Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Леле многу перверзни сте и појма си немате од кладење...
Два во еден , значи прво полувреме вторите да водат, второ полувреме првите да победат... Само во секс ви е паметот ... :D

И дај девојчињава си имаат озбилни проблеми, не знаат со кој да се муваат, за мене се фативте (таа што планира апстиненција) :ROFLMAO:
јас убаво си ги знам правилата за во кладилница не се секирај :P
а ако не најубаво играј од 0-1 има понизок коефициент но често пали :pos:
 
Леле многу перверзни сте и појма си немате од кладење...
Два во еден , значи прво полувреме вторите да водат, второ полувреме првите да победат... Само во секс ви е паметот ... :D

И дај девојчињава си имаат озбилни проблеми, не знаат со кој да се муваат, за мене се фативте (таа што планира апстиненција) :ROFLMAO:

Арно што не прашав што е тоа два во еден, а не е Јакобс кафе, и има врска со секс, знаев дека ќе се засрамам.

Животот е прекраток за таков спорт (болд).:icon_mrgr:
 
Крусер
Мување значи секс без обврски.

Nessa Alcarin
Сексот не е решение за се, ама решава многу работи. ;)

Благодарам што ме просветли. Најсериозно. Во денешно време, очигледно термините се редефинирале. Јас цело време мислев дека „мување“ значи само бацување, а тоа до секс дошло.

Сепак, тоа е во контраст со следната твоја реченица (според мене). Ако сексот решава работи (т.е. со помош на него се согледуваат работите), треба посериозно да му се пристапува и повеќе да се размислува за него. Ако се смета како секојдневие, луѓето нема да размислуваат воопшто за него и ќе се чудат од каде им настанале проблемите. Со други зборови, кој очекува да му се решат или разјаснат работите кога мие заби, на пример?

[ВонТемата] Ова само кажува колку може да се најдат посебности во секојдневните активности и колку треба да си го цениме секој момент во животот [/ВонТемата].
--- надополнето: 13 август 2012 во 16:09 ---
zna4ii vaka raskinavme poveke zaradi tretii osobii...mn podobro mi besee koga se muvavme samoo..kolku pomalce ljuge znaat deka si srekjen tolku poveke si srekjen taka nesto doaga toa..sakam jas povtornoo taka da si se gledam no mi e strav deka posle vrska e malce potesko a mn mn mi falii toa vreme

Глупости. Колку повеќе луѓе знаат дека си среќен, толку повеќе си среќен, освен ако луѓето не се љубоморни на тебе, па ти ја цицаат среќата, или ти си љубоморна, па не сакаш да споделуваш со нив.

Воопшто не е потешко да се вратиш на тој живот после врска, напротив, може да биде само полесно бидејќи имаш повеќе искуство (обрати се до @Stef Angel за повеќе инструкции). Можеби си во таков период да ти треба секс без обврски, па барај начин да си го исполниш повеќе. Најверојатно тоа веќе нема да го постигнеш со истиот (сега веќе бивш) човек, но има многу такви надвор и сигурно ќе успееш да најдеш некој.

Само внимавај: доколку имаш секс со некого, тоа е веќе врска, сакала ти или не. Најбанално гледано, треба да се договорите околу местото, времето, како ќе ви биде, дали ви е убаво, колку ви трае итн. Повеќето од овие работи се договараат на лице место (т.е. во текот на чинот), но се сепак *врска* со друг човек, бидејќи се базираат на *договор* со него. И како пристапуваш кон сексот и партнерот во сексот многу кажува за тоа каков однос имаш кон себе. Со други зборови, дали ти значи тој човек? Дали ти е убаво со него? Дали му го кажуваш тоа? Дали се грижиш за тоа да испадне убаво или веднаш го оставаш заради друг? Дали други луѓе можат да ти кажат како да се однесуваш со него и ги слушаш? Дали ги слушаш другите луѓе дури и ако мислиш дека не се во право? Итн, има многу прашања.

Во секој случај, овој период искористи го за *тебе*. Никој нека не ти кажува како треба да се однесуваш (дури и овој совет може да го игнорираш ако сметаш дека не чини) и потроши малку време да се откриеш самата себе и што сакаш. А кога ќе се запознаеш себеси, следен чекор е да им дозволиш на компатибилните луѓе со тебе да ти пристапат, но за тоа потоа/

Поздрав и со лесно.
 
Благодарам што ме просветли. Најсериозно. Во денешно време, очигледно термините се редефинирале. Јас цело време мислев дека „мување“ значи само бацување, а тоа до секс дошло.

Сепак, тоа е во контраст со следната твоја реченица (според мене). Ако сексот решава работи (т.е. со помош на него се согледуваат работите), треба посериозно да му се пристапува и повеќе да се размислува за него. Ако се смета како секојдневие, луѓето нема да размислуваат воопшто за него и ќе се чудат од каде им настанале проблемите. Со други зборови, кој очекува да му се решат или разјаснат работите кога мие заби, на пример?

Поздрав и со лесно.

И мене ме просветлија. ЈАс пак мислев дека мување е што знам, стоење у диско.:pos: Ама ако си 12 години значело бацување без обврски, а ако си 16 +, тогаш значело секс без обврски.

Сексот е секс. Во него треба да се ужива, а не да му се пристапува сериозно. Ако луѓето имаат секс секој ден, воопшто нема да бидат фрустрирани и нема да мислат на сексот. Ќе бидат задоволни и знаеш, после добро е+ење, многу ти е гајле што рекол шефот :)

Верувал или не, сум имала моменти на епифанија баш кога сум миела заби ::icon_mrgr:
 
Еве мене зошто ми велеа дека сум ептен либерте и не ми е гајле што кажал шефот... Ама неможе веќе вака, фригидност is the key to success... :D
 
Еве мене зошто ми велеа дека сум ептен либерте и не ми е гајле што кажал шефот... Ама неможе веќе вака, фригидност is the key to success... :D

Фригидна не можеш да бидеш затоа што сакаш, туку ако жичките не се споени како што треба. И за да бидеш фригидна мора да имаш секс, бејб.
Може да апстинираш ако сакаш. Тоа не значи дека си фригидна.
Билив ми :D
 
Ако мила, има подобар шмек фригидна... :)
 
zna4ii vaka raskinavme poveke zaradi tretii osobii...mn podobro mi besee koga se muvavme samoo..kolku pomalce ljuge znaat deka si srekjen tolku poveke si srekjen taka nesto doaga toa..sakam jas povtornoo taka da si se gledam no mi e strav deka posle vrska e malce potesko a mn mn mi falii toa vreme
Имаш два пата едниот е да се фокусираш на себе и да го искористиш за се што си сакала ти максимално да го посветиш а си го немала во врската.Како девојка имаш милион работи освен еден дечко и мување.Имаш активности како спорт,аеробик,фитнес,зумба или нешто досега не си пробала а те интересирало повеќе и таму да си најдеш некој што ќе имате заеднички интерес.Вториот или краткорочна среќа е да се дереш кога си сама и да го извадиш гневот од себе.Земи перница мавај ја трескај ја,викај што ти е на душа и ќе ти излезе целиот гнев.Потоа научи да ги контролираш тие емоции преку балансирање на твојата внатрешна енергија со надворешната.Јогата освен што е физичка активност те учи како да се контролираш себе во одредена ситуација те учи како правилно да дишеш,да имаш поголема самодоверба со тоа што кога медитираш замислуваш која личност сакаш да бидеш и тоа да го држиш преку одредено време со медитацијата.Сега доволно е да побараш некои видеа за јога и направи колку можеш да го избегнеш тој гнев во себе.Затоа што тоа те држи внатрешно да не можеш да си ја просветлиш душата и да се види правата личност која си.Запамти на крајот на тунелот секогаш иде светлина и овој период искористи го максимално за себе.Журкање и пиење не е добра опција зашто можеш да отидеш во друга крајност,а тоа е кога ќе отидеш таму можеш да потклекнеш на алкохолот и можеш да се депримираш од сликата кога ќе видиш некоја личност како бакнува некоја а ти немаш ништо.Но ти се имаш себе твојата душа и одговорот на сета твоја среќа лежи во самата себе.Имаш уште да живееш и за 3-4 години ќе се смееш на сите настани претходно :)
 
Имаш два пата едниот е да се фокусираш на себе......Вториот или краткорочна среќа е да се дереш кога си сама и да го извадиш гневот од себе.Земи перница мавај ја трескај ја,викај што ти е на душа и ќе ти излезе целиот гнев.Потоа научи да ги контролираш тие емоции преку балансирање на твојата внатрешна енергија со надворешната...
Се извинувам за улетувањето. Значи краткорочно, дерење, маање со јастуци и трескање од ѕид сепак дава некои резултати. Ова како опција секогаш треба да се има пред вид затоа што не може секој долгорочно да се фокусира. Еве ја на пример, не можам да се фокусирам долгорочно (затоа и го скратив твојот оригинален пост). Ме интересира, дали гневот може да се контролира со јога краткорочно? Значи, дали може да се постигне краткорочна среќа со јога преку вадење гнев?
 
Внатрешниот гнев е стресот кој секој може да се контролира.Јогата е еден пример,сите други боречки вештини те учат на мир и физичката активност е тоа што им недостига на денешните луѓе.Физичката активност било каква ослободува серотонин и ти се чувстуваш посмирен од претходно и полн со среќа.Истиот ефект го има баната и чоколадото,но пази се можеш да станеш зависен од нив.Замисли го тоа како чаша што се прелива колку повеќе стрес додаваш толку повеќе вода истекува и треба да се научиш како да го контролираш.Едното е да си ги научиш стравовите и да ги контролираш чувствата а другото е да се пронајдеш во нешто што ќе ти даде сигурност и душевен мир.
 
Све што кажа е на место. Порано као копиљ таманев крем банани (од малите Соко Штарк). И мајка ми стално ми викаше, „Де бе синко, не можам да те најадам со овие!“ Значи, пази која зависност сум имал навлечено -- две у едно: банана и чоколадо. Среќа шо пропадна таа српската фабрика шо ги праеше па некако се одвикнав, али не беше лесно. Кризирав неколку пути. Него забегав од темата...да, стравовите си ги имам научено. Ни за жива глава не седнујам на ролеркоустер. Ти текнуе ти коа збореше за проливи од таму некои храни? Е, ја ги имам тие перформанси од ролеркоустери...хорор!!! Кажи некоја идеја за сигурност и душевен мир. Немораш нешто у детаљи, а и доцна е. Чисто таксативно наброј, онака.
 
Најдобра активност ти се боречки вештини,фитнес,флертување со личноста што ти се свиѓа а најголем стрес убиец ти е водење љубов не-може ништо да го замени тоа :)
 
Најдобра активност ти се боречки вештини,фитнес,флертување со личноста што ти се свиѓа а најголем стрес убиец ти е водење љубов не-може ништо да го замени тоа :)
Друже :cuc: . Аикидо више сум доста напреднат (задутре полагам за плав појас) а стресот редовно го убивам со смрт. Фала, Стеф!
 
Све што кажа е на место. Порано као копиљ таманев крем банани (од малите Соко Штарк). И мајка ми стално ми викаше, „Де бе синко, не можам да те најадам со овие!“ Значи, пази која зависност сум имал навлечено -- две у едно: банана и чоколадо. Среќа шо пропадна таа српската фабрика шо ги праеше па некако се одвикнав, али не беше лесно. Кризирав неколку пути.

Многу ми е мило што некој конечно смогна храброст да проговори за опасностите кои демнат позади овие навидум безбедни прехранбени продукти. И ја бев опасно навлечена на банани, ама за среќа се оттргнав од нивните канџи. Сега сум на метадонска терапија, но сепак повремено имам нагони да му се вратам на стариот порок, особено коа проаѓам поред некоја пиљара. Се надевам дека ќе успеам да им одолеам на искушенијата...ипак зависноста од банани е една од најтешките...да знаев никогаш немаше да пробам банана.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom