.

Плус Алаба и ете ти, старо-нова екипа која има све потребно да оди на нови back to back во ЛШ.

Ама па тука искрснува ново проблемче, ако дојдат пример Алаба и Хааланд, вонбрачните деца на Зидан од Франција ќе немаат загарантиран статус како првотимци и тоа може да направи проблеми во нивната фамилија...
Добро, петмина е премалку, ама сепак е доволно. На овие петмина додади уште двајца класа играчи (едниот е Алаба, другиот нека биде еден од Мбапе или Халанд) и имаш веќе седумина. На овие седумина додади четворица од "старата гарда" и Реал повторно станува тим за почит.

А од кај знаеш дека му нема кажано? Од кај знаеш дека пред да пукне коронава дека не напраиле план на што како да се пазари ама отиде се у курац ради тој вирусот. Ваљда не е слеп Зидан, очигледно е дека му треба напаѓач и очигледно е дека е загреан токму за Мбапе.

Реал имаше дефинирана стратегија, ама таа стратегија отиде во вода во моментот кога тренерот што ти освоил три ЛШ по ред и најдобриот играч во историјата на клубот ти отидоа во размак од два месеци. После се проба нешто со Лопетеги да се почне период на транзиција, ама имаше лавина негативни реакции од фановите и истата сега се тера со Зидан, бидејќи Зидан е кадарен во овој период на транзиција + додатно корона да го извади најдоброто од играчиве и да донесе некоја титула.

За последното се сложувам, ситуациата е комплицирана, ама решлива. Нека донесат само еден од првите тројца и ќе видиш како и останатиот дел од екипата ќе игра подобро.
 
Не знам, претпоставувам. Да знае може само админот на страната на Пења Мадридиста, он е другар со Филе и има пиено кафе со Перез, па му кажува Флоро директно. Пример тоа дека нема да го продадат Ара по никоја цена.

И ја викам ваљда не е слеп Зидан, ама некако со сила се прави дека е. Па затоа тера инаает за очигледни работи кои логички може да се решат лесно.

Заминувањата на Зидан и Роналдо веројатно беа поврзани, односно заминувањето на Роналдо беше реакција на заминувањето на Зидан, но како што реков првичниот бекап план на Флорентино тогаш воопшто не беше лош. Лопетеги, млади играчи, менување на генерација. Мислам дека не успеа ради негативниот набој што се деси тогаш околу Лопетеги и неговото тивко саботирање од ветераните во тимот кои не беа спремни да го изгубат местото со зад нив 3 освоени ЛШ.

Реакцијата на фановите особено на Перез никад не му била пресудна, он повеќе ги гледа реакциите на бордот и на инвеститорите, затоа ваљда и не се прекрши целосно иако си го тера планот еве за Бернабе упорно.

Моментално Реал е во онаа позиицја во која беше Барса во 2013-14, со преостанаати победници во екипата на кои им фали еден класа играч да се консолидираат. Тогаш Барса го купи Суарез и освоија ЛШ следната. И сега сум убеден дека истото може да го направ Реал доколку купиме еден таков играч.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
9.955
Поени од реакции
9.165
Мбапе и еден везњак, и еве ти јак Реал.
Бензема не е лош за напред каки најистурен напаѓач да игра.
Баш заради тоа мислам дека Мбапе повеќе ќе му одговара на Реал.
Касемиро назад е неприкосновен и да се донеси замена за Модрич и Крос,еден играч е доволен барем да ротира со овие двајца.
Одбраната им е океј, требаше да го задржат Хакими.
Е сега ако бега Рамос замена достојна за него не знам дали можат да најдат.
Асенсио имам приметено кога му се игра фудбал Реал е подруга екипа во нападот ама ретки се тие партии.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
2.769
Поени од реакции
2.333

Хахахха, како кажа Мбапе, везњак и замеза за Рамос и ете ти јак Реал.

Па и Барса да го донесе Кејн, Де Брујн и Ван Дајк и ете ти јака Барса.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
9.955
Поени од реакции
9.165
Хахахха, како кажа Мбапе, везњак и замеза за Рамос и ете ти јак Реал.

Па и Барса да го донесе Кејн, Де Брујн и Ван Дајк и ете ти јака Барса.
Не, нив им фалат двајца играчи,е сега ако заминува и Рамос тогаш зорт а на Барса пола тим му фали од одбрана до напад ако бега и Меси Госпонапомош :)
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
7.123
Поени од реакции
16.416
Не знам, претпоставувам. Да знае може само админот на страната на Пења Мадридиста, он е другар со Филе и има пиено кафе со Перез, па му кажува Флоро директно. Пример тоа дека нема да го продадат Ара по никоја цена.
Батали ги Пења Мадридиста хахха, не се нормални. :D
Пред некој ден ми излезе пост на ФБ од нив, дека сакале да отоворат сметка за донации, кој по колку имал да донира за да се соберат пари за Мбапе да се купи.
Тури им курот хахаха.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
2.769
Поени од реакции
2.333
Не, нив им фалат двајца играчи,е сега ако заминува и Рамос тогаш зорт а на Барса пола тим му фали од одбрана до напад ако бега и Меси Госпонапомош :)
Кажи ми еден тим во светов кај што да им донесеш 3ца играчи од типот на Мбапе, нема да е јак тим?

2ца играчи го менуваат тимот КОМПЛЕТНО.

Ливерпул беа супер тим ама не можеа да пркнат да освојат ништо. Го купиа Ван Дајк и Алисон, освоиа ЛШ и Премиер Лига.

Убаво кажа некој, на вакви тимови им фали класа играч и може да смени се. Или пак тренер, а тоа е мотив и желба.

Лани Баерн до Ноември губеа од кој ќе стигнат, после газеа све.

Барса 2008/2009 пред распаѓање беа исто, наредна сезона 6 титули. 2013/2014 исто, Нејмар влезе у форма го купиа Суарез и 2015 пак 6 титули.

Проблемот моментално во Барса е ковид кризата и немањето претседател, ако дојде сега Лапорта и се стабилизира кризава до лето, ја сум сигурен дека ќе гледаме многу различна Барса од оваа.
 
Јас реков Мбапе и двајца замени на стоперската позиција и на средина.
Не реков тројца класа играчи.
Нема везе, проблемот кај Барса очигледно е подлабок не е само во играчкиот кадар.
Мислам дека тука пишувавте дека клубот е во големи финансиски загуби не навлагам таму.
Ако навистина клубот е во финансиски долгови тогаш заборавете трансфери од типот на Мбапе,ќе крпите со играчи како Брајтвејт и евентуално ако промовирате од школата некое дете како Фати.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
1.953
Поени од реакции
3.429
Океј, ти го почитувам мислењето, поготово првиот дел кај што ме имаш мене цитирано.

Ама во врска со играчите и вториот дел од мислењето, апла се гледа дека ти е напишано од перспектива на фан на Барса, и тоа е во ред, сепак за нив навиваш.
Објективно гледано, не можеш да кажеш дека Де Јонг е класа, а Одегард и Валверде не.
Не можеш да кажеш дека Педри и Фати покажуваат огромен потенцијал, а Винисиус и Родриго не.
Не можеш да ми кажеш дека Варан нема карактеристики да биде лидер (со што се согласувам), а Араухо со пола одиграна сезона дека покажувал потенцијал.
Не можеш да ми кажеш дека Дест се наметнувал во екипата и дека покажал потенцијал, а да се иземе фактот дека Менди е етаблиран прв лев бек во екипава и да го окарактеризираш како "солидно."

Е сега, исто вакво мислење можам и јас да напишам, како фан на Реал и да се вртиме во круг.
Тоа што го имаш напишано, НЕ Е објективно гледање на работите.
Океј, прочитав сега што сум напишал и испаѓа така, иако не ми беше тоа поентата, сакав да кажам дека се тука некаде во тој поглед, моментални играчи, јадро, потенцијал. Поентата ми беше, ако Реал ги има Варан и Милитао, Барса би ги имала Араухо и Гарсија (90% ќе стане играч на Барса), ако Реал го има Менди, Барса го има Дест, Валверде - Одегард е слично на тоа што Барса го има во Де Јонг - Педри, Винисиус/Родриго од една страна и Фати од друга страна. Сакав да кажам, дека е тука некаде играчкиот кадар, на ова ако се додадат и поискусните, одбраната на Реал пак делумно виси од Рамос и фитнесот на Карвахал, додека на Барса од Пиќе и формата на Алба затоа што замени соодветни немаат. Мислам дека најголемата разлика во моментов е во средниот ред, Крос и Модриќ наспроти Бускетс и Пјаниќ, плус и Касемиро, ама овие сигурно не се јадрото и иднината, а тука Барса мислам дека има мала предност во Де Јонг и пред се Педри, иако не знаеме како ќе се развиваат и дали ќе бидат подобри од Валверде и Одегард. Во нападот двете екипи имаат сериозни проблеми, Реал зависи од Бензема кој веќе е во години, Азар исто ко да го немаат, а Асенсио е веројатно најголемо разочарување слично на Дембеле во Барса, и иако и двајцата покажуваат на моменти класа не се играчи на кои можеш да се ослониш.
Сума-сумарум стварно не мислам дека Реал се подобри ниту пак дека имаат подобра основа за иднина, би ги ставил на исто рамниште во моментов, ама пак ќе кажам, проблемите кои ги има Барса во клубот може да ја направат разликата во следните 2-3 сезони.

,,Освен стабилноста, во ништо Реал не е подобар од Барселона..."

Освен? Буквално тоа е сè. Таа стабилност ќе изроди добра трансфер политика, освежување на кадар, добар тренер, амбиција.
Од друга страна, не знаеш утре што носи иднината во Барселона. Не знаеш на што си. Ќе се случат протести за автономија, ќе го испоапсат цело раководство, ќе нема плата кој да им даде на играчите, фазон.
Точно, поентата ми беше, ако се земат моменталните состави, Реал не се издвојува ниту во моментов, ниту според потенцијалот за во иднина, ама ја има предноста поради внатрешните проблеми во Барса. Изреагирав само затоа што осетив во некои постови дека се преставува како Реал да е ниво подобар од Барса во моментов и со поголем потенцијал во составот, со што лично не се согласувам :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom