абе џабе ви се и ножеви и пеперспрејови и триста чуда.. во момент кога си нападнат мозокот инстинктивно размислува на бегање , или во некои случаи не функционира и се стаписува од паника.. тогаш се прават грешките.. Доколку почнете да тренирате нешто , да речеме Џит кун до (подолу ќе објаснам зашто) вашиот мозок ќе се научи да ги следи работите околу вас , ќе ви даде поголема самодоверба да поминете по темни предели и да не се плашите од сумњив тип на улица.. Тоа што ќе носиш ти нож , и спреј или боксирач , нема да ти помогне , бидејки додека го извадиш од џеб , дур го отвориш , ехехеее, време ќе помине , а за тоа време можеш да настрадаш. Доволно оружје се твоите раце и твојот мозок.
Џит кун до-то го препорачувам за сите оние кои што имаат недостиг од самодоверба , кои се физички немоќни и едноставно сакаат да знаат како да се одбранат. Се изучуваат стрит фајт техники , значи каде што се е дозволено (за одбрана) убод со прсти во очи , удари во гениталии , гризења (има 300 и кусур места на човековото тело каде што ако се гризне се прави голема штета , крварење и останато) употреба на објекти за одбрана (шишиња , столови , гранки и останато) а воедно се тренира телото и умот.. умот особено да не се плаши да биде нападнат , да реагира следствено на нападот а не панично , да го антиципира нападот и да побегне/ одбрани / избегне.
Само тоа ви помага, дури и против поголема група напаѓачи. (од лично искуство зборам , после година ипол тренирање џит кун до)
допуна. Инаку се изучуваат начини на одбрана од разни оружја , нож , шише , пиштол , пушка , стол и така натаму.