La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
Може на оваа да се продолжи, и онака едвај 200 страни се испишуваат за цела година. :icon_lol:
со заминувањето на принцезата од Португалија ни 20 страни нема да се испишат оваа сезона


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Ќе ги издоминираме квалитетно оваа сезона, 70 % од тимот им отиде во Јуве со еден трансфер. :LOL:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658
И Барса и Реал некако тивки на трансфер пазарот, Атлетико потпиша неколку играчи а успеа да ги задржи главните звезди, интересна сезона претстои


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.144
Поени од реакции
16.658

Нека го одложат демолирањето на Калдерон за сваки случај да не треба да се враќаат назад болна работа
На кратко стопирано е урбанизирањето околу Ванда и непознато е што понатаму и дали постои некаков ризик за стадионот, од управа негираат за било каков ризик ама ништо не ме чуди од Гил мафијата.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Селта може да лапне 100М измеѓу Лоботка и Макси Гомез. Ако не оваа година другата сигурно. Супер работат од ангажирањето на Лучо навака.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Дечки ако сакате некој пишете збор два за конкурентите за титула и екипите од Ла Лига во европските натреварувања па да можи да ја среди @Клипче темава.

@Ернесто ЧЕ Гевара можи како активен на темава, плус да разбиеме малер и да се врати трофејот на Бернабе. :D
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.990
Дечки ако сакате некој пишете збор два за конкурентите за титула и екипите од Ла Лига во европските натреварувања па да можи да ја среди @Клипче темава.

@Ернесто ЧЕ Гевара можи како активен на темава, плус да разбиеме малер и да се врати трофејот на Бернабе. :D
Може до вечер, најдоцна утре :D ако во меѓувреме некој друг не сака да напише.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Пингајте коа ќе средите тоа, ќе сненам наслов и тоа е тоа.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.990

За една недела започнува 88та сезона од највисокото по ранг шпанско фудбалско првенство. Минатата сезона на последните 3 позиции завршија Депортиво Ла Коруња, Лас Палмас и Малага, што значи дека овие 3 екипи оваа сезона ќе играат во Сегунда Дивисион. Новите членови на Примера оваа сезона ќе бидат Рајо Ваљекано (по пауза од 1 сезона), Реал Ваљадолид (по пауза од 4 сезони) и дебитантот Хуеска, клуб кој за прв пат во својата 68-годишна историја ќе заигра во најјаката шпанска фудбалска лига.

Бранител на титулата е Барселона. Се очекува голема битка за титулата помеѓу 3те фаворити, Барселона, Атлетико и Реал Мадрид.

Во оваа сезона за прв пат ќе биде користено VAR (Video assistant referee), видео помошен судија.

Сезоната започнува на 17ти август 2018та, а ќе заврши на 26ти мај 2019та.

Во оваа сезона дури 5 од екипите се од Мадрид, 4 се од Баскија, по 3 од Каталонија и Валенсија, 2 се од Андалузија и по една од Арагон, Кастиља и Леон и Галиција.

Дури 9 екипи влегуваат со нови тренери, а сезоната ќе започне со 15 домашни (шпански) и 5 аргентински тренери.

Оваа сезона претставници во ЛШ од Ла Лига се Барселона, Атлетико, Реал Мадрид и Валенсија.
Во ЛЕ ќе играат Виљареал, Бетис и веројатно Севиља (која игра квалификации за учество во ЛЕ).


Фаворити
Барселона



Екипата на Барселона минатата сезона ја освои 25тата титула во Ла Лига. Клубот освои уште една двојна круна (Ла Лига + куп) и имаше одлична сезона, но елиминацијата од Рома во 1/4 финалето од ЛШ е болна точка на минатата сезона. Иако постоеше незадоволство кај дел од фановите од новиот тренер Ернесто Валверде, токму заради натпреварот со Рома, сепак од клубот решија да му ја дадат својата доверба да го води клубот и оваа сезона. Валверде исто така беше критикуван и заради стилот на игра, кој е малку подефанзивен од она што Барселона од секогаш го играла, како и заради формацијата 4-4-2 која во најголемиот дел од сезоната Валверде ја практикуваше. Од клубот сфатија дека е потребен поширок ростер на играчи, па решија да донесат играчи кои би можеле да го подигнат квалитетот и да му отворат повеќе опции во составот на Валверде.
Така, Барселона ова лето се засили со младиот Артур Мело, кој дојде од бразилски Гремио. За него велат дека со стилот на игра потсетува на Чави Ернандез, играч чија замена Барселона ја бара веќе 3 сезони. Следен играч кој пристигна беше дотогашниот стопер на Севиља, Клемен Ленгле, француски 23-годишен играч. Потоа во клубот пристигна и Малком, крилен напаѓач од Бразил, кој играше во француски Бордо. Последното засилување за Барселона е чилеанецот Артуро Видал, кој дојде од Баерн. Во клубот исто така од позајмица се вратија Рафиња, Мунир, Деулофеу, Марлон и Даглас Од Барселона не ја исклучуваат можноста до крајот на преодниот рок да донесат уште засилувања.

Од клубот после 16 сезони во првиот тим си замина капитенот Андрес Иниеста. Тој кариерата ќе ја продолжи во јапонската лига, во тимот на Висел Кобе. Паулињо по само една сезона во клубот, се врати назад во кинески Гуангжу Евергранде. Деулофеу на негово барање го напушти клубот и потпиша за Вотфорд, каде што беше на позајмица во втората половина од минатата сезона. Даглас замина на позајмица во турски Сиваспор, Алеиш Видал се врати во Севиља од каде дојде пред 3 години. Во Евертон заминаа 3ца фудбалери на Барселона: Лука Дињ Јери Мина со перманентен трансфер и Андре Гомеш на едногодишна позајмица. До крајот на преодниот рок се очекува од клубот да заминат и Марлон и еден од Пако / Мунир.[DOUBLEPOST=1533945343][/DOUBLEPOST]Реал Мадрид



Најмногу потреси имаше кај актуелниот европски шампион, Реал Мадрид. Реал минатата сезона заврши на 3тата позиција, зад Атлетико и шампионот Барселона. "Кралевите" како да го ставаат во втор план националниот шампионат, а сите сили ги насочуваат кон Лигата на шампиони. Во последните 5 сезони, имаат само една титула во Ла Лига, во периодот кога 4 пати станаа шампиони на Европа.
Само неколку дена по освојувањето на ЛШ, како гром од ведро небо одекна информацијата дека Зинедин Зидан го напушта тренерското место во Реал. За кратко време, за негов наследник беше назначен селекторот на шпанската репрезентација, Хулен Лопетеги. Лопетеги за овој потег доби отказ од шпанската федерација, на еден ден пред почетокот на СП во Русија.
Но и откако новиот тренер започна со работа, во Мадрид повторно почнаа потреси. Кристијано Роналдо, најголемата ѕвезда на Реал уште по финалето во ЛШ на крајот од мај како да наговести дека неговото време во Реал поминало, но реално никој не веруваше дека Кристијано навистина ќе си замине. После неколкудневни шпекулации за време на СП, Кристијано го напушти Реал и замина во Јувентус. Од Реал си заминаа и Тео Ернандез (во Реал Сосиедад) Матео Ковачиќ (Челзи) на едногодишни позајмици, како и Хакими во Дортмунд на двегодишна позајмица.

Што се однесува до засилувањата, Реал на изненадување на многумина сеуште не донесе големо звучно име како замена за Кристијано. По неговото заминување, Реал беше поврзуван со неколку имиња (Азар, Нејмар, Мбапе), но можеби намерно Флорентино не сака замената за Кристијано да ја бара баш во овој преоден рок, знаејќи дека клубовите ќе бараат астрономски суми. Во клубот пристигна младиот бразилски напаѓач, Винисиус Жуниор, од Сантос. Реал се засили и со талентираниот шпански десен бек Алваро Одриозола, кој дојде од Сосиедад. Во клубот дојдоа и 2ца голмани, младиот надежен украински голман Андриј Лунун, како и најдобриот голман на СП во Русија, белгиецот Тибо Куртоа. Во првиот тим промовирани се и младинците Феде Валверде у Раул де Томас, а од позајмица се вратија Фабио Коентрао и норвешкиот талент Мартин Øдегард.[DOUBLEPOST=1533950310][/DOUBLEPOST]Атлетико Мадрид



Активни на пазарот беа и "колчонероси". Уште на почетокот на преодниот рок излегоа информации дека најдобриот играч на Атлети, Антоан Гризман е на излезна врата од клубот. Имено, агентите на Гризман ги имаа договорено личните услови со Барселона, која требаше да ја плати неговата откупна клаузула (100м), а целиот трансфер зависеше само од конечниот одговор на францускиот напаѓач. По неколкунеделно одлагање, Гризман одлучи да остане во Атлетико и со засилена екипа предводена од командантот Чоло Симеоне да се обидат да освојат титула во Ла Лига и во Лига на шампиони.
Од клубот си замина иконата, миленикот на навивачите, Фернандо Торес, кој кариерата ја продолжува во јапонскиот клуб Саган Тосу. Освен Ел Нињо, клубот го напушти уште една легенда, капитенот Габи, кој замина во Катар во тимот на Ал Сад. Од Атлетико си замина и Диого Жота (Вулверхемптон), а Шиме Врсаљко замина на едногодишна позајмица во Интер.

Атлетико во овој период се засили со неколку квалитетни играчи. Најзвучно име кое пристигна е францускиот репрезентативец, Томас Лемар, кој дојде од Монако. Голманот Антонио Адан од Бетис дојде да го пополни испразнетото место на резервниот голман Моја кој во февруари го напушти клубот. Атлетико го донесе и Родри од Виљареал, играч кој треба да биде замена за екс-капитенот Габи, потоа колумбискиот десен бек Санти Аријас од ПСВ, хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ од Милан и младиот португалец Желсон Мартинс од Спортинг Лисабон. Атлетико го купи и левиот бек Џони Кастро од Селта, но веднаш го испрати на позајмица во Вулверхемптон, а Атлетико ни оваа сезона нема да смета на Лусиано Вието, кој по враќањето од позајмицата од Валенсија, повторно е пратен на позајмица, овојпат во тимот на Фулам.






Ова се натпреварите од првото коло:




За целосниот календар за натпреварите од Ла Лига 2018-19 кликни ОВДЕ.

Дерби натпревари

Првото Дерби Севиљано ќе биде во третото коло (1-2 септември) на Бенито Виљамарин, а вториот натпревар на Санчез Писхуан на 13-14 април.
Првото Дерби Мадрилењо ќе биде во 7мо коло на Бернабеу на 29-30 септември, а на Ванда Метрополитано 9-10 февруари.
Првото Ел Класико во оваа сезона ќе биде во 10то коло (27-28 октомври) на Камп Ноу, а второто на Бернабеу на 2-3 март.


За сите трансфери во Ла Лига, ги имате овие страни :D
http://www.soccernews.com/soccer-transfers/spanish-la-liga-transfers/
https://www.transfermarkt.com/primera-division/transfers/wettbewerb/ES1
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Spanish_football_transfers_summer_2018


За крај најдобрите 10 голови од претходната сезона и најава за новата сезона од официјалниот YouTube канал на Ла Лига.


Ако сака некој друг нека допише кратка анализа и за екипите што ќе играат во Европа.
@Клипче
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Кој кур со ваков вовед требало нова тема да отвориш бре. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom