Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
не биди толку нападен, остави работите да течат.
ако таа не ти врати на порака, може снемала кредит.
ако не ти врати на мсн, може интернетот ја зафркава.
како да се понашаш до следно видување? биди најнормален, кул дечко.
колку години имаш?

19.се трудам да бидам што е можно повеќе свој и да се држам до мојот карактер и принципи.Ако може некоја книга во врска со овој проблем..
 
MacedonianN дали девојката знае дека ти се допага? Ако не,собери храброст и признај и и ја гледај нејзината реакција.
Ако не ти врака на пораки може била зафатена или ко што рекоа погоре снемала кредит или ја зеза интернетот.Ако постојано и пишуваш пораки таа ке стекне лошо мислење за тебе,односно ке смета дека си нападен тип и ке те откачи,а ти тоа не го сакаш нели.Однесувај се како и до сега,кул типче со смисла на хумор.
 
искочив на кафе со едно девојче и се беше во најдобар ред,не се мувавме по шо од прво кафе неиде и така остана.Е сеа јас имам проблем со посесивноста.После кафето цело време мислам на неа,кој чекор да ми биде следен,ако не ми врати на порака или на мсн се нервирам и губам самодоверба.А знам дека тоа многу ги нервира и ќе и станам досаден ако продолжам вака.Како да го решам овој проблем или како да се понашам се до следното видување?позз

Наместо да праќаш многу пораки на една девојка, праќај по една порака на многу девојки. Ем нема да ги тормозиш, ем ќе сфатат шо бараш од нив, ем онаа што е вистински заинтересирана за тебе, ќе ти одговори.

Значи, во твојот случај, искочи на друго кафе, со друго девојче. И потоа и нејзе прати ѝ порака. Па на трето кафе, со трето девојче. И на третото прати му порака. Итн.

Ако некоја те праша „Што правиш?“, кажи ѝ директно: „Излегувам со кого стигнам и им праќам пораки. Тоа ми е ритуал. Дали сакаш само тебе да ти праќам пораки и на ниту една друга?“. Ако се збуни, прати порака на некоја трета пред нејзини очи. Ако стане и си отиде, знаеш дека со неа ништо нема да имаш. Ако остане - заинтересирана е за тебе.

Со други зборови - ти треба фонд на девојки. Оваа што биднала - биднала. Почни да излегуваш масовно, за да сфати некоја од нив дека си сериозен. Онаа која ќе сфати и која ќе се заинересира, самата ќе те побара.
 
Не бе Крусер... убо велиш... ама исто како и мојот проблем дечково е бајги посесивен... абе со 100 ќе излезам ама пак на една иста мислам нон стоп... е то не чини финтава е и како то да се победит :)
 
Не бе Крусер... убо велиш... ама исто како и мојот проблем дечково е бајги посесивен... абе со 100 ќе излезам ама пак на една иста мислам нон стоп... е то не чини финтава е и како то да се победит :)

Еве неколку поговорки што мислам дека помагаат во ваков случај:

Сè тече, сè се менува.
Ништо не е вечно.
Без разлика колку е добра или лоша сегашната состојба, ќе се промени.
Секој е заменлив, без секој се може.



Со други зборови, секој треба да направи она што мисли дека е најдобро во моментот и кога ќе оди да спие навечер, да знае дека дал сè од себе, бидејќи тоа е единствено нешто што е битно. Резултатот е небитен - внесувањето на човекот во процесот е битен и само тоа е она што секој треба да го понесе со себе понатаму во животот.

Со трети зборови: пратена е пораката? Ако таа не одговара, тоа е далеку од доменот на твојата контрола - ти си сторил сè што си можел. Не се јавува на МСН? Исто - тоа не е твој проблем, бидејќи ти си презел акција колку што си можел. Некоја друга може ќе одговори.

Никој не е идеален. Секој на крајот ќе умре. Не вреди луѓето да се идеализираат, бидејќи не се идеални. Секој треба да направи она што му е од интерес и да не се замара со тоа како кој друг се однесува. Тоа доаѓа дури отпосле, откако ќе настане врската и откако човек ќе почне својот интерес да го проектира во другиот човек.

А ова е далеку од врска. Ништо се нема случено. Штом е така, не вреди да се замара човек. Јасно, дечкото треба да ѝ каже на девојката дека ја бендисува, за да знае дека сторил сè што било во негова моќ. Потоа ќе биде сè полесно.
 
Се согласувам со Крусер, нема што повеќе да направиш, ако не земи врти и на домашен и замарај ја, па не е последна девојка па да ја молиш :)
 
На ваше барање, еве да ви кажам што се случи:
Како и секој ден, така и вчера ме молеше за да ме види, па прифатив. Цело време ми се извинуваше за тоа пред некој ден, и му реков добро, но немој да се повтори. Му реков, дека јас имам дечко и си го сакам, притоа, го замолив да ме маркира како „забранета за пристап“. Ми рече дека ќе проба да го врати пријателството,и повторно ми се извини. Тогаш му реков дека сега не вреди да се извинува, туку да проба да ја исправи грешката. Сето ова се случи за кратко време. На крајот, уште еднаш му повторив дека јас за него сум забранета. Проба да ме бакне во образ, но не му дозволив. Не сакав да му влевам лажна надеж. И си заминав. Толку. :)
 
На ваше барање, еве да ви кажам што се случи:
Како и секој ден, така и вчера ме молеше за да ме види, па прифатив. Цело време ми се извинуваше за тоа пред некој ден, и му реков добро, но немој да се повтори. Му реков, дека јас имам дечко и си го сакам, притоа, го замолив да ме маркира како „забранета за пристап“. Ми рече дека ќе проба да го врати пријателството,и повторно ми се извини. Тогаш му реков дека сега не вреди да се извинува, туку да проба да ја исправи грешката. Сето ова се случи за кратко време. На крајот, уште еднаш му повторив дека јас за него сум забранета. Проба да ме бакне во образ, но не му дозволив. Не сакав да му влевам лажна надеж. И си заминав. Толку. :)

Според мене, си направила сè како што требало. Тој ти се извинил, ти си прифатила и сега можете да живеете нормални животи и понатаму. Супер.

Поздрав и со среќа :helou:
 
Според мене, си направила сè како што требало. Тој ти се извинил, ти си прифатила и сега можете да живеете нормални животи и понатаму. Супер.

Поздрав и со среќа :helou:
Па, и јас мислам така. А, и се надевам дека се ќе биде Ок..Btw, Фала :)
 
Се согласувам со Крусер, нема што повеќе да направиш, ако не земи врти и на домашен и замарај ја, па не е последна девојка па да ја молиш :)
вистина дека не е... ама сите сме unique така е и таа... сепак добив некој безвезе тешки одговори ама мислам дека сепак или ќе се најт некоја друга или ова ќе е таа шо ќе ме барат :)
 
вистина дека не е... ама сите сме unique така е и таа... сепак добив некој безвезе тешки одговори ама мислам дека сепак или ќе се најт некоја друга или ова ќе е таа шо ќе ме барат :)

Ако јасно си и дал до знаење дека ти се допаѓа тука твојата задача завршува и редот е на неа. :)

Ако те побара супер, ако не there's plenty fish in the sea.

Со среќа ;)
 
Дали љубомората е причина за раскинување?

Па вака имам дечко со кој првиот пат одевме 4 месеци и се скаравме бидејки беше мн љубоморен по некое време се спорoстивме пак и тој ми вети дека ке се промени но ништо од тоа сега одиме година и пет месеци ама се мислам дека веке ке пукнам од неговата љубомора:оти сум го прифатила вој ној на фејзбук(а јас не му се лутам он што додава),па некој ми титна со непознат јас сум била крива оти сум го давала на секој бројот(а нов ми е само пет души ми го знаат),па да не сум седела со машки и триста др глупости а му немам дадено никаква причина да љубомори зошто го сакам и му имам простено неверство првите два месеца и после се јас можам пак да му верувам а ја што ништо му немам направено не ми верува:Sстварно незнам што да правам дали да се скарам или???за муабет имам правено мн пати ми ветува ке се сменам ке се сменам џабе е се:Sмногу ми е убаво со него и мн е добар ама без доверба не успева ниедна врска:(се плашам сега а не па ако имам сексуални односи ке биде уште повеке:S:S
 
Па подобро раскини уште пред да започнат поголеми проблеми. Година и 5 месеци не се мала работа а и всушност ако не го бива со него подобро батали на време. Зш да трошиш време за глупости. Ако уште сега не ти дозволува да дишиш што ќе биде понатаму??? А и кога веќе спомена за сексуални односи со него ( а предпоставувам дека би ти било прв пат, но како и да е ) размисли дали сакас да биде таков човекот со кој ке го делис најинтимниот дел од животот. Па и на крај краева разговарај со него отворено, дали ке продолжите или ке прекинете, зашто не секогаш љубомората е причина за разделба.
 
Имам еден проблем шо многу ме мачи..Запознав едно дете и уште кога го видов ми се допаѓаше и тоа многу..И се постепено уште повеќе ми се допаѓаше и тој тоа го знаеше и после тоа цело време ме одбегаваше и не се понашаше убаво со мене...Но пред неколку дена дознав дека на него му се допаѓа мојата другарка шо многу се дружиме..Јас се чуствував а и се чуствувам мн неубаво...Тој ми се извини шо се понашал така кон мене..Јас му простив...И му кажав дека јас кон него не го чуствувам истото(дека не ми се допаѓа)...Дека го засакав као другар..Но не е така...И му кажав на другарка ми дека нема проблем од мене нема да им сметам зашо не ми се допаѓа повеќе,но не е така..и се плашам да признаам..И таа беше со него,и кога ке ми зборува за тоа мн неубаво се чуствувам..Но незнам...Можеби таа не е ни баш крива,бидејки јас и реков дека не ми се допаѓа повеќе..Не знам шо да правам ,ако можете помогнете ми..:salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom