Вака.. ми треба совет. Родителите на мојот дечко (он 20 јас 18) живеат и работат во странство и сакаат и он да иде таму, а он и не сака поради мене (мене моите не ме пуштаат во странство освен на шетање). Зборено е со нив али џабе, имате ли некој совет како да ги премисли он да не оди?
Иначе ние (мојата фамилија) овде имаме бизнис и станови, ќе му биде убаво со нас, али неговите имаат кажувано некои коментари што не треба, да не влагам во детали, ќе кажам 2 примери.. на пример, коа го возеше наш возач, они му рекле "не си играј играчки" (скроз глуп коментар и нелогичен, као да имаш возач да е нешто лошо, не го сваќам тој менталитет) и му рекле "ако останеш, они ќе раководат со тебе" а вака пред мене фини се (најверојатно се прават само)
и му рекле као, ја многу сум трошела (ја си трошам свои пари не негови, не е нивно да коментираат тоа)
Иначе ова ми е прв дечко и го засакав и он мене, моите ми рекоа "не е он за тебе" али ја си го сакам. Моите генерално не праат проблем за него, не им е баш по кеиф ама не се ни против бидејќи е фин дечко. Ме третира убаво, све ми кажува искрен е итн..
П.С. Немојте да пишувате ваши мислења дали вие би работеле тоа во странство, туку ме интересира само совети што да каже он на неговите за да ги премисли да му дозволат да си остане овде.. иначе неговите во странство работат тешки физички работи и он тоа ќе работи таму, не ми се јасни зошто тоа го посакуваат и за своите деца (имаат 2 деца)
Неговите родители очигледно се неспособни да створат нешто (немаат ни факултет) али греота што ги тераат и своите деца на тешки физички работи