Квалификации за европските натпреварувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
А ако играат Прага,Ајакс и Фенербахче секоја година загарантирано,ќе се доближат до квалитетот?
Исто ко Вардар што напредуваше најверојатно.
Никогаш нема да се доближи никој ваков тим.
Фудбалот е игра на пари и тоа е тоа.
 
Значи Интер и Валенсија можат да стигнат до 1/2ф или финале? Да ти верувам на збор, бидејќи не ми се познати многу тие екипи.
Поентата е што парите ги насочија кон 4-ти во топ-5 лигите наместо кон прваците на лигите од вториот ешелон кои најмногу изгубија од овој систем, порано Порто или Ајакс можеа да бидат шампиони, Шахтјор и Зенит да освојуваат ЛЕ, Селтик или Ренџерс да одат до финале, денес е тоа веќе невозможно и се повеќе ќе станува невозможно, освен некој fluke еднаш на 10 години како Ајакс што беа во финале на ЛЕ пред две години.

Па со малку среќа и добра игра можеби и ќе стигнат. И оваа година ретко кој очекуваше Рома и Ливерпул да стигнат толку далеку, па еве и тоа се случи.

Инаку за парите УЕФА одамна ги насочува како им одговара. Одамна на нив главен им е профитот. Тука додај го и тоа што ретко кој инвеститор би вложил во клуб од Португалија или Холандија. А и цените на трансфер пазарот во последните години нереално експлодираа, па најголемите таленти се купуваат од големите и моќни клубови. Факт е дека се создаде голем јаз и за тоа има многу фактори.

Ама кога веќе тој јаз е создаден, нема потреба да се разводнува квалитетот во ЛШ. Сепак секој фан сака да гледа интересен и квалитетен фудбал.
 
Последно уредено:
DkkzI4lWwAAcI3B.jpg


Елмас повторно стартер. Бенфика победија во првиот натпревар 1:0.

Победникот од овој натпревар игра во плеј-офот со победникот од ПАОК - Спартак Москва
 
И АЕК и ПАОК во плејофот. И тоа АЕК има добра шанса да влезе во групите пошто игра со МОЛ Види. Инаку доста неизвесни дуели се погодија во плејоф. Ајакс со Динамо Киев посебно.
 
Дуделанж - Клуж 2-0.
Луксембург ќе има претставник во ЛЕ.:eek:
 
А бе ај која ти е споредбава. Правиме муабет за Луксембург. :D
Истиот тој Луксембург што ја тепа Македонија во нивниот последен дуел. :) А во претпоследниот, едвај ги победивме со гол во 92ра минута...
Сигурно и лигата не им е послаба од нашата.
 
Лорд Бентнер ја скинал Шкендија бе... :D

Ова за Дуделанж е стварно интересно, мада не ме чуди. Веќе сите напредуваат па и Луксембург. И репрезентацијата веќе не им е толку лоша, знаат и да победат чат-пат. Не дека се некоја сила ама барем веќе не се во рангот на Андора и Сан Марино.
 
:cuc: :cuc: :cuc:

Сва среќа лани до 1/2 финале на ЛЕ стигнаа инаку Салцбург е УБЕДЛИВО најлузерската екипа во Европа.

Ама убедливо.

Мислам Вардар/Шкендија попрво ќе влезат во ЛШ него ли овие..

Без разлика дали сега ќе дадат трет гол или не морав да пишам ова..

Претерано претерано лузерска екипа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom