Љубов ли е, дрога ли е?

  • Креатор на темата Креатор на темата Шота Буби
  • Време на започнување Време на започнување

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Психолозите од Нористерн универзитетот во Чикаго докажале дека силното чувство на љубов не чини толку еуфорични што нашата состојба може да се спореди со вистинско конзумирање на дрога, односно моментите на „хај“.
Кога луѓето се вистински заљубени, единствено за што размислуваат е партнерто. Ако саканата личност ја нема во близина, чувството на копнеж е идентично како кај наркоманите кои по секој цена мораат да дојдат до својата доза.

Како што минува времето, чувствата бледеат, исто така развојот на толерација на дрога, така што близината на партнерот повеќе не е доволна за постигнување екстаза. Од друга страна, прекинувањето на врска доведува до „криза“ која се појавува кај зависниците кога не се во можност да дојдат до наркотик.

Хемиската супстанца одговорна за феноменот заљубеност односно за тоа „хај чувство“ кај зависниците е допамин, а дел од мозокот што го активира е наречен мезолимбички допамински систем. Мозокот го користи овој неуротрансмитер за да ги регулира психичките функции и комуницира со телото. На тој начин влијае психичката и физичката благосостојба односно го стимулира метаболизмот, го поддржува системот за циркулација, ја отстранува депресијата и го подобрува протокот на информации во мозокот.
http://media.mk/life/3166-dokazhano--ljubovta-e-droga#.UzRytPl5OM4
 
Психолозите не се во право.
Кризирањето за љубов би го споредил со криза за цигари , а за дрога- малу морген.
 
Дрога е, дрога е нека не ве лажат, сега најверојатно сите ќе не уапсат?! :D
 
Picture 1383.jpg Езеро Треска на отварањето и љубовта како најсилна дрога која ја пробав тогаш и се уште ме држи во живот.(аи,пак го покажав папокот,не ми бега бан сега)
 
Funny-Serotonin-And-Dopamine-Comic-Picture-.jpg
 
Јас чиста сум една година :P
Јас веќе две! :О
Иако би сакала повторно да ја почуствувам таа дрога, но овој пат и тој којшто е со „мене“ - да ја користи, а не само јас како будала. :D
 
Ама каква дрога. Да беше дрога многу од нас досега ќе ојдеа од предозираност. Можда опијат нешто за опуштање.
 
Последно уредено:
Ајде бе,прво беше болест,сега дрога?
 
Ова денешницава донесе се и сешто да видиме и слушнеме.

Љубовта се појавува помеѓу двајца, ако тие се вистински се сакаат, таа врска вечито ќе трае, а со самото тоа и љубовта нема да згасне. Точно е и дека тие стануваат зависни еден од друг, но во позитивна смисла на зборот. Од што се сакаат едвај чекаат да се видат. ....Љубовта е нешто прекрасно, едно прекрасно човеково чувство кое спојува две личности меѓусебно непознати.

Додека дрогата претставува ѓубре кое најчесто го земаат луѓе кои го немаат чувство за љубов во себе, туку луѓе со чувство за потреба, луѓе кои се слаби психички, луѓе кои незбнаат што е тоа љубов, па мислат дека љубовта не постои, туку постои истакнувањети пред другите со испумпаниот карактер.

Затоа и сите што имаат диплома дека се психолози не значи дека се психолози, како што и секој доктор не е доктор. Затоа тоа што сега го кажале некои психолози не треба многу многу да ни значи и да го порази она што е утврдено и важи веќе векови наназад.

Ова е уште еден доказ само колку малку луѓе во денешницава вистински сакаат и вистински ја почитуваат љубовта.


Но како и да е има разлика помеѓу љубов и ѓубре... ова де, дрога:)
 
Љубовта се појавува помеѓу двајца, ако тие се вистински се сакаат, таа врска вечито ќе трае, а со самото тоа и љубовта нема да згасне. Точно е и дека тие стануваат зависни еден од друг, но во позитивна смисла на зборот. Од што се сакаат едвај чекаат да се видат. ....Љубовта е нешто прекрасно, едно прекрасно човеково чувство кое спојува две личности меѓусебно непознати.
:love::):pipi: :* <3


Додека дрогата претставува ѓубре кое најчесто го земаат луѓе кои го немаат чувство за љубов во себе, туку луѓе со чувство за потреба, луѓе кои се слаби психички, луѓе кои незбнаат што е тоа љубов, па мислат дека љубовта не постои, туку постои истакнувањети пред другите со испумпаниот карактер.
:eek::(:place::mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom