La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Италија и Англија секоја сезона со нови теми, а сите останати лиги во една зедничка тема и таа нека им биде за десет сезони. :icon_mrgr:
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
За 2 години имаат 200 страни наполнето, нема потреба од нови теми за Шпанија, Германија и Франција.
Може и нова анкета да напраиш.[DOUBLEPOST=1533996393][/DOUBLEPOST]Гласав за Атлетико, стварно мислам дека они ќе освојат. Барса би требало да се посвети малку повеќе на Лигата на Шампиони.
 
Последно уредено:

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.989
Баш пред 2-3 дена имаше на Марка или АС статија, дека ова моментално е најдобриот Атлетико во историјата. Мислам дека конечно оваа сезона ќе земат една голема титула
Кој кур со ваков вовед требало нова тема да отвориш бре. :D
Нема потреба од нова тема пошо многу малку се пишува во темата за Ла Лига секоја сезона. Ние за цела сезона колку вие за ПЛ за 3 недели. :D :D :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Гласав за Барса во анкетата. Ама без намерно да го потценувам Реал, и јас мислам дека Атлетико и оваа сезона ќе биде поголем конкурент за титулата од нив.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709

Пречек на играчите на Валенсија неколку часа пред последната пријателска летово против Леверкузен(прва на Местаља цело лето),која воедно служеше и за промоција на тимот пред навивачите пред почетокот на новата сезона :cuc: :cuc:

Околу очекувањата...пак топ 4,заедно со 1/8 финале ЛШ и 1/2 КДР би бил презадоволен(сеа не знам каква ќе биде групата за ЛШ дека ќе бидат 4-ти шешир сосем извесно).

За засилувањата...до сега како нови играчи пристигнаа Рачиќ од Ѕвезда,млад везњак,од она што го гледав низ пријателските имам големи очекувања,потоа Даниел Вас крилен играч од Селта,Мухтар Диакаби штоперот од Лион,исто така млад играч со голем потенцијал. Минатата недела кон тимот се приклучи и Пицини(Пичини),десниот бек на Спортинг Лисабон и најновата вест од вчера-засилување во нападот во името на Мичи Бачуаи. Пред тоа беше познато дека го откупија и Кондогбија од Интер. Тренерот Марселињо вчера на прес конференција кажа дека очекувал до предниот рок уште 4-ца играчи(пред да се официјализира позајмицата на Бачуаи,со што остануваат уште 3-ца играчи). Одбраната е целосно покриено според неговите зборови,така да веројатно станува збор за 2-ца играчи од средниот ред и 1 напаѓач(веројатно Гамеиро од Атлетико),доколку напушти Симоне Заза. Искрено се надевам дека ќе успеат да го откупат Гуедеш од ПСЖ. Се шпекулира со сума околу 45-50 милиони евра,посебно дека никој од Премиерлигашите не успеа да го откупи пред затворањето на преодниот рок.

Заминувања: Од ланскиот костур на екипата не напушти некој битен играч(освен Гуедеш што беше на позајмица,па се врати во својот клуб,исто како и Вието во Атлетико,по што овие го пуштија на позајмица во Фулам),што е конечно нешто добро..изминатите сезони главните играчи редовно си одеа. До сега напуштија Кансело за 40 милиони(лани беше позајмен во Интер),на Нани му го прекинаа договорот,десниот бек Монтоја отиде во Брајтон. Максимовиќ отиде во Брајтон со бај-бек опција,Медран од денес официјално на позајмица во Рајо Ваљекано.

Тоа е тоа накратко,се надевам на нова успешна сезона... Amunt Valencia
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
исто Гамеиро потпишува ако ги помине утре медицинските прегледи. Така да Заза дефинитивно ќе си оди, играч што освои срца на многу навивачи, ваљда Торино ако го продадат Љајиќ.
Гуедес исто е пред потпис после напорните преговори со ПСЖ иако желбата на играчот е мислам пресудна, цената е околу 45 милиони и 20% од следната продажба за ПСЖ. За да не се повтори истата грешка како Гуедес, за Батман има право на откуп од 50мил после истекот на позајмицата
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
Овај поздравот за нас беше, дека го сакативме од оговарање дека не вреди пет пари


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.161
Поени од реакции
107.612
Не се научивте дека треба и превод да ставате на неанглиските статии и наслови, бем му дете.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Не се научивте дека треба и превод да ставате на неанглиските статии и наслови, бем му дете.
Од тоа што разбирам шпански најверојатно една утакмица оваа сезона од Ла Лига ќе се игра во САД. :D И ваљда во наредни 15 сезони ќе се играат одреден број на мечеви таму.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не се научивте дека треба и превод да ставате на неанглиските статии и наслови, бем му дете.
https://www.telegraph.co.uk/football/2018/08/16/la-liga-play-regular-season-game-united-states-spanish-league/

Еден натпревар во годината ќе се игра во САД наредните 15 сезони а нема да биде Ел Класико.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
Не се научивте дека треба и превод да ставате на неанглиските статии и наслови, бем му дете.
аман бре, Шпанскиот како втор мајчин ни е, не си гледал Шпански серии зато :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom