Рака сечам дека си ја напињал неколку пати околу кафево...
Не, не и не. Не учиш од твоите грешки и нема да научиш се` до моментот кога некој не те тресне тебе во твојата зона на комфор.
Викаш дека се трудиш се` да напраиш и на крај не ти испаѓа ко шо треба.
Да напињаш цура за едно кафе, не е никакво трудење. Тоа може секој трол со малку поголема упорност да го прави коа ќе му се присака. Да се трудиш да освоиш некоја, значи и понекад да користиш спротивното од оноа што ТИ го сакаш и бараш. Значи ли тоа дека некад треба малку да ја оладиш работата, за да и` дадеш фора она да пресмета дека не секогаш мора да рачуна на тебе. или па да стегнеш малку поинаку да настапиш од шаблонското „ајде на кафе“. Се кладам прво што почнуваш со цурата е токму со таа покана демек задолжително мора тоа да се деси. Lighten up, man. Зошто па не почнеш со моментот да ја ислушаш прво неа, да напраиш муабет, и баш кога најубаво ви тече да ја викнеш? There`s a good start.