Ангелика Бер: Изјавата на Кушнер е глупава и неприфатлива
- Сите жители на балканскиот регион имаат право да патуваат слободно. Ниту Грција, ниту која било држава или организација немаат право да ја блокираат слободата на движењето - додава Бер
Според неа, спорот со името е тотално апсурден и ги блокира сите напори на Македонија.
- Ја поддржувам одлуката на македонската влада да поднесе тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Европската Унија и меѓународната заедница мора да ја натераат Атина веднаш да престане да го користи своето вето врз влегувањето на Македонија во меѓународните институции, вклучувајќи ја тука и Европската Унија - вели Бер.
Според неа, моменталната атмосфера што се создава против Македонија е контрапродуктивна на повеќе полиња.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=260&ArticleID=13307