Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некое време почнав да правам мобилна апликација со Flutter за следење на пратки преку Македонски Пошти поради лошото искуство при следењето на пратките преку нивниот сајт. Апликацијата ја именував како Trackle.mk, и конечно е пуштена за review на AppStore и Play Store.
Од функционална гледна точка, работите стојат вака:
  • нема потреба од никакво регистрирање, најавување и такви работи, едноставно ја симнете апликацијата и можете да ја користите
  • сите податоци се чуваат на вашиот уред, и не се препраќаат никаде настрана кон некој трет сервис или нешто слично
  • нема реклами ниту премиум работи кои би се купувале
  • повеќејазична е, преведена е на Македонски, Англиски и Албански
  • на екранот за добредојде можете да прочитате за дел од функционалностите
  • има темна и светла тема
  • можете да додавате пратки преку нивниот tracking number, да додадете опис, и линк до продуктот од Aliexpress од каде ќе биде земена слика за истата (сега за сега работи само со Aliexpress, во иднина ќе гледам да додадам и собирање на слики од, ASSOS, AMAZON, EBAY и слични сајтови, фидбекот тука е повеќе од добредојден)
  • можете да ги менувате описот и сликата на пратките со swipe кон десно за edit, и swipe кон лево за delete
  • може да пребарувате низ пратките по tracking number и description, при пребарувањето латиничните букви се мапирани во кирилични, па така доколку имате пратка со опис "Kamera" а пребарувате за "Kamera" пратката ке ви биде прикажана како резултат
  • статустите за следење кои ги враќаат од API-то на Македонски Пошти, се мапирани во нешто поразбирливо, барем пробав, а ќе гледам во некоја наредна верзија дополнително да ги подобрам и преведам, ама за тоа ќе треба да идам до некој во пошта убаво да ми објасни кое што значи.
  • десно во листата имате индикатор кој е обоен со зелено доколку пратката ви е спремна да ја земете во пошта, малку поголем индикатор кој покажува каде е вашата пратка во моментот, дали патува некаде надвор од мк, дали патува од царина или склад кон пошта, или е во пошта.
  • и доста други ситници кои може сами да ги истражите.

сега за сега имам најдено неколку ситни багови, кој ги приметив откако ја пуштив за review:
  • има опција pull to refresh, со повлекување на надолу на листата со пратки кое ке форсира ажурирање на статусите доколку имате потреба од нешто такво, и кога истото ке го направите, сликите од пратките ке ви ги снема, се што треба е да ја рестартирате апликацијата, и сликите ќе се појават повторно
  • има опција за да ги подредите пристигнатите пратки на врвот од листата, и доколку избришете некоја пратка, пратките ќе се измешаат, и овој проблем се решава со рестарт на апликацијата, или да ја исклучите и вклучите опцијата повторно од app drawer-от каде што имате и дополнителни подесувања
за некоја идна верзија планирани се подобрувања, и воведување на нотификации, но за да има нотификации ќе мора да има регистрирање и најавување во апликацијата, и план ми е тоа да биде опционално, кој сака да користи нотификации да си се најави, а кој нема потреба од нешто такво, слободно да си ја користи апликацијата.
планирам да додадам и home widget, кој ке можете да го додадете на вашиот екран и да ги следите пратките без да влегувате во апликацијата.

Инаку апликацијата ја правам како подарок за сите кој планираат да ја користат за првиот роденден на мојот син Марин (03.09.2023).

Кој може нека ја проба и нека сподели фидбек.

Поздрав :)

Кој сака да ја проба веднаш, можете да ја пробате преку TestFlight за iOS на следниот линк.

Прегледај го приврзокот 389809
Официјално одобрена и достапна на iOS Appstore, а за некој ден најверојатно ќе биде одобрена и за Android на PlayStore:
 
Официјално одобрена и достапна на iOS Appstore, а за некој ден најверојатно ќе биде одобрена и за Android на PlayStore:
Odlicna rabota i bash mi e milo shto nekoj od Mk napravil neshto korisno!(y)

Pishi koga ce ja ima na Playstore da ja simnam!
I dali raboti so Aliexpress ako pratkata e za Germanija?
 
Ме интересира како Македонски пошти гледаат кому ќе му ја донесат пратката во сандаче а кому ќе му остават картонче?
Во повеќе наврати имам нарачувано маски за телефон, кои ги собира во сандаче (а и го оставам отклучено за да им е полесно да ги бутнат), и упорно ми носат картонче да одам во пошта. Тоа и не е проблем, ама така се лошо организирани, на картончето стои “подигнување од 11.09“, одам јас на 13-ти, таа ми вика вреќата со пратки не ни е доставена, дојди утре“.

Освен тоа, стои подигање од 7 до 19 ч., а таму опнале “подигнување пратки од 9 до 14:30“. 3 пати одев за една мочана маска.
 
Paketi se dostavuvaat so potpis!
Znaci ako ne si doma ima kartonce .
 
Paketi se dostavuvaat so potpis!
Znaci ako ne si doma ima kartonce .

Дома сум, работам од дома, ниеднаш немаат ѕвонето, директно оставаат картонче.
Ова зборам за Aliexpress и iHerb.

А од Ebay секогаш ги носат до пред врата.
 
И мене некогаш ми ги оставаат пакетите во сандаче некогаш ми оставаат картичка да одам во пошта да си ги земам, некогаш ми се јавуваат на телефон дека е пред влез да се симнам да ми ја предаде пратката, ова се 3те опции по кои до сега ми доставувале пратки од пошта,не знам по кој критериум одлучуваат кој пакет како да го достават.
Некогаш сум имал пакети со поголема вредност ми го оставале во сандаче, некогаш некоја маска или глупост од 50-100ден сум ги подигнувал од пошта.
 
Здраво на сите, дали има карго или некој што носи пратки од Србија во Македонија? Ви благодарам
 
Прашање: Кога бев да подигнам и платам царина за пратка стигната од Кина пратена преку УПС, на царина Петровец платив со картичка (единствен начин за плаќање) при што на терминалот/апаратот за картички требаше прво да го внесам мојот матичен број, па цариникот внесе некој број, па тек после требаше да внесам Пин број од картичката за да платам.

Нормално е ова да внесуваш матичен број на терминалот за плаќање со дебитна/кредитна картица? Прв пат го гледам ова и ми беше чудно. Обично внесуваш само Пин.

Некој со слично искуство?
 
Значи трет пат ми стигнува пратка од Кина преку УПС (еднаш ФедЕХ) и по трет пат одбиваат да ми ја достават, поради тоа што треба да платам царина. Но одбиваат достават и од кога царината е платена.

Морам да идам сам да и ја земам. Одозгора на тоа треба уште да им платам 1000 денари зошто им стоела во магацин кај нив.

Ваков однос само кај нас имаат или нормално е ова секаде во светов?

Зошто се они логистичка компанија? Зошто секогаш треба да одам сам да си подигам пратки кои треба они да ми ги достават?

Зошто ставаме адреса за достава на пакетите а не тераат сами да си ги подигаме?
 
Зошто се они логистичка компанија? Зошто секогаш треба да одам сам да си подигам пратки кои треба они да ми ги достават?
Затоа што како и многу други пред тебе (и после тебе) сега ова срање искуство нема да го изразиш во еден сочен маил што ќе го испратиш до УПС, Федекс, итн.
Следствено на тие што носат одлуки во Федекс/УПС/итн не ги интересира какви разбојнички банди во нивно име оперираат во МК. Не се додека им капнуваат парички, ти и да ја вратиш пратката поштарината веќе си ја платил а другото и не ги интересира.

Инаку за еден маил ти треба отприлика исто толку време колку за еден пост на форумов... Па сега ти види што треба да направиш, и што ќе направиш.
 
Да не испадне дека пишувам само кога треба да се критикува. Значи УПС ми ја доставија пратката до дома после платената царина. Сепак позитивно искуство на крај
 
Здраво на сите, ме интересира книга која што е од Awesomebooks, цената е 63 евра заедно со испорака преку стандардна пошта. Дали некој знае колку би изнесувале вкупните трошоци (данок, царина)?
 
Здраво на сите, ме интересира книга која што е од Awesomebooks, цената е 63 евра заедно со испорака преку стандардна пошта. Дали некој знае колку би изнесувале вкупните трошоци (данок, царина)?

Стока испратена од странство од правно лице (компанија) во помали пратки со писмо или поштенски пакет која ја прима физичко лице кое живее или има одобрен престој во Република Северна Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 ЕВРА во денарска противвредност, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.

Доколку вредноста на стоката е од 22 до 90 евра, истата е ослободена од плаќање царински давачки, но подлежи на плаќање на ДДВ.

Значи ќе треба да платиш само ДДВ 18% околу 600-700 денари на тие 63 евра
 
Dokolku bidi kako takva deklarirana!
Ama ako ja deklariraat kako podarok ili so vrednost 20€ ce si pomini bez davacki.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom