Љубомората - знак на љубов или опасност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Љубомората е најчесто знак на сомнеж, несигурност која може да е насочена кон партнерот и предизвикана од негово промискуитетно однесување, но може да е и несигурност во себе. Оваа втората е многу полоша и пострашна. Секој од нас носи барем малку љубомора во себе која ако е во умерена доза може и симпатично да изгледа. Мене лично не ми пречи умерено љубоморна партнерка, ама ако е тоа љубомора која произлегува од некоја нејзина искривена фантазија, тогаш не би го толерирал тоа.
 
FortunE напиша:
Додека се дружиш со некој, тешко дека ќе почне да си покажува колку е љубоморен, роговите подоцна се покажуваат. Дружење (запознавање) е едно, а врска е друго, нели? Не верувам дека до тој степен би се опуштил некој да ти прај љубоморни сцени додека трае почетното запознавање. Ретко кој е ист на почеток и во текот на врската.

Ако го обработиш малку повеќе, може и ќе почне да покажува рогови и да реагира љубоморно кога ти се поздравуваш со твоите другари или со бившите.:wink:
 
Treba da se ima ljubomora ama toa da ne e preterano.Ako e preterano mislam deka toa ke dovede do propast na vrskata.
 
uf...sto i da e...samo podaleku od mene:se_ molam .Se trudam da se vozdrzam i da ne pokazuvam ljubomora(mada ponekogas mi se javuva:( ).Kako i da e...mislam deka samo moze da ja ubie vrskata...nisto povece...pa makar pricinata da e i pregolemata ljubov(kako sto najcesto ja "opravduvaat" ljubomorata)
 
Во врска би требало да постои малку љубомора, иначе ќе дојде како џабе да е се.
Али нешто најмногу што мрзам е љубомора од страна на ”другар” што ти лиже газ за се што му треба а се му смета што правиш ти и се што имаш или си купил не ОК, како демек нечини. Помалку оправдувам љубомора од другар него од девојка.
 
Љубомора

Инспирирана од темата Љубомора Рамнодушност и од идеата на Ацева еве ја отварам темава...
Колку и во кои ситуации сте љубоморни?
Дали можете да ја контролирате љубомората?
Ја покажувате или криете?
И колку ви пречи љубомората кај другите?
 
Ја кријам целосно, се правам ко ништо да не е... после тоа го свртувам на лоша зафрканција... Иронична употреба на дејството настанот... Можеби е садистички... но закон дејстувва ври цурите..

пр. лјубоморам кога некој ќе помини и од нигде никаде здраво здраво шо прајш и ќе почни да бацува секој шо го познава и не го познава и ме нервира ко че ми ја баци цурата... не за друго мразамм бакнување за поздрав бидејќи мислам дека бакнежот вреди нешто повејќе од Здраво што правиш... И по 5, 6 сати ко че се заборај сето то... Вртам на ИРонија,... а мор кај ти се швалерине.... многу е болно е чуството.. ама јебига, мразам некој друг да ми баци цура, не е важно дали тоа сите го правеле или не...
 
Не сум љубоморна, барем не претерано. Може да сум само во ситуација да партнерот се посвети на некоја девојка од страна и да заборави дека сум присутна ... друго незнам што ...
А дали покажувам? Не, никогаш на местото на настанот не би покажала никаков знак на љубомора (значи да, можам убаво да се контролирам), а после тоа само би напоменала дека сум се осеќала непријатно. Ако се повтори истото, дефинитивно наредниот пат ќе е повеќе од напоменување, а до трет пат валјда не би стигнала ...
Љубомора кај другите ми пречи, особено ако ми е мене чиста совеста. До некоја нормална граница можам да толерирам, но ако е без никаков повод и претерана љубомората ... многу, многу ми смета.

п.с. Има тема за љубомора, но за малку е различна од оваа, затоа не ги споив и нека останат вака.:)
 
Дивне, јас сум ти љубофморен на тебе. Цмок

Инаку, мали дози на љубомора се здрави за една врска, мали, ептен, како и се друго во животот, ако се претерува не чини.
 
Зависи од тоа колку ме интересира партнерот што е со мене и што планирам со него, какви ми се намерите. По природа не сум љубоморна, ама знам и да пламнам. Ако видам дека партнерот не ме ферма и тоа за некоја друга уф, и тоа како ќе сум љубормона - сепак со мене е нели?
Љубомора не покажувам никогаш, ама по моето иронично однесување и ниските удари кои ќе ги задавам во моментот очигледно е дека сум љубоморна. Можам да ја контролирам љубомората .. зошто ретко кога сум љубоморна кажав погоре. Љубомората кај другите.. ми пречи ако е за некои глупи работи, ако ми се мене љубоморни, ако е љубомора без некој повод и сл. - не ми пречи ако се љубоморни за „оправдани работи“.
 
Катјо мор, генерално не мора да значи партнер одма па и ти. Дали си или не си. Нормално дека не може да се биде љубоморен на некој за кој ти чуе таквата.
 
Си кажав бе мачоре. Не сум љубоморна по природа.:kez:
 
Хммм, а зарем има човек што не е љубоморен?
Во принцип не сум многу љубоморна, обично љубоморам кога ке се осетам запоставена од страна на партнерот, но сето тоа не го покажувам туку си го чувам во мене, но прва прилика коа ке ми се падне на многу неубав ироничен начин му го кажувам тоа. Ми пречи љубомора од партнер кога љубомори за глупости, на пример ми звонал телефонот или ми стигнала порака од работа коа ме бараат, па за тоа да љубомори и да ми бара телефони да проверува .. е такви работи ме вадат од контакт, а секако кога љубомори ако праам муабет со некој друг мужјак ондак таквата љубомора ми годи :je:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom