Ако е девојчето навистина повлечено и срамежливо, најмалку што препорачувам е директен пристап.

Ама најмалку. Знам дека обично најчестите совети се: Иди директно, па што биде нека биде и овој тип на совети се најпопуларни и генерално да, ок е, да знаеш на што си, но мораш да имаш предвид каков е карактерот на другата страна.
Ако на повлечено и срамежливо девојче директно (па и на ФБ) и кажеш (напишеш) дека ја свиѓаш, ќе и направиш комплетна емотивна блокада и нема да знае да ти одговори (бидејќи самата не е директна) и на крај ќе направиш да каже се, да врти ко киша око Крагујевца и на крај одговорот повеќе ќе делува како одбивање отколку како прифаќање, дури и да сакала да наговести дека и се допаѓаш. Во такви ситуации и паниката од директниот пристап води кон лоша реакција на истиот.
Јас во такви случаеви не би препорачала директен пристап, затоа што ќе падне во вода. Ти ќе мислиш дека те одбила/не те свиѓа, а она ќе си ја треска главата затоа што ти одговорила несмасно и самата ќе знае дека дала лош одговор. (ова се под услов да те свиѓа)
Ако имаш посериозни намери со девојчето (на пр. врска), тогаш гледај неколку пати да излезете во друштво (направи да се сретнете во заедничко друштво), па правете муабет, полека пробивај го ѕидот, со најнормални муабети. И потоа ќе осетиш како се опушта и ќе видиш, сам ќе осетиш дека можеш да ја викнеш на кафе и ќе прифати без проблем.
Тоа е барем моето гледиште.
Делува комплицирано, ама со поповлечени и емотивно блокирани/исплашени луѓе, тоа е лекот само.