Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој има искуство со он-лајн нарачка од Sports Direct и испорака во Македонија? На сајтот имаат опција за испорака во МК по цена од 11.66 фунти, која веројатно зависи од големината/тежината на пратката.
 
Јас, што те интересира поточно? :)
 
Време на испораката, битно ми е поради патување надвор од МК.
Колку што пишува во delivery time, кај мене пишуваше 3 дена и за точно 3 стасаа :) не е ова Алиекспрес, не се секирај, почитуваат рокови.
 
со dhl праќаат? нема непријатни изненадувања со нашиов dhl?
 
Океј е но ако го пречекориш лимитот (45 евра) освен царината нели, ќе мора и некои глупи трошоци од 700-800 денари као документација, бла бла бла да им ги платиш на ДХЛ.
 
Дали во сумата за царина се рачунаат и трошоците за достава?
Примив пратка преку ДХЛ што беше над 45 евра и, јасно, беше за царинење. При пресметка на трошоците за царинење од ДХЛ ми ги вклучија и трошоците за достава, а во фактурата што е испратена од фирмата јасно си пишува "Freight cost not to be included in grand total".
Знам дека и да сум во право нема шанси од ДХЛ да ми вратат пари, ама чисто за морална сатисфакција, се вклучуваат или не се вклучуваат трошоците за достава во сумата за царинење? Зашто ако се вклучуваат тоа би било крајно дебилно, цената на производот е таа, без разлика колку кошта достава. :toe:
 
со дхл во мк нема шанси. бегајте од тоа.

вакви теми има и на други форуми
 
Дали во сумата за царина се рачунаат и трошоците за достава?
Примив пратка преку ДХЛ што беше над 45 евра и, јасно, беше за царинење. При пресметка на трошоците за царинење од ДХЛ ми ги вклучија и трошоците за достава, а во фактурата што е испратена од фирмата јасно си пишува "Freight cost not to be included in grand total".
Знам дека и да сум во право нема шанси од ДХЛ да ми вратат пари, ама чисто за морална сатисфакција, се вклучуваат или не се вклучуваат трошоците за достава во сумата за царинење? Зашто ако се вклучуваат тоа би било крајно дебилно, цената на производот е таа, без разлика колку кошта достава. :toe:
Да, сумата за царинење ги вклучува и поштенските трошоци. Без оглед дали пратката оди преку ДХЛ, Федекс, обична пошта или на друг начин. А данокот се додава и на царинските трошоци. Така е за да се избегнат манипулации со префрлање на вредноста на производот на поштарината.
 
Дали некој има искуство со купување од stockX или Goat и ако да како иде со шипинг царина..
 
Дали знае некој зошто при секое плаќање на Aliexpress ми се јавува ова: "The products in your shopping cart is/are not available for order". Но кога ќе влезам во "My orders" и кликнам на "Pay now" плаќањето поминува.
 
Порачав слушалки отприлика 70 евра, ќе треба ли царина да платам?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom