Квалификации за ЛШ: ВАРДАР Скопје - БАТЕ Борисов

  • Креатор на темата Креатор на темата DracevoTheCity
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе помине во 3то коло ?


  • Вкупно гласачи
    227
Статус
Затворена за нови мислења.
Карти за југ скоро веќе нема, за север не прашав али најверојатно и тие се распродадени.
ако сака некој да зима, нека оди уште денес, нека не чека други денови
 
Карти за југ скоро веќе нема, за север не прашав али најверојатно и тие се распродадени.
ако сака некој да зима, нека оди уште денес, нека не чека други денови

А каде купуваше ти? И нема шанси да нема за југ, малце претерале изгледа.
 
А каде купуваше ти? И нема шанси да нема за југ, малце претерале изгледа.
Појди и провери :)
пред пола саат ги земав картите, во Тобако карши МАНУ, кај црквата Св. Богородица.

Еве и по нет гледам пишале, таа е ситуацијата, 100 денари ефтина карта е.
Ваму дека настрана е и немаше гужва ред да чекам, во центар чекале и по пола саат за карта...

http://www.mkd.mk/46105/sport/скopj...dadeni-15-iljadi-bileti-za-mecot-vardar-bate/
 
хм, ова ми личи на многу карти купени од „шиткачи“, не ми е верно ни 7-8000 за еден ден па камоли 15000... o_O
Сигурно има и од шиткачи, ама мислам дека Тобако има околу 25 продажни места, така да можно е да се продале толку
 
Вака ќе се наполни стадионот, ќе се пушти инфо дека за 5 часа биле „продадени“ 15 000 билети, и ќе трчи народот како улав за да дојде билет. :)
Би сакал да е точно инфото, ама тешко веројатно е тоа.
 
Фала богу, им текна дека со евтини карти се полнат стадиони.
 
Се шпекулира или навистина картиве за јужна и северна се продадени ? Ти ебам шиткачите имаат земено по којзнае колку карти, подобро ценава да беше барем 200+ денари барем ќе знаеш ќе одат парите во клубот а не кај овие што препродаваат ..
 
Абе пак со тие шиткачи па што не направат со лична карта едно лице да купува пример до 3 билети и кај толку бргу отидоа дали цела провинција ќе доаѓа во Скопје, баш градов е полу празен овие две недели малку е чудно, можно е добар дел од блоковите да се раздадени претходно...
Македонија да играше да сватев ама вака ми е малку чудно....
 
Вака ќе се наполни стадионот, ќе се пушти инфо дека за 5 часа биле „продадени“ 15 000 билети, и ќе трчи народот како улав за да дојде билет. :)
Би сакал да е точно инфото, ама тешко веројатно е тоа.

јеп, или е ту мач шиткачи или е маркетиншки трик, нема шанси „нормално“ да се продале 15.000 карти за 3-4 саати. :)
 
Другари, погрешна фама се ствара за картиве. Сега пред пола саат бев во Тобако 1 кај Т.Ц Бисер во Аеродром и имаше карти за Јужна за блок 1,2,5 и 6. Јас си купив за север за блок 16, блок 23 бил ВИП и не продавале за тој. Сакам да кажам дека се направи погрешен моабет дека нема карти, а карти има колку ти душа сака. Валјда Блок 3 и 4 од Јужна ги дале во некои Тобакоа близу Центар или на стадион па тие побрзо се распродале инаку за останативе како што ви реков си има.

Поз.
 
Фала богу, им текна дека со евтини карти се полнат стадиони.
да ама во другите држави едвај се чекат вакви натпревари за добро да се заработи..
е сега за кај нас пошто е криза и фудбалска и финансиска..таман се картите
 
да ама во другите држави едвај се чекат вакви натпревари за добро да се заработи..
е сега за кај нас пошто е криза и фудбалска и финансиска..таман се картите

Добро заработуваа на Андора нашите....
 
Абе пак со тие шиткачи па што не направат со лична карта едно лице да купува пример до 3 билети и кај толку бргу отидоа дали цела провинција ќе доаѓа во Скопје, баш градов е полу празен овие две недели малку е чудно, можно е добар дел од блоковите да се раздадени претходно...
Македонија да играше да сватев ама вака ми е малку чудно....


Апсолутно дека и јас верувам во оваа теорија. Кај нас за све се брка врски, така и за подобар поглед и подобри седишта. Иначе картите одма ќе се пуштеа во продажба, но сигурно овие најубави блокови во средина се продадени на семејства на играчите, на бивши играчи и слично. И затоа јас не памтам откако има нумераицја на седишта да сум зел 3 и 4 блок на јужна или тие у средина што се на север.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom