Павлов дилема за Јонуз против Грција
Селекторот на младата репрезентација на Македонија (до 21 г.) Мирсад Јонус ги одреди играчите за премиерниот натпевар во 9. група од квалификаците за ЕП 2011 против Грција на 28 март во Триполи (16 ч.) Меѓу повиканите, селекторот има една дилема. Се однесува на Марко Павлов, фудбалер од средниот ред на шпански Бетис, кој чека дозвола од ФИФА дали ке може да настапува, бидејќи веќе го има носено дресот на репрезентацојата на Исланд до 17 години. Доколку стигне навреме Павлов ќе биде во комбинација за историската прва фудбалска пресметка со нашиот јужен сосед. Во спротивно Јонуз најави дека дополнително ќе повика фудбалер од домашното првенство.
Павлов веќе одигра два меча за македонската млада репрезентација, обата пријателски. Дебитира во поразот на нашите надежи од Албанија со 3:0, а играше и против Хрватска, натпревар кој го загубивме со 2:1.
На собирот на 23 март во х. Сириус во Струмица треба да се јават:
Голмани: Александар Вртески (Победа), Кристијан Наумовски (Работнички)
Одбрана: Александар Лазевски (Партизан, Ср.), Дино Најдоски (Вардар), Владимир Димитровски (Цементарница), Даниел Георгиевски (Меѓумурје, Хр.), Томислав Блажевски (Брегалница)
Среден ред: Трајче Лостовски (Локомотив Д., Бу.), Севдаиљ Селмани (Баер Л., Ге.). Драган Стојков (Исалиаксон, Гр.), Емир Шабани (Металург), Душан Симовски (Македонија ЃП), Марко Павлов (Бетис, Шп.)
Напад: Драган Ѓорѓиев (Хоризонт Т.), Самир Фазли (Херенвен, Хо.), Илија Несторовски (Победа), Агим Ибраими (Олимпија, Сл.) и Мирко Ивановски (Македонија ЃП).
-
За прв пат играме со Грција и не се познавме многу. Сепак, се работи за истата селекција од пред две години која настапи на завршницата на ЕП до 19 г. Ќе настојуваме да се подготвиме што подобро, без оптоварување, а секој позитивен резулат ќе биде успех- вели Јонуз за сајтот на ФФМ.
Мечот со Грција ќе се одигра на 28 март со почеток во 16 часот на стадионот на Астерас во Триполис. Дотогаш нашите репрезентативци ќе реализираат петдневни подготовки во Струмица, а базата е хотелот „Сириус“.
извор:
www.sportdenes.com