На ваше барање, еве да ви кажам што се случи:
Како и секој ден, така и вчера ме молеше за да ме види, па прифатив. Цело време ми се извинуваше за тоа пред некој ден, и му реков добро, но немој да се повтори. Му реков, дека јас имам дечко и си го сакам, притоа, го замолив да ме маркира како „забранета за пристап“. Ми рече дека ќе проба да го врати пријателството,и повторно ми се извини. Тогаш му реков дека сега не вреди да се извинува, туку да проба да ја исправи грешката. Сето ова се случи за кратко време. На крајот, уште еднаш му повторив дека јас за него сум забранета. Проба да ме бакне во образ, но не му дозволив. Не сакав да му влевам лажна надеж. И си заминав. Толку.