Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Oh boy, се надевам дека не тролаш, но ако е така нека ти биде на чест.
Една консултација со стручно лице нема ништо да те кошта, (мислам психички), па добро би било ко што кажа Демонка да си напраиш една сеанса чисто да видиш второ мислење.
По тоа што гледам ти имаш одговор за секое прашање без разлика дали си започнал/искусил нешто или не. Ме потсеќаш на еден другар што буквално е бистар, но кога го навјаса реалноста, се покажа колку уствари не го бива. Оттука и премисата "The sharpest tools are the ones that never did any real work. Или по нашки - Лесно е да бидеш паметен ако не си имал ден лично искуство. Да разграничам- паметен, а не мудар.
Проблемот треба сам да си го ставиш на маса, да отвориш малку дизната и да се ставиш у акција. Никаква стратегија нема тука да ти помогне. Мора малку повеќе да те замлати животот за да се отвориш кон истиот, а не да бегаш од првите симптоми. Ова кога ќе го осознаеш и победиш, обрати се за љубовниот дел - што и како. До тогаш - со среќа.
 
Се надеваш дека ве тролам? Зошто е тоа?
Иронијата е што спрема други секогаш сум давал добри совети но кога ќе дојдат моите проблеми (проблем-во случајов) немам идеа што да се преземи. Како хардкодирана да ми е психата кога ќе дојде до ова нешто.
Не е дека не сум го искусил животот, сум поминал низ се и сешто во овие 30 години, само една работа фали, за која решив да бидам ранлив и да се обратам анонимно на форум.
Гледам дека полошо нешто во случајов не можев да направам, во случајов само си наштетив.

Vori ne e normalen taka da dobro e sto go posovetuvaja za psihijatar.

Е бидејќи ме знаеш ти најдобро вака, образложи им на другиве зошто не сум нормален, барем и јас ќе прочитав некоја критика.
 
Saladin убаво ти кажува.Немаш доволно искуство со реалниот надворешен свет.Премногу си затворен со себе.Ок,имаш доволно знаење ама теориско,но друго е кога е во пракса и како ќе се најдеш во вистинска ситуација и тоа под притисок.Премногу мислиш.Излези,прошетај и 30 години си ги начукал,голема работа,земи вежбај,батали компјутери и башка спомна дека си од Охрид.Прекрасен крај.Тука ти е и Преспа,Ресен,подоле ти се и Северна Грција и море,оди и шетај.Знаеш јазици,оди и комуницирај.Остави го Zee German што јаде гомна.Толку му чука.Едноставно глуп торлак

ПРАЗНО МЕСТО ЗАПИРКА
ПОРАНО БЕШЕ ТРИ ТОЧКИ , ЗАР НЕ ?!

Прекрасен крај за пешачење, прошетки, пејсажи, езерце, чист воздух и никаков ноќен живот. 4 кафичи од кој 2 елитни и пабовите.
 
Работам за странска компанија и поголем дел од денот го поминувам пред екрани.
Каков совет до сега добив од тука освем да пијам, да се запишам на танц, да проверам крв и да платам курва?
Немам проблем со депресија, имам проблем со социјална анксиозност. Последен чекор ми е психијатар, но како што гледам тоа е и единствен чекор.
Не оди на психијатар ќе те поебе скроз, една рака апови и зомби ќе бидеш. Костиќ е напуштен кога пишува на форумот, затоа таков совет ти даде. Јас ти реков зумба зашто таму има 90% жени.
 
Не оди на психијатар ќе те поебе скроз, една рака апови и зомби ќе бидеш. Костиќ е напуштен кога пишува на форумот, затоа таков совет ти даде. Јас ти реков зумба зашто таму има 90% жени.

Ако би одел, би одел само на разговор кај психолог, психијатар што ќе ми е?
Не мисли дека не го земав твојот одговор како сериозен, но прва причина е не е мој стил (пишав поназад, I'd rather die single with my dignity) и втората е што не ни имам слушнато во Охрид за такви класови.

Кој е Костиќ?
 
Братот што ти викаше да се надуваш и начукаш. На психологија учат како бојата на косата го одредува карактерот, па ти види си.
 
Здраво љуѓенца.
Прв пост, да го скршам мразот тука, ако успеам да добијам некое корисно мислење во врска со мојава проблематика.
Сум листал често теми од овој тип на овој форум па и други и би сакал да слушнам мислење од постарата/поновата генерација, секое мислење/совет е добредојдено без разлика на полот и возраста.
Живеам во Охрид, 31г, вработен.. и прилично поголем дел од годината го сметам за град каде што ништо не се случува. Не сум имал девојка, не сум излегол со девојка бидејќи цел мој живот го поминав изолиран, во учење-студирање, играјки Dota, и други изговори би ги нарекол, но сепак се сведува на фактот на социјална изолација и анксиозност. Во овај период на животов (ќе го наречам моја средовечна криза) многу ми е тешко да створам нови познанства, излегувам колку што можам, кафичи, одам на пешачења но ипак во моја глава неможам ни да го замислам фактот како јас како личност(единка) би пристапил во контакт со нови луѓе или потенцијална љубовна партнерка освем ако не е во склоп со мојата работа/колеги. Имам потесен круг на пријатели од средно/факултет со кој што сеуште имаме контакт но мислам дека сме во фаза на животот каде што секој си остварува свој пат, кариери, семејство... па не се гледаме/излегуваме толку често како пред неколку години.
Исто би дополнал дека не сум тип кој што користи социјални мрежи и можам да речам дека во голем дел тоа е една од причините која што допринесува до оваа социјална изолација.
Би сакал да слушнам ваши мислења, совети за тоа како се социјализирате, спонтаноста ми е тешка работа. Се надевам дека ќе добијам некој сериозни коментари и коментари што не се од типот излегувај повеќе, оди сам пиј кафе итн.
Свесен сум дека не сум најмлад, или пак дека не сум единствен но сепак гледам како оваа психичка блокада да е надминам во ова мое место на живеење кое што е заклучено во една фаза на монотонија и никакви активности за социјализирање.

Би сакал да слушнам некое мислење од вас интернет другарчиња, пред да одам на потешки чекори, психолози итн.
Ако (а верувам дека има) членови од Охрид би било добро да споделите каде, на кој начин најчесто сте среќавале ваши партнери.

Поздрав и секое добро.
Види во денешно време нема пријатели , а за девојките како доаѓаат новиве генерации се е се полошо. Мораш да почнеш по некој чет апликации за почеток и да имамш начин на пристап кон некоја девојка и да ќе те изедат , подбиваат одбиваат и слично. Стварно незнам што да ти кажам едноставо денес друштво и дообра девојка тешко се наоѓа. Еве јас излегувам сам и ако се најде нешто најде тоа е.
 
Тоа е тоа што денеска е сведено се на статус, водење фејк живот, се се врти околу социјални мрежи, имено инстаграм. Без социјални мрежи исто како да не постоиш - чист пример сум јас.
Но ете, за пример да речеме дека сум активен на социјални мрежи, пак, за да комуницираш, започнеш разговор потребно е нешто заедничко да имате, барем некоја интеракција во живо или што знам јас, тоа е барем мое непишано правило :)
Секоја ти чест што излегуваш сам, јас капа ти спуштам, знај дека за некого е тоа е супер моќ.
Ако сакаш, ако не ти е проблем би сакал повеќе од твоја перпектива да слушнам за тоа, не е проблем и во приватна порака.
 
Пред билo што да направиш провери хормони, тестостерон, естроген, FSH i LH, тоа е старт...батали психолози и сл. Лупни неколку бона, напрај крвна слика и дојди пак тука па ќе тераме даље со совети.
Секоја година ме праќаат на систематски и до сега ни еднаш не сум го отворил пликото да ѕирнам ко љубопитен шо се дешава со мене,го кинам и фрлам у ѓубре..Чаре?
 
Секоја година ме праќаат на систематски и до сега ни еднаш не сум го отворил пликото да ѕирнам ко љубопитен шо се дешава со мене,го кинам и фрлам у ѓубре..Чаре?
Нека те поживи Господ уште 100 год вака прав и убав.
Ти како мачката на Шродингер ќе бидеш :D
Се зезам...све си е како треба се додека знаеш што правиш. Ако така сакаш тогаш така и треба да биде, све по слободна волја. Нема ништо страшно на крајот на краиштата ако се умира, само да не оставиш некој да се мачи после тебе. И да не се деси нешто па да останеш у кревет неподвижен.
 
Фала бац и тебе исто ;) живееме во време кога информацијата убија пукањето од оружје е застарена работа..И ситуацијата ти налага да се заштитиш на свој начин..
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom