Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.269
- Поени од реакции
- 8.254
- Возраст
- 43
Грешка си дека не сум слушнал за Биркиркара и Портдаун. Од многу мал следам фудбал (добро тогаш Ју лигата подоцна и нашата македонска и посилните европски првенства) а како што раснев почнав да се интересирам за екипи од вакви мали првенства. Колку сакаат нека се организирани триумфот на Портдаун му беше прв на домашен терен во еврокуповите и тоа токму со македонска екипа. За Биркиркара, што да се каже кога и самите биле убедени во два убедливи порази а на крајот несреќно се елиминирани. Ај ние што сме ги потцениле ама и самите ли се потцениле со очекувањата од двомечот? Ова со организираноста ме потсети како нашите репрезентативци се вадеа по поразот од Луксембург. Демек Луксембург имал услови а ние сме немале. Како немаат услови кога ќе им дојде некоја рендом европска репрезентација и ќе им стегне 7-8 гола? Само во споредба со нас имаат услови?Не знам што подразбираш под поимот „аматерски“ клуб. Мислиш дека се собираат само за утакмица?
Најверојатно за аматерски ги сметаш сите клубови за кои не си слушнал ништо до сега. Ни јас немав слушнато за нив, ама ете некако се нашле во групата на носители во УЕФА. Кладинилниците лупнаа мали коефициенти за Металург, како да е Реал во прашање а не некоја екипа што само трет пат игра во Евро купови.
http://www.birkirkarafc.com
Клубов е подобро организиран од многу наши клубови. Можеби и од Металург е подобро организиран.
Додека ние гледаме фудбал на ТВ, сите земји не прошишаа и за жал ќе има се помалку екипи што ќе може да ги сметаме за аутсајдери. Кај и да е само Сан Марино, Лихтенштајн и Андора ќе имаат послаби клубови од нас. Сите други се најмалку на наше рамниште ама ние ќе се правиме фаворити кога ќе ни падне некој од Узбекистан или Малта и ќе се нервираме ако не ги растуриме со 5 гола разлика.