Квалификации за ЕУРО 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.366
Ок, поради тоа што квалификациите веќе започнаа со мечот Казахстан-Шкотска, време е да се направи тема за квалификацииве (ако веќе има избришете ја оваа, ама јас не најдов)

Да бидам краток:

Постојат 10 групи. Пет од нив имаат пет учесници во нив, а остантите имаат по шест. Првите две од сите групи одат на Европското Првенство кое ќе се одржи во...Европа.

Освен преку квалификациите, репрезентациите може да се квалификуваат за ЕП преку Лигата на Нации. Ама за тоа си има своја тема.

Тоа што треба да го знаете за македонската северномакедонската националната репрезентација е дека многу веројатно ќе играме против Косово во 1/2 финалето од лигата на нации и главната шанса за ЕП ќе ја имаме таму. Сепак, групата во која што се натпреваруваме е поприлично добра, така да да се надеваме дека нашите фудбалери ќе успеат да стигнат до одличен резултат на овие квалификации

1543786351770

ЗА КОГО?
:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Ма Шкотска се идиоти.
Има уддел и тоа..ама 3-0 пораз е богами сериозна работа.

Ај баш да видиме понатаму како ќе се одвива групава..

Со Белгија како главен фаворит ќе биде интересно некој ако може да влезе во борба за второ место од послабиве екипи
 
Има уддел и тоа..ама 3-0 пораз е богами сериозна работа.

Ај баш да видиме понатаму како ќе се одвива групава..

Со Белгија како главен фаворит ќе биде интересно некој ако може да влезе во борба за второ место од послабиве екипи

Тешко. Кипар и Казахстан се можеби и полоши од Македонија.
Русија е тука, а и еден пораз на Шкотска не значи ништо.
 
Вака кога ја гледам нашава група, мислам дека можеме конечно да идеме на едно големо натпреварување. Квалитетни репки се и Австрија и Полска, ама мислам дека можеме да им собереме по некој бод.
 
Барди во Шпаниј, Алиоски во Премиер ќе игра, Ристовски во Португалија, Елмаз важи за еден од најголемите млади таленти. Ама, Пандев на 35 години е Меси за сите. Која класа и елеганција човече, го има измислено фудбалот за сите во репрезентација. Штета за Македонскиот фудбал ако не одигра барем една сезона кај нас пред да се пензионира.
 
Штета за Македонскиот фудбал ако не одигра барем една сезона кај нас пред да се пензионира.
Многу е можно да се случи ова ....Неговиот клуб е пред Европа,ќе изигра упте една/две сезони во Италија и веројатно ќе изигра зависи како се А.Пандев.....[DOUBLEPOST=1553204163][/DOUBLEPOST]Па нека се заебаваат имбециливе,никогаш немаме дисциплина и организација ......
 
Последно уредено:
Словенциве нерешено со Израел...интересна ќе биде групава у ПМ..

Ај да видиме што ќе направиме во недела, ако извадиме бод би било предобро, сепак словенциве и не се во некоја опасна форма...
 
Словенциве нерешено со Израел...интересна ќе биде групава у ПМ..

Ај да видиме што ќе направиме во недела, ако извадиме бод би било предобро, сепак словенциве и не се во некоја опасна форма...

Predobro bi bilo da pobedime.
 
Чекајте малку другари....Лига на Нации за што се игра?
Овие квалификации се за Европско 2020, а Лига на Нации за што е?

Кој е домаќин на Европското првенство 2020?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom