La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
14.886
Поени од реакции
16.200
Јас уште не можам да разберам по која основа Вокер го избаци Араухо како моментално најдобар стопер во лигата (n)
Го имаш Рамос, дуото на Атлетико Савич и Хименез, Пау Торес од Виљареал, оној младиот Кунде од Севиља, од кај излезе сега Араухо сирота ти :D
Или од толку шо им е срање одбраната овој им се гледа како Неста или Вокер наместо млеко ракија има пиено пред спиење синоќа :)
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Брат се губат, цел клуб им се базира на "битно Реал да е мизерен."
Уште од самото нивно постоење, прва и примарна цел им била тоа.
Вчера Фабризио Романо излага со вести дека Алаба е веќе договорен за Реал, и види ги со што се тешат?
Лапорта да бил, ќе го договорел Алаба хахахха.. а самиот играч изјави дека уште од мал желба му била за Реал да игра. :D
И сега за ова со Рамос и Араухо 100% ќе ти врати дека го немаш гледано Араухо затоа не знаеш колку е он добар.
Барса фан бојс си се посебна категорија на луѓе.
Намали малку со спинувањето, ќе ти дојдат Елче, Леганес, Еибар и Шахтјор на два пати, па најакиот клуб ќе биде пореметен :kafence:
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.791
Поени од реакции
24.056
Намали малку со спинувањето, ќе ти дојдат Елче, Леганес, Еибар и Шахтјор на два пати, па најакиот клуб ќе биде пореметен :kafence:
Зашто ќе ми вратиш некое хехенце мислење и реално нема поента, ќе вергламе у круг само.
Реално не ни очекував нешто паметно од тебе да бидам искрен хахаха.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ајде еве утврдивме дека и двата тима имаат имаат проблеми со составите и се сенка на тоа што беа. Кој и дали ќе освои титула ќе видиме, не е крај на сезоната. Ако ништо друго купот може да го земе било кој.

Него мене ми нема логика сеирот од навивачите на Реал а вашиот тим до сега ама буквално со ништо нема подобра сезона. Само три бода имате повеќе и шансите да го стигнете Атлетико се исти како нашите. Во ЛШ едвај ја минавте групата, шансите за титула таму ви се скоро па рамни на нула, толку ви е нестабилна играта што дури е прашање дали Аталанта ќе ја минете.

Освен таа победа во дербито остварена со сумлив пенал немате ама баш ниту една причина за сеир. Дури и од почеток на годината Барса има далеку подобри резултати. Затоа ви викам ова беше најлош момент за Ел Класико за Реал па сигурно ви олесна што го избегнавте.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Треба да ја пратиш Барса за да знаеш кој е. Јас не можам да знам колку е добар Бастони на пример, никој и ништо е вака за мене.
Можеби послабо ја пратам Барса, ама затоа па го пратам Реал и посебно Серхио Рамос. Така да познавајќи го Рамос никој со апсолутно ништо не може да ме убеди дека у Шпанија моментално има боље центархалф од Вал Килмер. Мислам океј е, едно време со Пике форсиравте вакви муабети а факт е дека никад у историја сте немале боље штопер од Рамос.

Бастони сеуште е никој и ништо иако за свои години игра профи. Никој не се излетува со него ко ти со овој Араухо.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Реално не ни очекував нешто паметно од тебе да бидам искрен хахаха.
Само така до тебе реал фан бојче :D зошто во спротива ќе ми цитираш пост од кошарка, колку да смениш тема. Хехенце.
 
  • Тажно
Reactions: ob1

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Кое младо јадро го има Реал брт, наброј ми ги :D
@Stefan-kobe не му ги спомињај винчиниусите пошто ќе замара со КРОВОТ и ќе се расправаат со об1. :kafence:
Иако ко што спомна, на овие млади копакабанци ќе им се придодадат и Мбапе, Халанд, еве Алаба и уште 1 но сепак големиот Ел Нињо зналецот на тоа кој кога и како треба да врши градежни работи нема да престане да мрчи за работата на господинот Перез.

ЕлНињо два брата градители, ЕлНињо Бетон, ЕлНињо Гранит, ЕлНињо Чифлиганец, ЕлНињо Ленчо.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Кое младо јадро го има Реал брт, наброј ми ги :D
Види, пред да набројувам да ти кажам дека тоа што имаат млади играчи не значи дека ќе успеат во иднина и дека ќе тече мед и млеко. Нормално, си праиме хипотетички муабет врз основа на моменталната ситуација. Кај Барса фрката е што се заглавени со многу играчи со канцерогени и огромни договори и реално не е баш лесно да се ослободат од нив. Кој ќе ти плати 100м за Дембеле на пример?или за Кутињо?

Ок, ај за Реал сега. На голманска позиција се обезбедени. У одбрана Рамос ќе си оди набрзо, ама ги имаат Начо, Милитао и Варан кој е најискусен од овие. Бекови Менди, Карвахал, едниот млад другиот искусен со 100 титули и може да игра уште 4-5 години на врвно ниво. Средина Валверде кој според Оби Биелса е појак од Де Брујне, Каземиро и Крос, со тоа што Модриќ ќе си оди и треба место него да донесат замена, ете Гаљардини е слободен па може него да го купат. У напад ги имаат циганчињата, Одегард и не знам тој Одриозола дали е ваш играч ама ќе ми кажете вие пошо ме мрзи да гуглам. Реално со 2-3 добри инвестиции ете го пак Реал на врвно ниво, рецимо Мбапе и Халанд напред и у средина везњак од типот на Тиаго и зз. Можда 90% од овие што ги кажав нема да успеат у Реал али времето ќе покаже. Мене муабетот ми беше поише за Барса дека се углавени и реално нема да можат да рокаат јаки пари додека не се потсредат финансиски, а за тоа ќе треба време. Реал го нема тој проблем и сигурен сум дека ако не ова тогаш следното лето ќе купат ѕверки и ќе бидат пак најјаки во Шпанија.

П. С. Како што реков ме мрзеше да гуглам па можда и забораив некој играч на Реал да спомнам. И да, знам дека Крос не е млад, ама не е ни за фрлање и има уште фудбал у него. :)
Автоматски споено мислење:

Хахахахаха а тргнав да ги напишам али го видов твојот пост па само пропратно ги спомнав.
И да, Алаба го заборавив кој ќе биде сериозно засилување за одбраната.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.886
Поени од реакции
16.200
Излезе вест денеска дека Винициус ќе го продаваат, по мое најпаметно.
Дечкото е веќе трета година ако не се лажам во Реал и нема напреднато воопшто.
Дали дека не добива доволно минутажа па не можи континуитет да фати не знам.
Јас уште тогаш викав дека овој нема да се прослави во Реал.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.791
Поени од реакции
24.056
Кое младо јадро го има Реал брт, наброј ми ги :D
Може јас? :D
Ќе набројувам само играчи под 30тата година.

Голмани:
- Куртоиш - субјективно топ 5 голмани, објективно топ 10 голмани според мене, еден од позаслужните за титулата минатата сезона.
- Лунин - one for the future.. Football Manager хехе.

Одбрана:
- Карвахал - иако е од "старата гарда" сепак е млад, треба ваков искусен играч, сам знаеш колку подобро играме кога он е во прв состав.
- Варан - исто како Карвахал, со тоа што доколку дојде добра понуда може да се размислува за продажба.
- Менди - карпа, грамада, исто како и Куртоиш значително ја подобри дефанзивата на екипата со оглед на тоа што 10 години од таму промаја ни дуваше. Не е толку лош во напад, единствено лошо му е центаршутот.

Средина:
- Касемиро - нема потреба да трошам зборови за него, уште еден играч од "старата гарда" со еден тон искуство.
- Валверде - @Stefan-kobe гомно не измислувај дека сум зборел дека е боље од Де Брујне јесчуо? :D
- Одегард - најдобар асистент во Ла Лига за минатата сезона.. во екипа од рангот на Сосиедад и тоа. Негативно кај него е што влече хронична повреда на коленото за која нема лек, ептен добар man management треба да има за да не му отиде кариерата во курац.

Напад:
- Родриго - многу подобар од Винисиус, секоја шанса што му е дадена си ја има искористено со гол или асистенција. Знае да игра напаѓач, а знае да игра и крило.

Останатати млади играчи кои мислам дека нема да успеат во Реал:
- Милитао - не доби вистинска шанса, премногу млад за да се каже уште од сега дали има некои лидерски способности.
- Одриозола - not good enough.
- Иско - фала му за се, време му е за нов клуб, нема што да понуди за екипава повеќе.
- Асенсио - исто како брат му Иско, стагнира подолг период, штета што повредите можно е да му ја уништија кариерата.
- Винисиус - со оглед на какви крила има на пазарот, нема место за него во тимов.
- Лукас Васкез - мрш од клубов!
- Мариано - кој си бе ти?

И сакаш да ми кажеш дека Реал нема добра основа за во иднина? Освен Одегард и Родриго кои се коцка и не се знае дали ќе успеат, сите останати набројани играчи имаат успеано во клубов и слободно можеш да се гради екипа врз нив.
Не е проблемот во младите играчи, проблемот е во тоа што тренерот не им дава доволно шанса. Валверде се врати од повреда, го закова на клупа. Одегард се врати од повреда му даде само 5 минути во 5 натпревари да игра. Средината Крос - Касемиро - Модрич игра 10 натпревари по ред.
Едноставно не им верува доволно за да им го даде тој првотимски статус, најверојатно се плаши од неуспех Зидан и затоа се потпира на тие веќе што му го имаат донесено тренерскиот успех.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
@Stefan-kobe не му ги спомињај винчиниусите пошто ќе замара со КРОВОТ и ќе се расправаат со об1. :kafence:
Иако ко што спомна, на овие млади копакабанци ќе им се придодадат и Мбапе, Халанд, еве Алаба и уште 1 но сепак големиот Ел Нињо зналецот на тоа кој кога и како треба да врши градежни работи нема да престане да мрчи за работата на господинот Перез.

ЕлНињо два брата градители, ЕлНињо Бетон, ЕлНињо Гранит, ЕлНињо Чифлиганец, ЕлНињо Ленчо.
Не умарај, имам изградено точна реплика на семејната куќа на Симс 2 пред 15 години, Ел Нињо Тим и Љум.

Види, пред да набројувам да ти кажам дека тоа што имаат млади играчи не значи дека ќе успеат во иднина и дека ќе тече мед и млеко. Нормално, си праиме хипотетички муабет врз основа на моменталната ситуација. Кај Барса фрката е што се заглавени со многу играчи со канцерогени и огромни договори и реално не е баш лесно да се ослободат од нив. Кој ќе ти плати 100м за Дембеле на пример?или за Кутињо?

Ок, ај за Реал сега. На голманска позиција се обезбедени. У одбрана Рамос ќе си оди набрзо, ама ги имаат Начо, Милитао и Варан кој е најискусен од овие. Бекови Менди, Карвахал, едниот млад другиот искусен со 100 титули и може да игра уште 4-5 години на врвно ниво. Средина Валверде кој според Оби Биелса е појак од Де Брујне, Каземиро и Крос, со тоа што Модриќ ќе си оди и треба место него да донесат замена, ете Гаљардини е слободен па може него да го купат. У напад ги имаат циганчињата, Одегард и не знам тој Одриозола дали е ваш играч ама ќе ми кажете вие пошо ме мрзи да гуглам. Реално со 2-3 добри инвестиции ете го пак Реал на врвно ниво, рецимо Мбапе и Халанд напред и у средина везњак од типот на Тиаго и зз. Можда 90% од овие што ги кажав нема да успеат у Реал али времето ќе покаже. Мене муабетот ми беше поише за Барса дека се углавени и реално нема да можат да рокаат јаки пари додека не се потсредат финансиски, а за тоа ќе треба време. Реал го нема тој проблем и сигурен сум дека ако не ова тогаш следното лето ќе купат ѕверки и ќе бидат пак најјаки во Шпанија.

П. С. Како што реков ме мрзеше да гуглам па можда и забораив некој играч на Реал да спомнам. И да, знам дека Крос не е млад, ама не е ни за фрлање и има уште фудбал у него. :)
Автоматски споено мислење:

Хахахахаха а тргнав да ги напишам али го видов твојот пост па само пропратно ги спомнав.
И да, Алаба го заборавив кој ќе биде сериозно засилување за одбраната.
Единствена зона која е стварно покриена за иднината со веќе докажан играч (под докажан мислам тоа да го докаже и со игри во Реал) е голманската, затоа што за неа треба еден играч, Куртоа. :D

Варан ама баш со ништо досеа не покажа дека он може да биде новиот лидер на одбраната на Реал, туку баш напротив, фејлна секогаш кога Рамос не играше со него. Милицао во шансите кои ги доби исто така не покажа ништо. Си ми го набројал Начо како јадро, братот е постар од нас стар а и никогаш не бил прва постава материјал.

Карва за жал е станат хроничар со повредите и премала е веројатноста да се врати пак како бек кој ровари цела сезона непрестајно, Одоздола не постои, Марсело го фати јужноамеричкиот синдром, за Менди си во право.

Во средниот ред не е подобра ситуацијата. Касемиро полека го фаќа исто тој јужноамерички синдром, но он може уште да игра на неговото ниво, уште некоја сезона, Валверде е супер исто така до сега. Двајцата главани се влезени у 30тите веќе, Иско е релативно млад ама он е чуден феномен, моментално е позапуштен од Том Хенкс во Cast Away.

Одегард е суперталентот на кој сите чекаме, но повеќе е на трибина, него на терен. Родриго може да стане солиден играч кој ќе биде долгорочен играч. Асенсио последниве утакмици покажува знаци на враќање, ќе видиме дали ќе успее целосно да се врати после цели две сезони апстиненција.

Винчини не сакам ни да го спомнувам во муабетов.

Така да, доаѓаме до тоа дека Реал моментално нема младо јадро на кое може да се ослони. Од млади јадрести играчи на кои можеш да сметаш без дилема тука може само да ги спомнеме Менди и Валверде. Од искусни а не млади јадрести тука се Куртоа и Касемиро. Останатото е или ветерани пред пензија или млади недокажани (сеуште). И неколку веќе издишани играчи.

Повеќе би рекол јас дека Реал е сеуште во all in ситуација. Односно ситуација каде што треба да се обиде да ги извлече овие преостанати 1-2, максимум 3 сезони кои им преостануваат на ветераните во тимот каде би играле на нивното ниво. The Last Dance што би рекол другар ти Мајкл Џордан. Ситуација во која мора да инвестира во бар еден од моментално двата генерациски талентирани напаѓачи или во некој веќе друг докажан класа играч. Доведување на Алаба би бил таков правилен потег на пример.

Или па да го купиме Хазард можеби, на дечкото сон му е да игра за Реал.

Но за жал Реал веќе трета сезона е неодлучлив, во тоа што сака да прави. Дали сака да ги искористи овие класа играчи што ги има до крај и да им овозможи ново оружје за да освојат уште некоја титула, или да се ослободи од нив и да им даде целосна шанса на младите. Ако си приметил, Зидан сеуште живее во 2018 и чека од истите играчи да ги повторат игрите, само сега со една битна разлика, со немањето на Роналдо напред.

Така да, не би се согласил со тоа дека Реал има младо јадро на кое може да се ослони.

А и општо, таа флоскула за имање „иднина во наредните 10 години“ или „тој и тој клуб е обезбеден во наредните 10 години“ во модерниот фудбал веќе не е толку релевантна, со оглед на тоа колку слобода имаат играчите, колку бегаат ради неприфаќање да бидат role players и колку е отворен пазарот.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
А и општо, таа флоскула за имање „иднина во наредните 10 години“ или „тој и тој клуб е обезбеден во наредните 10 години“ во модерниот фудбал веќе не е толку релевантна, со оглед на тоа колку слобода имаат играчите, колку бегаат ради неприфаќање да бидат role players и колку е отворен пазарот.
Би те истепал за пар пасуси од претходно ама ме мрзи на телефон да типкам војна и мир постови. Затоа реков хипотетички муабет, ќе видиме за некоја година кој бил во право. Мое мислење е дека грешиш, еве пример Варан играл добро само уз Рамос, а забораваш изгледа дека ќе дојде Алаба на пример и дека нема со Ранокија да игра како партнер. Исто и во напад, ако дојде Мбапе на пример, многу другше би се однесувале и Родриго и тие другите циганчиња како и да се викаат. Вака кога се чека само на нив е друга приказна и затоа јадат само критики. Хазард го заборавив, не дека е млад ама ако се среди физички во него има уште 2-3 сезони врвен фудбал, а знаеме сите кој калибар на играч е.

Башка кров ќе имате на Бернабе, уживај се е наредено.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.143
Поени од реакции
4.528
И ваков еден Реал умрен, клинички мртов, на респираторна машина е сепак подобар од Барса.
Сепак успева да освојува титули и да не се посрамотува во финале и ЛШ.
Да не заборавиме, ова е најслабиот Реал, ама ова не е најслабата Барса верувајте.
Многу потежок период на транзиција им следи на Барса, ама нема везе, на вас ви е утеха што и Реал е мртов.
Една сезона беше Барса без титула, ова многу веројатно ќе биде втората, ако Реал успевал да освојува титули што да се каже за Барса, барем Ла Лига еден куп собраа изминатава деценија, ако така гледаш со Паулињо освоија титула кога сите ги имаа отпишано. Во моментов би се сложил дека Реал е нешто подобар, пред се поради тоа што ги нема структурните проблеми кои ги има Барса во управа, избори, заминувањето на Меси и слично, плус и проблемите со тренери, филозофија, пронаоѓање на игра и идентитет. Од играчки кадар не би рекол дека се нешто далеку од Барса, горе-долу на исто ниво би ги ставил.

Има една суштинска разлика помеѓу Барса и Реал моментално, а тоа е дека Реал има далеку подобра основа и причина да се надева во скора иднина дека пак ќе бидат мега јаки како пред неколку години. Јадрото на екипата е генерално составено од млади играчи плус неколку искусни што играат долго во Реал и младите може многу да научат од нив. Не се заглавени со канцерогени договори, едино Бејл али ќе го решат и него летоска. Не знам ради коронава дали може да кажам дека од следново лето ќе можат да ги нападнат Халанд и Мбапе, ама од 2022 гарант ќе удрат форс за таков вид трансфери, бар двајца такви играчи ќе донесат.

Барса од друга страна е во тешки гомна, нивниот најдобар играч со сила е во екипата и со сила игра, притоа секако зема 80000000 милијарди годишно, Дембеле платен 150м дно, Гризман 100 и кусур дно, Кутињо 100 и кусур дно, тоа се веќе четири играчи со астрономски договори а немаат иднина во екипата. Плус основата им е мех, имаат пар добри млади играчи, останатите се сомнителни или слаби. Бускетс треба да си оди, лев бек после Алба немаат, у средина освен Френки другото е мех, у напад само Фати е добар, другото све би убил.

Така да Барса мислам дека ја чека поише време сушен период и ќе треба некое време да пројде дур заличат на мега јак тим ко порано.

П. С. Забораив да спомнам, Реал и ваков климав лани зема титула. :)
Воопшто не би се согласил. Би се повторил со тоа што го пишав погоре, единствената предност на Реал во моментов е стабилноста на клубот, Барса е во проблеми највеќе поради турбуленциите во раководството на клубот, финансиската криза, неизвесноста која трае околу иднината за тоа кој ќе го води клубот, нови структури, тренер и остало. Од играчки кадар воопшто не е Реал понапред, ниту пак би рекол дека има подобра основа, единствено финансиите може да им дадат предност во следните години, не знам најточно како е во Реал состојбата со кризава, го реновираат и стадионот, ама сигурно не се во проблемите на Барса на тој план.
Кое јадро го има Реал, без Рамос остануваат на Варан и Милитао, Начо е во години плус далеку од сериозен квалитет, а првиве двајца досега без Рамос покрај нив не покажаа дека може да бидат носители во одбраната. Еден куп млади бекови испуштија, иако лево засега Менди делува солидно. Средниот ред им беше најсилната алка, а тука Модриќ и Крос полека влегуваат во залезот, поготово Модриќ кај кого сериозно се приметуваат годините. Го имаат Валверде, ама барем од моја гледна точка, не е тој играч што може да биде главна алка во средниот ред (не го спорам неговиот квалитет, чисто како тип на играч), Одегард веќе наполни 22 години, а сеуште се мачи сериозно да се наметне како класа играч. Иско е тотално ван форма. Во нападот сеуште немаат ни приближно замена за Бензема, Асенсио би го ставил во ист кош со Дембеле, за Азар не знам дали вреди да коментирам, а да бидеме реални Родриго и Винисиус иако се млади, не покажуваат потенцијал да бидат светска класа каква што би очекувал тим како Реал.
Не дека во Барса е најсјајно, ама почна и таму да се менува јадрото, Дест и Араухо покажуваат потенцијал, запнале за Гарсија од Сити па ќе видиме тој како ќе се покаже како партнер за Араухо, Пиќе има уште една-две сезони да послужи како помош. Лев бек очајно им фали и е една од нај проблематичните позиции. Во средниот ред полека Де Јонг и Педри се истакнуваат како носители, Педри скоро наполни 18 години, а веќе игра на високо ниво и покажува огромна фудбалска интелегенција. Фали и во средниот ред играч, Пјаниќ и Бускетс тешко се носат во модерниов фудбал и веќе се во години. Тука е и Рики Пуиг кој засега не добива сериозна шанса, ама кога добиваше покажуваше квалитет и потенцијал. Нападот дефинитивно е најголемиот проблем, највеќе ради недефинираните позиции, ама и тука го имаат Фати кој со 18 години исто покажува огромен потенцијал, и би го рангирал пред Винисиус и Родриго како споредба.
Имаат Барса проблем со заминувањето на Меси, недефинираните позиции на Гризман и Кутињо, ќе биде тешко да се ослободат од овие, ама ете и Реал на некој начин е заглавен со Азар. Пак ќе кажам, најголемата предност кај Реал во моментов е стабилноста на клубот, Барса е во тотален хаос на тој план.

ЕДИТ: @ElNinho во детали објасни све што мислам за составот на Реал, во целост се слагам со се што напиша :)
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Бреј одамна немало вака ок дискусија на форумов, со факти со објаснувања со све, дури и чудно ми е малце. Чолизмо ај пиши нешто да напраиме малце баланс жити мене.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom